Резултати Еее мене баш ми се допаѓа темава и сметам дека е корисна и интересна за мотивација на тие што сакаат да ослабат (со мене во истата група ). Би било добро тие што имаат што да кажат да се пофалат па да добиеме мотивација и ние останатите што по форумов читаме ли читаме во делов Диети и фитнес
Додека се пече вегетаријанското колаче во рерна да ви се пофалам, -10 килца за неполни два месеци, без преоптеретувања, со реално одлична исхрана, се осеќам фантастично, затоа частам колач нискокалоричен, по рецептура на девојќите од темата диетални слатки задоволства
Со гордост ви ја претставувам мојата успешна приказна Висока сум 155 сантиметри и никогаш сум немала некои големи проблеми со тежината. Можеби килце или две вишок, ама ништо страшно. Редовно одев на аеробик 2 години по ред, не пазев што јадам, ама трошев се што ќе внесев. Престанав да одам и почнав да се дебелеам, од 47 стасав до 53 килограми за период од една година. Во октомври 2011 ме направија операција на ногата и за само една недела качив уште 5 килограми, со што станав 58 и го достигнав максимумот. Се решив да ослабам, затоа што мојата висина секое грамче плус се познава, тоа беше некаде околу Божиќ. Пазев што јадам и кога јадам, па за 2-3 месеци симнав 4-5 килограми. До пред некој ден ја држев УН-диетата (еден месец вкупно) и успеав да стигнам до 48 килограми, што значи -10 за период од 6 месеци. Не е многу, затоа што сепак се работи за подолг период, но јас сум многу горда на себе.. Конечно ми се враќа телото што го имав пред 2 години. Редовно трчам на орбитрек, од 30 минути до 1 час, вежбам 8 miuntes abs workout, зумба понекогаш и некои други вежби од интернет. Ги имам првите два реда коцкички на стомакот, и тоа исто така ме прави многу среќна. Сега настојувам да продолжам со ова темпо, да добијам рамен стомак и нозе без целулит. На сите што се мислат и се двоумат во врска со диетите, не се откажувајте! Штом јас успеав (најголемата стрвла на светот), можете и вие!
Со Хербалајф, шејк+чај+растителни влакна, и се разбира режим на исхрана кој ми е стопати досега напишан, побарај по моите постови ќе го најдеш. Верувај ми, воопшто не беше тешко и досадно, напротив беше забавно и лесно.
Резултати диетата со јаворов сируп-6 дена- 4,5 кг -строго придржување до диетата -Физичка активност- трчање секој ден по саат два
Резултати Хербалајф - месец дена - 10 килограми и многу во обем, отприлика два конфекциски броја и повеќе
Пред неколку години пиев некои витамини, кои навистина беа доста скапи. Месечно ме чинеа околу 5000 денари. Имунитетот ми беше доста слаб и искрено ми се подобри. Но, на сметка на тоа, за тие три месеци, додека ги пиев тие таблети, неверојтно за сите, а најмногу за мене се направив буцка . Две години со ред, не можев да си регулирам тежината и од 49 кг, стигнав на 67 . Минатата година си купивме орбитрек и започнав да вежбам. Полека, полека за некој месец (3 месеци) симнав 6 кг. Не се форсирав, едноставно си вежбав секој ден на почеток по 15-20 минути, а на крај последниот месец и по 40 минути. Диети не држев, едноставно така се совпадна и тогаш беше токму овој период на почеток на Петровденските пости. Храната ми се состоеше од се што сакав, без некое ограничување на количина. Едноставно за време на пости секогаш практикувам да се воздржувам од благи работи, така да, јадев, ама во многу малечки количини. Откако ги изгубив тие кг, започнав малку да внимавам во исхраната. Наутро кога станувам не јадам веднаш ( што порано беше случај и од малечка сум така навикната), туку пијам вода. Две до три чаши вода и најмалку 3 часа не јадам ништо. (Мислам дека и со ова најмногу си ја регулирав столицата, зашто од малечка имам нередовна столица. Сега е се во ред.) Потоа јадам што сакам и искрено не гледам дали многу, многу мешам од јаглехидрати, па протеини... туку си јадам онолку колку што ми е доволно. Исто секогаш практикувам да јадам интегрален леб и ако е посилна храната (месо) пијам или половина чаша црвено вино, или секако комбинација свежа салата. Ова беше мојот режим на исхрана, без диети. И морам да напоменам дека од лани, па до сега не вратив ни еден килограм . Вежбањето ми беше, барем два пати неделно, додека не застуди премногу. А за време на зимата не се качив ни еднаш да вежбам. Особено се изненадив и оваа година за време на велигденскиот пост. Навистина храната е скромна и скоро цело време на вода (неполни 2 месеци ), но сепак е најмногу на јаглехидрати, особено леб. За тој период, без воопшто вежбање, симнав уште 4 кг . Денес и покрај се, сеуште немам повратено од тие кг. Значи стигнав до некои 57кг, посакуваните , што значи -10кг. Исто морам да напоменам дека за периодот на постот започнав да јадам сибирска аронија. Едно од нејзините својства е регулирањето на шеќерот во крвта. Се мислам дека и тоа по малку ( изгледа по многу), се должи на неа. (Зашто неодамна прочитав некаде дека константното зголемување на телесната тежина, без притоа да се намали воопшто, е резултат на еден вид на почетен дијабет, скриен. Кој е најголемиот причинител на тоа зголемување на тежината.) Тоа е мојата успешна сторија .
И јас можам да се пофалам со успешна сторија. Пред 1 година имав оччигледни вишок +9 кг . Добро, ако не биле 9, тогаш 6 се сиигурно. Буквално, маичките ми го оцртуваа стомакот, а тој беше како диња, нее, како лубеница . Иако бев помала од сега, многу ми пречеше. Па затоа јас решив да променам нешто. Не јадев чипсови и грицки, не правев и правев лапни-голтни на храната, туку многу добро ја џвакав. Тоа стана една моја добра навика. Повеќе време поминував во движење, скокање, играње... Јадев здрава храна, но јадев и чоколади, ама умерено. Понекогаш вежбав, но не беше моја навика, мислев дека нема да имам резултати, па затоа и не се замарав околу вежбањето. Единствено здравото хранење влијаеше на мене за да ослабам! И толку! Мојата битка со килограмите беше завршена, а јас бев победник. Имам рамен стомак и килца кои за мене се доволни. Јас сум доказ дека без диети, чаеви, кафиња (во кои се содржи многу хемиски елементи) се слабее! Мојата тежина малку варира во текот на целата година. Некогаш ќе качам 2,3 кила, ама не се ништо во споредба со оние изгубените.
Браво за сите успешни стории, ех со мерак ја читам темава, камо да има повеќе постови. Сакам да ја прашам Серафима од каде ја купува сибирската аронија и дали помага во слабеењето?
Искрено, не знам стопроцентно дали аронијата има таква улога. Но, она што кај мене имаше голема улога, мислам дека е од неа (можеби и како резултат на некоја болест ми било покачувањето на килограмите, па сега се средува). Пак ќе речам, не сум потполно сигурна, но откако ја јадам, се чувствувам подобро, а и чувствувам како поминува времето, не накачувам воопшто килограми, туку спротивно, намалувам. За купување, искрено не знам каде има во Скопје, зашто не сум од таму (RainВow може да каже ). А колку што имам информација за таму, цената и е некаде околу 400 денари за килограм.
Јас отсекогаш си бев пополничка. Особено се здебелив периодот петто и шестто одделние, кога ме фаќаа оние пубертетски кризи за јадење. А јас имам бавен организам така да резултатот ми беше 60кг со 160цм, значи 10-тина килограми повеќе од идеалната тежина за мојата висина. Летото, кога завршив осмо, ни јас незнам како и од што ослабев. Си приметував и самата дека сум ослабната ама шокот беше кога отидовме на систематски во прва година. Ме мери сестрата и јас прашувам колку? :geek: и она ми одговара 52. Е ми се чини ќе паднев од вагата, кога ми го кажаа тоа. Пукав од радост. Незнам како така се случи. Можеби од пореметената дневна рутина, седев на интернет до 4, 5 сабајле, спиев до покасно, прескокнати појадоци и незнам, можеби од тоа. За среќа и ден денес не ми се вратија килограмите (пу пу да не се урочам ), внимавам колку толку на исхраната и супер ми е.
Моето е бајаги долго и исцрпно, предупредени сте... Спојлер Здравејте феминки диеталки, Последната моја диеталска голгота започна лани, летото господово 2011. Кон крајот на август, вагата покажа вртоглави 84 кг. Никогаш во мојот живот не сум ја видела ниту достигнала таа страшна бројка. Во сета таа паника, продолжив да си јадам во духот на нездравиот разум кој го поседува секоја втора жена на планетава. Денот беше 24 септември 2011 кога конечно се свестив дека треба да преземам нешто под итно. Со помош на нашата најмила Теди мече скроивме план за слабеење. Она беше доволно фина да ми ги даде старите листи со режимот за слабеење од нејзината нутриционистка. Ме премери пред да започнеме во обем – гради, стомак, колкови, задник. И започнавме. Веројатно поголемиот дел го знаете режимот на Цеце, обично се јаде овошје и вода во неограничени количини до 16 часот, со рака непечени бадеми, ореви или лешници. Глупостите како млеко од соја во прав и такви некои тракатанци ги исфрливме за кратко време. Единствено што од тогаш ја здобив таа фина навика да консумирам ленено семе, тој дел со цедениот лимон наутро не го пропуштив цели 2 месеци. Ручекот е заснован на нормални јадења – пилешко, риба, лесни манџи, макарони, турли-тави итн. За вечера обично имавме салати, супи, пуканки без сол, печена тиква. Убаво си врвеше режимот, арно ама мене ми здосади по 2 месеци. За тоа време симнав некои 8-9 кг, што не беше воопшто лош успех, ама како и секоја жена, јас бев незадоволна од постигнатото, очигледно сакав чудо за краток период, а да не се лажеме сите – на тежина над 80 и кусур кг, минус 8 не значат ништо посебно. Се забележуваше разлика, но незначителна. Околу Нова година и Божиќ, некој период од 2 недели, повторно излегов од контрола, ајде што јадев, ама пиев и многу алкохол (секогаш добитна комбинација, нели) и тука нешто вратив, не знам точно колку навистина. Многу ми е жал што не сум водела една поточна евиденција, да знам точно кога и колку сум одела во минус и во плус. Во средината на јануари, краток период ја држев диетата на Ирена, што мене лично ми се покажа кобна, со 1-2 кг плус. Ја прекинав и 3 циклуси по ред ја држев Ефикасната седумдневна диета. Беше ефикасна нормално, зашто храната во неа е сведена на минимум, не познавам некој кој не би ослабел од таа мала количина на храна. Тука симнав уште некои 4 кг. Ми здосади и од ова, симнав што симнав, постојано се вртев околу бројката 72-3 кг. Така ја започнав Аткинсовата диета. Дека се слабее, се слабее многу, за издржливите и тие што ќе го проучат добро режимот и ќе се трудат да го следат. Но, не би му ја посакала ниту на најголемиот душман. Шеќерот паѓа, немате енергија, се чувствувате омалаксани, тажни, нервозни. Сакате да викнете на пример, а немате сила ниту за тоа. Не стануваше збор за вежбање повеќе од 2 пати неделно во тој период. Главата мислев дека ќе ми експлодира. Почна да ми паѓа косата, ама ни тогаш не се предадов (не ми дојде памет де). Конечно, кога ме удри по бубрезите (невидено остра болка), се свестив дека сум бајаги ненормална и ја прекинав. Симнав околу 5 килограми со чичко Аткинс (вие деца немојте). После тоа ме фатија свадби, матурски, свечености и вратив некои 2. И конечно, ја започнав последната УН диета, со 71 кг. Режимот воопшто не е тежок има доволно за јадење, континуирано вртев на орбитрек, правев различни вежби – за раце со мали тегчиња, стомачни, за задник итн. Како ми доаѓаше, зависи од распложение. Возев и малку велосипед додека не фатија жештините и пешачев на кеј. Морам да ви се пофалам ама најискрено дека јас многу брзо пешачам. Дури и дечко ми, кој е многу слаб, со добра кондиција некогаш има тешкотии да ме следи. Немам проблем да испешачам дневно и до 10 км. Со само неколку киксови (2 дена за Пивофестот, еден ден се сеќавам имавме упознавање на родителите и малку алкохол во посебни пригоди) ја завршив 90 дневната диета и симнав точно 9 kg. Кога ќе погледнете, слабеењето ме фати малтене година дена. Од 83 кг (мајка ми тука тврди дека сум имала и повеќе, 85 на пример), успеав да се симнам на 62 килограми. Некои диети беа добри, а некои погубни. Не секоја беше здрав избор, ама научив многу за самоконтролата во поглед на храната, и најважно – се здобив со здрави навики за вежбање. Ако поминат 2 дена без орбитрек, почнува да ме фаќа грижа на совест и нервоза, се чувствувам како да го изневерувам и веднаш му се качувам (на орбитрекот). За сите кои планирате или веќе сте го започнале процесот на слабеење, имам неколку добронамерни совети: • Нема никогаш да ослабите брзо и да ослабите преку ноќ. • Не постојат такви таблетки и чаеви кои магично ќе ви го збришат салото (верувајте, од та-на-на чај, слимлајн, турбо шланг, чајот на Матија, и такви глупаштилоци нема да видите аир, само беспотребно олеснување на џебот и нервите). • Ниту една диета нема да е ефикасна без физичка активност. • Ниту една физичка активност нема да е ефикасна без ДИЕТА. • Никогаш не го прескокнувајте појадокот и задолжително каснете си нешто за вечера, макар една салата или чашка јогурт. • Не се откажувајте и покрај направените грешки. Сте излегле од колосек, па што, луѓе сме и правиме сите грешки. Утредента продолжете како да не било ништо. Извинете ако ве изгњавив, сакав да го споделам секој детаљ од мојата успешна сторија. За дополнителни прашања јас сум секогаш тука. Во прилог ви доставувам фото-документација пред & потоа. Во иднина ќе се справувам со предизвикот наречен вишок на килограми како што знам и умеам, со сета сила која ја поседувам; да не ги вратам изгубените килограми или барем да не дозволам толку многу да излезам од контрола. Едно е да имаш 5-10 кг вишок, а сосем друго да имаш 20 и кусур. Тоа сега го знам, го почувствував на својата кожа. Она што е најважно е дека – треба секогаш да се сакате и да ви е убаво во кожата. Бидете ми поздравени, ви благодарам за сите убави совети и поддршката. Воопшто не сум лесна за трпење, знам. God Bless, Good night and Good Luck.
Кој сака нека чита,внимание долго е . http://www.atletiks.mk/vesti/fitnes/licen-blog/202-mojata-prikazna
Ја имав пишано мојата сторија во морална подршка но еве ја и тука. Значи јас си бев девојка која секогаш мислела дека си има нормален изглед.Си се гледав и само си викав дека имам малку стомаче за разлика од другарките кои беа нормални.Значи сите ми велеа океј си малку стомачето и супер си. Значи изледав за нормално преку алишта.Но зад алиштата имав ужасен стомак , последната година моите нормални нозе станаа дебели , плус тоа без гради имав структура никаква.Од градите надолу цела бев рамна(во смисла немав струк никаков а имав огромни спојлери). Лани летото претрпив голем број лоши коментари за сметка на мојот изглед. Бев девојка која почнувала голем број замислени глупави диети и за 2 дена прекинував поради охрабрувачки коментари од другите мала си ке се развиеш , имаш време, сега растеш почекај да се развиеш бла бла Будала.Но тоа е тоа. Не почнав тогаш. Ми се случи лоша работа на систематски преглед лани во прва година кога ме измерија и тежев ужасни 74 килограми.Докторката ми кажа Ме гледаш јас сум полна жена не би сакала кога ке бидиш повозрасна да си како мене. Тоа ми беше уште една лекција. Всушост воопшто не се секавам како почнав.Знам беше 18.Ноември (недела) ужасен ден, сив ,ладен и случајно станав и и реков на мајками јас почнувам диета од денес.Татко ми само ме погледна бело и со неверување ми се насмевна. Тоа како да ми беше мотивација. Тогаш се почна.Секој 18 од месецот мене ми е лош ден и многу лош спомен..Не би сега за тоа. Уште другиот ден јас сакав да се откажам кога го видов слаткото од црни сливи како ми се смешка од фрижидерот.Но не..Тогаш ми помогна мајками. Кога и кажав на другарками за диетата не ми поверува.Ми се насмевна и ми рече ке видиме ама ајде ке те подржувам.Другите другарки прифатија океј со среќа но се неверување. Сите се сомневаја.Јас никогаш не сум била истрајна личност.Како што кажав ке почнев и се откажував. Плашливка сум во секоја смисла. Неможев да се замислам послабо , без стомаци, со убави нозе... Но ете почна. Првото мерење се случи после 14 дена и тогаш имав ослабнато 2 кила.Тежев 72.Само погледнав и слатко си се насмеав и нормално се пофалив.Тоа ми беше уште поголема мотивација.Веќе се гледаа моите послаби нозе , почнував да ставам каиш на фармерките.Второ вагање се случи на 29 Декември на роденден кај една другарка кога изедов се што ми се најде пред мене.Тогаш вагата покажа 70. Следното вагање беше некаде Фебруари месец кога тежев 66 кила.Тогаш и слика ставив ако се сеќавате. Имало и периоди кога ке си јадев повеќе и мнооогу се каев но никогаш не застанав.Едноставно нешто не ми даваше..Сега да не должам толку.. Претходната сабота направив 7 месеци како имам свој начин на исхрана и сум тотално нов човек.Тесните блузи ми се омилен дел од облеката, не се плашам да пробам фармерки и се радувам на секое ново парче облека уживајки како ми стои.Гледам нова девојка , плус тоа со нова фризура. Жими се ке се расплачам. Јас сум сеуште истата емотивна и плашлива личност но сега сите ме знаат како истрајна , издржлива, поубава.. Да јас сум многу среќна. Тежам 60 килограми.Висока сум 1.69.Имам тежина која ја посакувам но тука не застанувам. Летото е пред мене продолжувам да вежбам.Повеќе бројката на вагата не ми е важна.Сакам да имам убаво тело , цврти нозе, задник.. Опкружена сум со комлименти разубавена си, прекрасна си, многу си ослабена.. Знам. Убаво ми е. Јас продолжувам.Конечно ова лето ке ме видат во друго тело и со сто пати поголема самодоверба. Во продолжение 2 слики. Мај 2012 Мај 2013
Јас сум уште една успешна сторија што со режим на исхрана (намалени јаглени хидрати и појачани салати и протеини) ај што ослабев 12 кила, сега сите ми викаат да се поправам оти сум била како костур! А пустото сега не ми се јаде веќе толку Ако некоја сака подетално информации околу режимот нема ми пише порака, само да ве предупредам, не е лесно!