1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Успешни стории

Дискусија во 'Диети' започната од Aquarius.o, 6 јануари 2011.

  1. simonaspase

    simonaspase Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    10
    За една недела ослабев 5 кг... Не јадев леб , благо ....... итд... поточно јадев само ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ...
    Друго ама воошто ништо....

    Испробано е :)
     
    На tigrica92 и a.nuska им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Ослабев од вита диет, издржав проклета година и пол... Ама, како маче се направив. :D Додуша, крупно и високо маче, ама сепак. Ослабев некаде 20тина килограми, и кога стрелката застана на едно место, веќе не се помрдна. Ми се чудеа таму на крајот, како тоа се придржувам - стварно се придржував - и не слабеам. Тогаш се разочарав - мојата најскелетна фаза во која јас сум коски и кожа :rofl: - и престанав. Што пиев лекови, сите ми ги тргнаа. Да напоменам дека и покрај примање на терапија, исто и на диане35, успеав да ослабам. Значи, се се сака ако се може. :)

    После, сторија сама за себе. Јадење, јадење, јадење. Што да ви расправам. Си ги вратив не 20, туку 30. :tmi: Си ги вратив и сите терапии. Па ајде депресии, шокови, плачки и слично. :D Едно време па, ич не ми беше гајле што и како, си јадев се, убаво ми беше на душичкава. Амаааа, кога отидов на контрола, стрелката на вагата покажа број од кој јас почнав да плачам - 96 килограми :o . Јесте дека сум височка - 174, ама што е многу е многу! :!:

    Е тогаш, како некој да ми удри шлаканица. Земав, вежбав, јадев здраво и правилно... и веднаш ги симнав 10тина кила. Тоа беше пред една година. Дека годинава сум матурантка, се ставив пак на построг режим и симнав уште 8. Не сакам да бидам скелет, но имам уште барем 5-6 додека си ја исполнам целта. :$

    Заклучокот на крај - Додека ти САМ не си решиш дека ВРЕДИ да бидеш згоден и да се чувствуваш убаво, тогаш ниедна диета не ти помага. Мене слабеењето ми оди претерано тешко, но, морате да си најдете режим кој одговара на вашето тело. Јас скроз ги исфрлив од исхраната соковите и лебот. Благо јадам само на некој посебен настан, ама да ми дадат милион долари, сок не би пиела никогаш повеќе.

    Тешко е во денешно време да се храниш здраво и правилно, прво во поглед на време, потоа потребни се финансии за секој ден да имаш брокули, меса и слично. Тешко е и поради сите хормони со кои ја пумпаат храната и се почесто гледам предебели деца. Ама дефинитивно најтешко е да си ја убедите свеста дека не сакате да бидете веќе со 10+ кг. ;)

    едит : damn, со приказнава како тие од дискавери травел & ливинг се чувствувам. :rofl:
     
    На CarrieBradshow, Ladu in pink, MG3 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. bibiii

    bibiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Jas koristam proizvodi od edna kompanija za zdrava ishrana koi se vklucuvaat vo programi za ishrana vo zavisnost sto sakas da postignes.Jas sum na programa za slabeenje i oslabnav za 20 dena 5 cm vo obem a za kilogrami ne sum se izmerila uste .Proizvodite ne se skapi vo niv gi ima site potrebni sostojki i se mnogu vkusni ...dokolku sakate da oslabete a da nemate jojo efekt togas probajte zdrava ishrana zatoa sto samo taka nema da vi se vratat kilogramite...(imam probano :) )
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Избришав еден куп оффтопици.Во иднина пишувајте само успешни приказни за слабеење,а се што ве интересира додатно прашувајте по лп или ако ви се допаѓа стискајте ми се допаѓа.Нема потреба од размуабетување.
    И не правете мега тема,ако имате некоја диета,прво побарајте дали ја има во подфорумов,ако ја нема,отворете нова тема и пожелно е таму,на таа тема да ги пишувате позитивните или негативните искуства со истата.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Јас малку ќе отидам офф топик али ај да не должам. Денес ми е течен ден, досега ослабев 4 килограми во рок од некои 19-20 дена а до крајот на месецот најверојатно ќе ослабам барем уште 2 бидејки на секои 6 дена слабеам по еден килограм. Е сега, проблемот кај мене е во тоа што мене ми се брза |( За четири месеци сакам да ослабам повеќе од 25 килограми а тоа е речиси невозможно со оглед на тоа дека сум на здрава исхрана. Но навистина сакам тоа да се случи :| И само со диетава од прилика (според моето сметање) за 4 месеци само со здрава исхрана ќинам 23-24 килограми, а сакам да ослабам бар уште едно 5-6 дополнително. Знам, премногу оптимистично од моја страна но навистина имам премногу вишок. Ве читам и си викам камо мене да ми беше проблемот за 3-4 килограми :doh: Па сакав да ве прашам дали може плус со физичка активност ако вежбам по 60 минути секој ден, ако вртам хулахоп околу половината да ослабам толку? Одговорете ми, навистина би ви била благодарна!
     
  6. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    (Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

    Еве ја мојата успешна сторија :)
    Пред 1 година исто месец јуни се сликавме,цело друштво,заедно..Кога ги видов сликите видов дека штрчам меѓу сите таму и си реков - Зошто па јас да бидам најдебела,како можат тие можам и јас.
    И летото,таман за распуст,слободна се фрлив на диетисување.Симнав од тогаш до сега цели 26 кила т.е од 88(мојот врв :tmi:) до сега 62 кила.Со оглед што сум висока 175 ова е мојата идеална тежина.Додека порано,мојот доручек беше четвртина бурек со јогурт или кифла со крем или паштета со сиренце,од тогаш кога решив да бидам да диета мојот доручек го сочинуваа житарки со млеко,овес со јогурт(обично кога не ми се јадеше,земав да јадам ова и одшто ми беше гадно не го дојадував :D ..А чудно пола шоља јогурт со овес како најадува,на пример повеќе од кроасан :^) )или пак овошје со нешто благо(банана средна по раст и еден ред црно чоколадо..Ова беше од диетата што ја имаше постирано Ирена) и ова многу ме најадуваше..Или кога телото ми бараше малку повеќе јадев печени лепчиња со варено јајце и сирење..Ужинки имав двапати во денот и тоа обично беше лубеница или диња..Ручекот да напоменам ми беше тоа што има дома,единствено избегнував пржени работи..Друго се и тестенини и месо(впрочем секој ден во ручекот вклучував месо)и компири и зеленчук..Значи се си јадев,со едно парче интегрален леб.Е,сега вечера немав ама ако ми се јадеше баш многу си поткаснував на пр. интегрални грисини или Тропикал бар од ВИТАЛИЈА(тогаш само тоа го имаше).Вежбав 3 пати неделно,кога повеќе,кога помалку,но просечно 1-2 саата неделно.Правев вежби од ЈуТуб и вежбав на орбит рек.
    Ослабев,ете со нормално јадење,никако сторги диети или пренапорни вежбања,едноставно почнав да се хранам нормално.Крвта не ми ослабе,само хормоните ми беа на ниска граница,ама и тоа се регулира и сега се е во ред,и линија и здравје.Пу,пу,пу да не се подречам. :D

    Се надевам ве мотивирав,да продолжите и да го постигнете мојот успех.. :)

    Едит.
    Морам да ја искарам Лилит,за се ни вика нездраво било... :D Па не сме тревојади да јадеме само трева..Мора на организмот му треба енергија..Не се живее од зеленчук!
    Остај не малку да поуживаме,зашто жими се јас а прочитам нешто на форумов,си го сфакам здраво за готово и ептен сум инат..Нејадам и точка.
     
    На LolytaS, Daisy.E, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  7. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Хехехе пред 5 години толку се здебелив, право прасенце станав... Кој и да ме сретнше лелеле ама си се поправила бла бла и ми мавна во психа тоа. Решив ќе ослабам па што сака нека биде.
    Го исфрлив лебот и благото целосно, секој ден возев велосипед по 1 саат, пиев мнооооогу вода и јадев салати мн салати хехехехе
    И со ваков режим за максимум 2 месеца симнав 15 кг лелелел колку бев среќнааааа... Ама ете се запишав на факултет и фатив дечко и си ги вратив, затоа сега се вратив на истиот режим за да имам уште една успешна сторија.... се надевам дека ќе успеам :)
     
    На gaga.rocks му/ѝ се допаѓа ова.
  8. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Мојата сторија е едноставна,имав многу повеќе килограми за моите години и најтрагично беше што воопшто тоа не ме засегаше но со самото време и годините почнаа да ми смета,и реков доста беше,одпрвин почнав со постепено намалување на храната,почнав да бидам физички многу поактивна и на крај навистина има видливи резултати кои сите луѓе го забележуваат.
    Треба само цврста воља и кога ќе речеш еднаш и готово.Ќе ставам слика за да ја видите и разликата многу сум сменета и во личниот опис но поради тоа што форумот е анонимен не се осудувам да си го ка=ам своето лице,иначе овде од дуксерката не ми се гледа стомакот и градите иначе сега имам скрос рамен стомак :!:
     

    Прикачени фајлови:

    • lol.jpg
      lol.jpg
      Големина на фајлот:
      188,9 KB
      Прегледи:
      934
    На CarrieBradshow, LolytaS, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Успешна сторија ....

    Другарка од основно, можеби тежеше 100 килограми а ниска е ептен, едвај се движеше уште тогаш.
    Вчера кога ја видов ... ме удри шок. Дали има 50 килца на неа ... Каква девојка станала едвај ја препознав.

    Ама две години се држи до режим. Си дозволувала грешки, ама знаела и да ги редуцира :lol:
    Така ми рече :rofl:
    Алал да и е жими се. Дури срам ми падна зашто толку сум подебела од неа. :tmi:

    Еве уште неколку успешни стории од шоуто д бигест лузер. :)
    http://www.demotivation.us/everyone-can-change-1250031.html
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. wildfire

    wildfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    за слабеење само не јадење му е мајката!!! :D

    ова од нај нај нааај големо искуство свое го кажувам! ма сум пробала се од апчиња за намалување на апетит до медобилови до секакви третмани во салоните!

    еве сега се решив, повторно се ставив на режим! пазам како ја комбинирам храната (не мешам јаглехидрати со протеини итн.) и мајка ми ми рече дека било убаво чај од нане да пијам па ете и тоа го пробав :D

    инаку немешањето на типови на храна и вежбањето се најдобар лек според мене! :)
    книга што препорачувам да ја прочитате е "ZDRAVI I VITKI" od Harvey&Marelyn Diamond. На српски ја има, не знам дали ја има на македонски. Околу 200 денари беше јас кога ја купив пред година дена.


    а за вежбање не мора да одите во фитнес центар! пуштете си дома музиче и денсајте, ем убаво ќе се осеќате ем губите калории! :) :)
     
    На sweet.time му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас како помала бев полничка, па дури и дебела. Во 7мо одд имав 165-166цм, а тежев 68кг и ми беше многу, само стомаци и гушки бев. Нормално, прво нешто што го направив беше "диета" со нејадење. Дневно јадев по 1-2 праски или по 1-2 патлиџани, вода не пиев ич за да не ме дуе, кога ќе ручаа дома моите јас никогаш не јадев. Како резултат на тоа си направив еден куп проблеми-цело време бев омалаксана, изнемоштена, сила немав воопшто, ми се вртеше, ми се стемнуваше пред очи и кога станував и кога стоев, ноктиве ми се кршеа, кожава ми беше бледа, подочници имав до колена, капилари почнаа да ми пукаат, си ја пореметив и столицата
    2 недели немав одено во вц
    и се така едно по едно си доаѓаше, а јас не слабеев, но умот не ми идеше. Се свестив кога видов мака. Отидов на лекар и докторката ми рече извесно време да јадам течна храна - манџи, овошје, зеленчук, природни сокови. Ми препорача насабајле нагладно да пијам по 1-2 лажички сируп „ Порталак“, да каснувам 2-3 лажички мед или слатко/мармалад, да пијам по 1 чаша топла вода и да јадам по 1 овошка (јаболко) за да ми се размрдаат цревата. Ова го правев 3 месеци ( а потоа продолжив исто, но без сирупот) и паралелно јадев течна храна, каснував и по 1 парче леб, благо, месо, но претежно јадев продукти богати со целулоза. Oткако почнав да го применувам тоа, резултати имав за 2 недели, ем подобра без ем подослабната. Потоа се запишав и на играорна, па бев и физички активна. Во тие 3 месеци(од септември до Нова Година) јас бев ослабена, и тоа видно. Почнав и се да јадам, дури и ќе помешав храна некогаш, но продолжував да слабеам. Си го променив целиот метаболизам. Во мај, 1 година после мерењето кога имав 68кг, пак се мерев и имав 56кг т.е. 12 кг помалку. Како нов човек бев. Алишта можев без проблем да си најдам, стомачево ми беше рамно, рацеве слабички, и јас имав линија на телово. Луѓе што ме немаа видено подолго време, не можеа да ме препознаат. И јас бев горда на себе - ем ослабев ем си го подобрив здравјето. Оттогаш сум се здебелувала и сум ослабнувала, но секогаш се држам до здравата храна, многу течности и физичка активност.
     
    На Ema.Sk и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Јас единствено што направив е тоа што го откажав лебот. Немам леб каснато можеби една година и ослабена сум 10кг. Можеби не е многу за една година ама пак се друго си јадам. Зависник сум од благо. :inlove: Физички сум активна само на орбитрек по 20мин неколку пати во неделата. И, сега супер ми е ни стомаче имам ни ништо. :rofl:
     
  14. Fasty

    Fasty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Реална слика за тоа што представува диета !

    Искрено ме фати жал за профилот хахах :lol: кога си помислив..еј добро јас активен на кајгана форум али што е со фемина ?! реков да добацам малце на активност овде
    Луѓе вака..денеска сме совршени креатори на диети .. |( во неколку наврати спомнав дека бев вработен во една нутриционистичка компанија за здрава исхрана.Сакам искуствата од таму да ви ги пренесам овде.Не се прифатливи сите диети од дневник и незнам кој таму весници и часописи што ги листате женските.Значи колку помалце јадете толку повеќе се дебелеете што не ви е јасно ?! Како ?..епа вака..ти кога организмот си го имаш навикнато на слатки бонбончиња грицки задоволства незнам што наеднаш ќе прочишташ во некое Х списание дека не смееш да јадеш незнам шо и ќе прекинеш нагло со внесување на храна.Но така само штетиш повеќе на себе.Мастите варираат во крвта тогаш и тоа страшно,навечер ќе ви дојде еден нагон и ќе си речете ај бе можам еднаш во денот да јадам и ќе се накркате убаво во 12 и ќе се пупнете во кревет и после женска ми била дебела :devil: :rofl: ..НЕ ..оброкот во денот е најбитна работа и пиењето на вода.Значи за „алкохоличарите“ добар е фактот што се стекнува „кондиција“ за пиење преку што повеќе вода пиење на ЕКС.Значи пробајте да внесувате во себе што е можно повеќе вода на крај на краиштата нема ништо лошо да ви се случи од 1.5 литар испиен во еден здив зашо не е пиво или вино да речеме.Со самото тоа ќе добиете бенефиции на вашиот организам и ќе ја зголемите работата на бубрезите а и ќе можете повеќе да се пијанчите :rofl: . Значи оброк не е она од сендвичарите ... оброк е да си го наполниш ранецот за во школо со овошје со јаболки со цитрони лимончиња ќе си издробиш на голем одмор ич не ти е гаиле што ќе речат незнам што ..баш ти ќе бидеш пример..оброк е нешто што содржи витамини и нешто на база на овошје.Неможам со ова да ги сменам вашите прехрамбени навики но се надевам дека ќе допрам до вас и дека нема да добијам критики во стилот дека сум исфеминизиран...скрае да е :) Значи организмот не е нафвникнат да живее без храна ние не сме камили ние сме верверички што треба да внесуваме минимун 5 пати храна во денот од кој 2 ужинки. И секако тука цигарите одпаѓаат јас сум голем ајнти пушач ..и не дека ги мразам ама не ми е сеедно кога некој пуши бидејќи мирисот кога ќе ми текне и вкусот дека им е одвратен ми се повраќа.Сите знаеме дека има едно чудо хемии и препарати за слабеење и одвикување од пушење.Ама нашата фирма иако имав недоразбирања не и беше задачата само да ви шитка туку и да ви помага ! ако треба детали ИНБОКС !
     
    На CarrieBradshow, marija.hana.una и lackygirl им се допаѓа ова.
  15. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Реална слика за тоа што представува диета !

    [​IMG]

    :D
     
    На zizela111 и Fasty им се допаѓа ова.
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Eве ја и мојата приказна :D

    Kако девојче бев многу слаба,но кога имав 14-15 години почнав да се здебелувам многу,понатака кога останав трудна со 78 кг и на порагај со 100кг :$
    Oслабнав и пак дојдов до 78,но пак се здебелив и мноогу јадев и дојдов до 90 килограми :tmi:
    Cе запишав на фитнес,но не одев многу,додуша и немав време и кола за да одам,почнав нивна исхрана на фитнесов и не ми успеа,потака ослабнав 2-3 кг,ја видов Mедицинската диета и ја почнав од неа ослабнав 2 кг мислам :^)

    E натака се решив дека нема да сум на диети,туку ке си јадам нормално и се ке јадам,само ке се контролирам колку јадам,усвари ке го лажам стомаков,јадам 5-6 пати на ден,но малку :)

    Kе рачунам од април од тогаш почнав да губам килограми,изгубив 19 килограми,сега имам 71,без диети,само јадев во мала количина,нема никогаш да се откажам од храната што ја сакам :$
    Aх и не вежбав многу додека слабеев,и сега не вежбам зависи само 1-2 неделно,некогаш не
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Milica145

    Milica145 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Значи мили мои лепотички све живо и диво сум пробала. Секакви диети, сум правела чаеви, сум пиела апчиња и сфатив дека колку повеќе се ограничуваш толку повеќе јадиш.. Јас последниве два месеци успеав да ослабам 15 кила. хахах па да бе. си јадев се али по еден залак пошо многу се распушив и цигарче и храна ногу не ми одговара. Значи ставам, цигарче и кафе(чат пат) повеќе со чај практикувам а затоа што не сум зависник од благо и не ни имам потреба да ставам шеќер у чај или кафе. После идам до фах , таму пак цигарче и дур коа си идам по едно залаЧе например обично практикувам еурокрем и леб(бел) :) Сок не пијам од никоаш и само вода се поам и кафинја и чаеви. Така да мој совет ви е да не се ограничувате ОВА НЕ ГО ЈАДАМ затоа што штом ќе ја завршите диетата првин на тоа ќе му се истурите и ОП јојо ефект... епа тоа ви е милички. :drunk:
     
  18. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    за мене најуспешна диета е, прво и онсовно да заборавиш барем за неколку недели да се мериш и оптеретуваш околу диетите, наместо да издеш две кришки леб, ти јадеш една на ден на пример, никако јадење послем 20H, пиење зелен Чај и многу прошетки.
    :!: колку повеќе мислиш дека си гладен толку повеќе ти се јаде, колку повеќе мислиш на килограмите толку повеќе стрсови си ствараш.
    тоа за мене е успешна сториа.
     
  19. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    со диетите имав прблеми со мојата 14/15 вознаст,летото кога полнев 15 години ослебнав 4 килограми затоа што неможев да одам во средно со таа килажа,потоа никогаш немав проблеми со килажа затоа што после таа Медицинската диета си го изменив начинот на јадење.
     
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Правилна исхрана! :)
    Нема тука некои филозофии.
    Доручекот во никој случај не го испуштав, ручав, 2-3 литри вода и навечер прошетка.
    Наутро кркам овошје, за ручек јадам тоа што има(се откажав од леб) и од 18 часот ништо не јадам.
    Одам на фитнес, шетам навечер, џогирам... Ниту во еден момент не сум почувствувала глад, изнемоштеност или нешто слично. И од 74 килца се симнав на 63, за еден месец.
    Сега сум супер, уште да се стегнам месецов, таман за нова година :D
     
    На Ema.Sk, SunFlower94 и Ariel им се допаѓа ова.