Симнав за една година 15 кила, со тоа што скоро секој ден пешачам околу 3 км наместо да одам со бус. Првин се заморував после 1 км, али со тек на време и до 3 и пол стигнав. Исто многу забележав разлика откако почнав кога станувам да пијам ладна вода (колку и да не ми се пиеше), појадувам околу 2-3 часа после тоа, а вечерта последниот оброк ми завршува во 8. Кога станувам прво помислувам на јадење, али кога ќе испијам вода и кафе за расонување, поминува. Ми се пријадуваше навечер и тоа како, посебно ако се заседам на пц, али се е до навика. Најтешко ми беше кога почнав да намалувам со благото и грицките, али после некој месец веќе ретко посегнував
Ми стигнале повеќе пораки со барање за режимот, се извинувам што малку доцнам со одговорот но немав интернет. За да не копирам на сите посебно постот ќе го напишам тука, ќе се најде и за понатаму ако има некоја заинтересирана Мојот режим на исхрана беше комбинација од неколку видови диети: Исхрана со низок индекс на гликемија, Исхрана според крвна група и Алкална диета. Според мене најважна од сите е Исхрана со низок индекс на гликемија. Правилата се едноставни, оброкот треба да се состои 55% јаглехидрати со ниско ниво на гликемиски индекс, останатото се протеини. Порциите содржат количина колку што ви собира во дланките кога ќе ги составите како за миење лице. На следниов линк има објаснување, но ако не ви се чита преминете подолу на табелите со гликемиски индекс на храната: http://www.brucerosemanmd.com/GLYCEMIC INDEX.html Ако пребарате на интернет за овој тип на диета верувам дека ќе најдете многу поинтересни објаснувања и подетални слики Уште нешто важно да напоменам за оваа диета е дека со овој тип на исхрана се регулира хормоналниот статус на телото поради нискиот процент на инсулин во крвта, и на тој начин се регулираат некои состојби како полицистични јајници и дијабет тип 2.. Значи, за мене најважно беше храната да има низок гликемиски индекс, храната со висок индекс ја отфрлив скроз што не значи дека вие не може да јадете по малку и од нејзе, но тоа да е минимално! Друго на што внимавав е храната со низок ГИ да биде според мојата крвна група, повеќе за тоа може да прочитате тука: http://mojtrener.mk/lista-na-ishrana-sprema-krvnite-grupi/zdrava-ishrana/774 Третиот тип на исхрана не е со цел намалување на килограмите туку упатство за здрава исхрана, спречува голем број на здравствени состојби и болести, и вреди да се почитува. Табелите за алкалност на храната и повеќе информации за тоа прочитајте тука: http://www.surovoivkusno.com/ph-vrednosti-alkalna-kisela-hrana/ Исто така морам да споменам дека некогаш податоците ќе бидат контрадикторни, што смее да се јаде во една нема да смее во друга диета, но сепак останува на вас да се пронајдете во типовите и храната да си ја прилагодите сами. Сума сумарум- ништо ново. Јас од сето ова исфрлив се од бело брашно, бел ориз, компир и делумно пржена храна. Пиев многу зелен чај со лимон (без никакви засладувачи), јадев стрикно високо интегрален леб со микс од цели зрна, интегрален ориз, многу салати, количински мали оброци но повеќе пати во денот (некогаш јадев и по 4-5 пати по многу малку) и сега буквално заборавам кога последно сум јадела, немам кризи за храна и грицки, и наутро со една банана и чаша нескафе сум прејадена Можеби делува комплицирано но верувајте вреди да се проба, се слабее бавно и здраво и нема ризик од враќање на килограмите. Разгледајте, потрудете се сами околу креирањето на вашите оброци, и ако ви треба мислење или совет слободно прашајте ме. Се надевам толкав пост нема да е за џабе
Уште една слика од мене.Првата слика 2012 за на кршетвка месец јуни.Втората јуни месец 2013. Сега сум истата Ана од втората слика. Ослабени 18 кила. Единствено имам проблем со рацете кои многу ми се неубави и сега започнав со вежби се надевам ке ги средам. Инаку мојата сторија ја има во темата да не повторувам, само сакав уште една слика да прикажам со истото фустанче, кое како што ми рекоја на втората слика како на закачалка да стои. п.с пазувите ми се избричени од сенката личи вака, и мене ми падна многу чудно. и десната рака ја имам прикриено бидејки имав нешто во раката.
Сликава ќе си ја урамам во соба. Се надевам и јас ќе имам што да пишам во темава наредното лето Се трудам колку што можам, може и јас ќе успеам Ептен ме мотивира со сликава
Јас отсекогаш сум со прекумерна тежина.откога знам за себе имам проблем со тежината.И стално сум на некои диети .Кога и да ослабам откако ке заврсам со диетата кг се вракаат.Во бременоста ептен ја претерав .Имав 14кг висок и во бременоста си додадов усте 19 =33кг катастрофа.по породувањето намалив 10кг но усте бев слонче па се ставив на диета.Со протеинската диета ослабев 12 кг за 3 недели.тоа е успех .оттогаш поминаа скоро 3 месеци и јас додадов само едно килце +...Сега пак се ставам малку н ред за да не се изненадам кога ке застанам на вагата ...се надевам дека еден ден ке успеам да ги симнам и останатите висок кг...но и троа сто го постигнав досега е успех
Моево не е кој знае што но,не знаев каде на друго место да пишам.Значи вака висока сум метар 50 и нешто(незнам точно колку,ниско човече сум).И воопшто не внимавав на исхраната.Решив да се качам на вагата и видов 55 килограми од 46 .Мислам во кома ќе паднев (се шалам)Решив да превземам во свои раце и да го отстранам вишокот.И еве ме сега имам 51 килограм од 55.Малку е знам но,јас целам кон старата килажа(ако не и да намалам повеќе).Се надевам ќе успеам во својата цел
Леле тоа е супер, јас да продолжам уште неделава со здрава храна после ќе се мерам, немам срце сега..
од 11 јуни до 20ти август -13кг со вежбање и со 50 дена ун диета (-7кг) така да од 76кг стигнав на 63кг.во последно време воопшто не внимавам јадам све ама не како порано и сепак сум ослабена усте 1кг.планирам за 2-3 недели повторно со ун
U can do it! Левата слика е 2011 година со некаде 115 кг на себе. Десната слика е 2012 година летото и сум некаде 92 кг со 12 % телесни масти. Тоа што ме движеше напред е да се вратам на стариот себеси и чувството да бидам полесен беше многу поубаво. Не беше лесно иако работев,наоѓав време и за 2 тренинга дневно. Затоа луѓето денес кога ќе ми речат дека не може да се постигне,само си бараат изговори и не сакаат тоа да го постигнат . Мотивација за вас!
StefChef и ana-girl, браво! Реткој кои се упорни и одат до крај, навистина. Инаку додека сум тука да кажам, јас почнав од вчера некој си нов начин на исхрана. Пијам многу вода, гледам полека полека да го исфрлам лебот од исхраната(или да останам барем само на една кришка за ручек), секој ден намалувам по малку. Исто така и после 7 часот не јадам, пешачам, физички сум активна 2/3 пати во неделата по 2 часа иии така. Се надевам дека ќе постигнам некакви резултати. Инаку сум висока 163,5 а тежината ми варира некаде од 61-64. Не е многу страшно, но поубаво би се чувствувала доколку симнам некое килце од мене. Се надевам дека следниот пат кога ќе пишам во темава, ќе биде за да ви се пофалам дека сум успеала.
Пред некој ден со другарками гледавме слики од мене од порано и разговаравме колку сум била сменета, па ми текна да си направам една before and after. Ослабев со моја верзија на Ун диетата, за околу 3 месеци 15кг без физичка активност, од 71кг на 56кг. Е сега на сликата можеби имам 2-3 килца повеќе ама ништо страшно. Сега сакам уште малце да ослабам, па да се зацврстам. Е сега не можев да најдам друга слика, ама и на оваа мислам се гледа. Спојлер Страм ми е.
Женски дај кажете ве молам како да ги ослабам рацеве , некои вежби, диета , што било ? Ви благодарам однапред
Вака јас ја држев диетата јапонско чудо и стварно мене ми беше ефикасна многу ослабнав ама јас само 1 недела(треба 2 ама...) и има разутлати, не јадев после 19 часот, ги вежбав вежбите од Џилијан тиа 30 day shared и на телефонот ја свалив runtastic и секој ден и резултати преголеми сега на план сум пак да почнам па ви препорачувам навистина резултати има
Сега ја видев темава и викам ај да пишам... Најпрвин бев 62 кг кои со фитнес успеав да симнам 4кг, без некој диететски режим. Но, сепак и 58 ми се многу па затоа подлегнав на една диета (дефиниција) со дневен внес на јаглехидрати 100г и протеини неограничено, умерено овошје во првата половина на денот и многу зеленчук и секако програмиран фитнес. Најдоброто е што не се ни чувствувам дека сум на диета, ни пак чувствувам глад. За една недела од 58 се симнав на 55,9. Утре ми завршува и втората недела и едвај чекам да се премерам. Доброто кај оваа диета е слабеењето, но со задржувањето на мускулната маса. Ако има некој некое прашање слободно може да ми пише во ЛП.
Дефиниција: Диета е режим/начин на исхрана. Сега зависи дали тоа ке е за определено време,и зависи дали ке ти биде напишано што точно да јадеш,дали ти ке си направиш диета и сл. Убаво рече Стеф.
Диета е придржување кон одреден план за исхрана. Еве на пример Медицинската диета. Прв ден јадеш за доручек едно, втор ден друго, прв ден за ручек јадеш едно, втор ден друго. Начин на исхрана ти е на пример исфрлање на газираните пијалоци, лебот, грицките и благото од исхраната. Кога некој ќе рече „Тоа не беше диета, повеќе беше начин на исхрана“, на што мисли? И не правете офтопици веќе.