1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Успешни стории

Дискусија во 'Диети' започната од Aquarius.o, 6 јануари 2011.

  1. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Поради хормонално пореметување достигнав килажа од плус 80.
    Со правилна исхрана, вежбање и трчање успеав да стигнам до посакуваната тежина.
    Денес вежбам за да го затегнам остатокот. Сликовито:

    Пред:


    [​IMG] [​IMG]



    Потоа:

    [​IMG] [​IMG]

    Се што му е потребно на човек е јака волја на долги патеки. Не зборам за онаа пред спиење, кога си припомнуваш дека ќе скратиш од се, а при првото кркорење на црева посегнуваш пред фрижидер. И тие ќе се откажат после пола саат бунење. :)
     
    На Marilyn-Monroe, Rubiii, N.Kety и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Слично како и SexiLy и јас имав поголема тежина од нормалната и благодарение на мојот дечко кој ми беше подршка јас успеав за неполн месец да ослабнам 12 кила со правила исхрана јадев пет пати дневно по малку избегнувајќи благо, леб и газирани пијалоци, секојдневно трчање по кеј, редовно се качувавме на Водно пеш до крстот, пиев доста вода во текот на денот, возев точак, вежбав. И сега едвај чекам да дојде пролет за да почнам пак да трчам и да слабеам и да го обликувам телото како што треба :) Инаку може да се рече дека сега не пазам многу што јадам и баш денеска се измерив не сум се здебелила ниту кило :D
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shlag-so-jagodi

    Shlag-so-jagodi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Зборот „диета“ е интернационализам и во превод означува (ништо друго туку) ЗДРАВА ИСХРАНА. Подолго време се соочував со прекуумерна тежина и синдромот на прејадување. Пробав разни РИГОРОЗНИ диети, се додека не сфатив дека тоа е всушност без ефект. Ја смалуваш килажата, се враќаш на „нормално јадење“, се повторно ја враќаш килажата... И така неколку пати... Со таа разлика што метаболизмот трпи ГОЛЕМИ ОШТЕТУВАЊА. Присутвував и на неколку предавања за здрава исхрана и морам да ви кажам дека сум многу задоволна... Научив работи што многу ми помогнаа да се соземам и да почнам да се хранам здраво... На пример: Дали знаете дека всушност целулитот околу нозете, на стомакот и на задникот не е т.н. САЛО, туку тоа се натрупани ТОКСИНИ од лимфниот систем (учите билогија? :P )? И дека тие не се трупаат од ден во ден; за да избие целулит треба да изминат СЕДУМ ГОДИНИ во нездрава исхрана? Тие и уште некои други СТРАШНИ факти ме натераа да се замислам за мојот начин на живот... КАКО сите се храниме? Се консултирав со нутриционитст и тој ми даде одлична диета .
    Моментално ја држам и многу сум задоволна. Се чувствувам сита, исполнета и досега стомакот значително ми е намален. Исто така вежбам 5 дена во неделата (3 дена аеробик и 2 дена пилатес). Се трудам да се движам колку што е можно повеќе. Верувајте ми, кога се сака се се може!

    Забелешка: На услуга стојам доколку имате повеќе прашања за диетата. :)
     
  4. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Диета - Здрава Исхрана

    Шлагче со јагоди!
    Убаво све тоа што си пишала, иако има темички и за целулит и за здрава исхрана. Мада нема лошо да ни дојде твоето искуство.

    Ајде пуцај диетата, да се просветлат феминките :)
    Давај мени
     
  5. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    да прашам дали некој има искуство со диетата 20 дена
    1 макарони со сирење
    2 ориз со сирење
    3,4,5 пилешко со салата
    6,7,8 телешко со салата
    9,10,11 риба со салата
    .
    .
    .20 ден благо

    мислам оној кој ја држел ќе ја препознае ,ај ве молам мислења ,да не за џабе се трудам
     
    На LadyyGaga му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Успеав да симнам 7 килограми за 7 дена со внимавање во исхрана и кардио вежбање по речиси еден час секој ден. :)
    Наутро јадам јагленихидрати (најчесто овесни снегулки со јогурт кој што има помала масленост), доколку ми се јаде повторно јадам овошје, но се` до 14:00. По 16:00 јадам протеини (печен стек или риба). Се` се готви без сол и без зејтин. Вечерата мора да биде најдоцна до 19:00, а дневно треба да се испијат најмалку 4 литри вода. И сеуште слабеам... :rock:
     
    На CarrieBradshow, LolytaS, Marilyn-Monroe и 7 други им се допаѓа ова.
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас имав, ја држев без никаков прекршок и не ослабев, дали 2, 3 кила.
    Не ја препорачувам.
     
  8. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    очито моето искуство би било далеку од ефикасно, ама метаболизам е тоа..
    едно мое мени: сабајле јаболче и после пола саат појадувам било што (пржени лепчиња, двопек и чај, варено/ пржено јајце и остали обични појадоци), ако сум во школо прва смена само јаболкото и може некое житно такво витанова бла бла, ручек често минимум од минимумот, опасен минималец и ендемичен вид речиси во истребувања, навечер до кај седум-осум некои интергрални, нешто овошје или евентуално супа во краен случај пудинг еднаш месечно. благо јадам неделно еднаш до два пати нешто скромно
    другарка ми исто можеби за нијанса поригорозно живее двете на ист ден почнавме она има сигурно едно 4-5 кила изгубено се стопи од километар се познава, јас 1 кило го вртам го сучам де 800 грама никако да мрднам и да јас ролеки возам и точак сега ќе почнам дестинејшн Водно и да си трчам ама до сега ништо
    иначе висока сум 170/171 - тешка 64/5 и страв ми е да се измерам зошто минатиот пат страшно се разочарав од цел месец ужастии ништо не беше изгубено, вториов месец не ми е тешко си се навикнав само не гледам резултати
     
  9. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Eпа јас од утре ќе те имитирам да знаеш....само уште вечерата да ни ја кажеш.... ;)
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Истото од ручекот, а може и други протеини. Пример во 16h јадам околу 150 грама стек, па потоа во 18:30 јадам уште 150 грама. Подоцна ако ти се јаде до кај 21:00 можеш да јадеш и малце салата. :)

    Инаку мора и кардио вежби за да има резултат. :)
     
    На Iva-Mici му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Ах мојата вечна тема, диета диета, вежбање вежбање....
    Ете ја мојата приказна, успешна или не моја си е и за мене претставува вистинска поука. Вели вака, цел живот се трудам, де нејади благо, де не пиј газирано, леб исклучиво црн, најцрн што може :D , разно разни чаеви за слабеење, зелени чаеви, шекер исклучиво ако ептен нема како бидејки никако не можам кафе или чај без шекер па се префрлив на натрен и кафеав шекер, овошјата и зеленчуците и така ми беа дел од исхраната па не ми беа проблем, вечерав еднаш до два пати месечно, понекогаш и поретко, ептен ако заглавев преку ден или ако одев на некое случување, роденден, слава и слично, од превозо средство автобус во лето се префрлив на точак а во зима на пешки....Долг е списокот, но верувале или не ништо не постигнав, килограмите си варираа, еднаш повеќе еднаш помалку, ни сама не знаев како и зошто варираат, а јас жива гладна и од се ускратена, и згора на се во вц одење еднаш неделно. Епа доста беше, му седнав на форумов ви ги испрочитав мислењата, си се распрашав по луѓе кои знаат нешто од нешто на темава и си набавив хербалајф шејк, веќе два дена си јадам онака како што треба, со доручек, ручек, вечера и две ужинки, пијам многу вода бидејки и самиот шејк ми го бара тоа, јадам од се по малку, веќе немам потреба од којзнае какви количини и храна со оглед на тоа што организмот не ми е изгладнет. Сума сумарум, ако за месец дена имам резултати никогаш во живот повеќе не планирам да се ускратам од овој начин на живот, а знам дека ќе имам резултати бидејки досега имам повеке позитивни од негативни примери. И да точно е секому според организмот му делува диетата, но од нејадење дефинитивно не се слабее, јас сум се чудела на сите тие диети кои вклучуваат јадење и јадење и јадење, епа тоа било мајката да јадеш а не да гладуваш. И секако иде пролет, ќе се трчка, ќе се вежба и искрено се надевам дека ќе имам вистински резултати додека дојде лето.
    Се извинувам што го споменав Хербалајф, затоа и го напишав со мала буква.
     
  12. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    ај те молам за првите резултати од хербалајф пиши ми :) да знам шо како ,сите се фалат планирам и јас да го земам ...пробав околу една недела супер беше не ти се јаде толку ,енергија дава и слично ...ама за да се ослабне не сум баш најсигурна така да ако не ти е тешко извести ме :) поздрав
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Моите први успеси, останатите забележуваат веќе, по две недели јас се осеќам подобро а тие мислат дека изгледам многу послабо од порано и поздраво во лицето и воопшто во однесувањето. Нема веќе хронични главоболки и нервози, јас се чувствувам одлично. Ова е тоа што ми беше потребно, набргу ќе го дополнам и со физичка активност и конечно ги очекувам долгоочекуваните резултати :rofl:
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Два конфекциски броја девојќи и момци...Тададаааамммм....Целам кон уште барем 4 конфекциски броја за да можам да здувнам и јас и дечко ми :D , навистина се осеќам феноменално, на мене навистина се забележува и немам намера да застанам додека не го достигнам она кон кое целам, толку посакуваните 60 килограми, иако сум висока само 160 на мене нема да личи нешто под 60кг, така да целам натака со големи чекори. Во тоа име наздравувам со уште една чаша вода, тоа е мојот омилен пијалок овој месец, цели 4 литри на ден, воопшто не ми е тешко, напротив со задоволство ги исполнувам сите задачи. :clap:
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    И јас имам успешна сторија. ^_^

    На судни маки бев периодов додека да си ја вратам килажата. Цели денови на факултет и немав време како човек да седам да јадам. Одма ослабев две кила и личев на И-Ти вонземјанинот, фармерките ми паѓаа, а стомакот ми беше вовлечен навнатре. Ужасна глетка бев :tmi:
    Кога сум си се подбрала самата, јадење по 4 оброци на ден, морам да признаам не многу здрави, гиро, лесковачки, индијанки, кока кола и еве ме се здебелив три кила. Јееее, ама срам ми е да ви кажам колку имам. :$ Имам сега малце стомак и лицето не ми е така исушено. :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyyGaga

    LadyyGaga Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Jas ja imam drzeno dietata, prviot pat strikno se pridrzuvav ni gram poveke ili pomalku od navedenoto i za 20 dena oslabev 10 kg. efikasna e i ne mnogu teska za drzenje, prvite 3-4 dena malku kriza me fakase ama posle se naviknav duri i denot koga se jade kompir si przev pomfrit i toa malku poveke od kolku sto treba :) vtoriot pat koga ja drzev imav nekoi mali otstapuvanja i samo 3 kg simnav. znaci ako se pridrzuvas strikno sekako ke ja namalis tezinata. Sepak zavisi i do organizam dali ke bidat 7 8 ili pojke. Pa srekno :)
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сега ми е далеку поуспешна сторијава, 20кг за 74 дена. :) Како сум тргнала ќе ме снема до септември. :D После одиме на мускулчиња, ама само тонирани. :)
    Ако сакате можете се`. :)
     
    На Ariel, Maja06, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Мало,пиши за процесот на слабеење,може некое девојче ќе ти ги следи стапките и постапките,што знаеш.
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Имам пишано наназад во темава, затоа не сакав да се повторувам. :)

     
  20. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Резултати

    Една работа ме нервира во темите за диети, има еден куп коментари кои постојано се повторуваат од типот ова не е здраво, земете вежбајте и слично. ОК, не сме мутави и јасно ни е дека диетите посебно брзите не се најздрав начин на исхрана но сепак се работи на режим на исхрана за краток временски период.
    Зборот ми е, за да прочиташ 3-4 корисни искуства за диетата треба да се пролистаат дестици страни со постови од луѓе кои најчесто немале искуство со диетата од темата и само "солат памет" со непотребни постови како тоа на нив не им изгледала здраво и сл. (да не се повторувам од претходната реченица).

    Темава ми е замислена секој кој постигнал резултат со некоја диета да го напише своето искуство кратко и јасно. Така секој кој планира да почне некоја диета би имал можност да види за искуства за колку време и колкав број на килограми изгубиле другите. (што е најчесто пресудно за да одбереме некоја диета)

    Значи на кратко
    Која диета сте ја држеле | Колку време | Колку килограми сте изгубиле за тој период

    пример
    Чорба од зелка | 14 дена | -12кг

    Мислам дека е корисна диетата за сите што имаме потреба од диета(се надевам модераторите нема да ја избишат).
     
    На lidu6, sonuvacka и cherry91 им се допаѓа ова.