Можеби и убаво да стои ама не би се осмелила да ставам, од кармин сакам боја како кожата , нешто боја на праска или светло розов
Обожавам црвен кармин некако секси и заводливо ми е и има некој посебен ефект.Користам црвен кармин го комбинирам јајчесто со поелегантни парчиња така личи на секојдневна комбинација не одговара баш
Го обожавам,а и ми имаат кажано дека многу убаво ми стои.За дневна варијанта поретко,но затоа навечер ми е стандард и препознатлива сум по него И тоа баш онаа жар црвена(најмногу ја сакам)..во комбинација со црн туш..
Не сум љубител на драчливи бои и не ставам црвен кармин. Инаку имам видено девојки со црвен кармин што стварно убаво им стои и знаат добро да го искомбинираат со облеката. Сепак на девојки со светол тен им стои многу подобро него ли на девојки со потемен тен.
Црвен-не Бордо-може. Не сум ставила преку ден,често навечер. Но,не би ми било проблем,обожавам бордо кармини
Јас имам ставано црвен кармин и преку ден и преку ноќ, но само за излегување или за некоја прослава. Не би ставила за на училиште, но сепак мислам дека зависи од нијансата, односно колку е нападен и дречлив. На пример мат црвен кармин е добар избор.