Јас ништо не сум исфрлил од исхраната. Баш напротив,ако ми се јаде сладолед ќе јадам и ќе го внесам во дневниот калориски и макронутритивен внес. И пак слабеам,знаеш зашто затоа што сум во калориски дефицит. Животен стил е кога инкорпорираш повеќе работи да работата со исхраната за подобрување на психолошката состојба. Диета не мора да значи да јадеш еден ист тип на храна,значи да бидеш флексибилен 10-20% од времето.
некако заостана темава , ајде нека сподели некоја феминка успешна сторија да ни даде уште поголема мотивација
Ајде и јас да го сппделам моето искуство. Пред се има разлика од прганизам до организам, гени, метаболизам, која возраст си и со која килажа почнуваш. Јас на 25 години го родив првото дете и во таа бременост качив 30 и кусур кила, ппчнав со 63 кога стасав над 90 не се качив пак на вага а имав уште некоја недела до пораѓај. После пораѓајот мака мачев со месеци бев 80 и кусур кила, се издепресирав максимално и од толку проучувања и детализирања за најдобро слабеење се одлучив за ун диетата по препорака на нутриционист. Издржав 90 дена, си задржав навика да јадам понатаму засекогаш овошје за појадок, се одвикнав од благото, и после 5 месеци од завршување на диетата во рок од една недела се стопив и се вратив на 59 кила. Таман бидна тоа забременав со второ дете, до 5ти месец не ми се познаваше , се порпдив со 12 кила плус и по крарко од породување се вратив на 59 пак. 2 години покасно еве сум пак трудна но бременост како бременост, промена на метаболизам, на исхрана, се на се имам 4 кила плус за 4 месеци и јадам овошје, зеленчук, лесна летна хранс, но сум некако потечена, изгледам подуена, крупна, па здравје наредната година ќе ви го кажам исходот. Најважно од се ми е да ви ппрачам само со подолготрајна диета т.е. промена на исхрана и воспоставување трајни навики без да се изгладнувате и поболувате со краткотрајно гладување и паѓање во несвест ќе имате резултати засекогаш.
Немав скоро никакво искуство со слабеење и диети, реално и немав потреба затоа што од секогаш сум била да речеме слаба. Но, после бременоста ептен го сменив режимот на исхрана, слаба физичка активност и јадење брза храна и грицки... станав подебела за 10кг. Ме болеше срцето кога ќе ме сретнеше некој стар пријател и ќе ми кажеше ,,што си станала ти?,, Направив неколку безуспешни обиди, но само 2кг надолу и за кратко време пак почнував да јадам повеќе. Свесна бев во што е грешката, чипсови и обилни оброци искулучиво навечер, а тешко ми беше да се отргнам од тоа уживање. Да, за мене беше уживање да јадам, и јадев многу. Еден ден го стигнав врвот... 68кг. Пред година ипол бев 58... ова беше најголемата цифра со која ме почести вагата. Реков од денес почнувам. Баталив грицки, газирано, брза храна, сувомеснато, бел леб... Оброците си ги преполовив а некогаш успевав и да ги прескокнам. За 20 дена 5кг помалку... Стигнав до 63, веќе се забележуваше и уште поглема стимулација ми беше видливиот резултат. Наредниот месец успеав да симнам уште 4кг и стигнав до 59. Отогаш наваму има поминато 5месеци, јас сеуште сум 59 со варијации од 1кг горе-долу. Сега околу празниците знам дека сум ставила некој килограм плус на мене, но ќе се соземам после Божиќ, ветувам! Тоа е мојата успешна сторија, можеби за некој е прелесен залак да симне 9 кг за неполни 2 месеци но за мене беше борба со самата себе.
што се 15 кг еднаш ослабев толку од диетата со јогурт, компири, јајца , и јаболка , другата диета е 20 дена -8 кг ( ја има на форумов ) тоа е тоа , кој сака да си е убав и слаб нека си трпи диети за убајни
Zdravo decki, mnogu interesna tema vo koja i jas imam sto da spodelam. Imav 60kg i sakav da oslabam barem uste 5. Prvo probuvav da kratam od hrana no na kraj sekogas bev gladna. Probuvav so poveke ovosje, pomalku leb no sekogas pregladnuvav. Sega nauciv deka bez pojadok i pravilna ishrana ne moze da se oslabe. Mnogu e bitno dali potrebnite materii vo potrebni kolocini gi vnesuvame vo tekot na denot se so cel i da se oslabe i da se odrzi odredena kilaza... so strogi dieti samo slabeev i za nekolku dena pak ja vrakav tezinata...sega imam 53kg veke 2goduni ,jadam do 5pati dnevdno i se osekam super
I jas imav uspesen period , vo sredno pred da zabremenam so prvoto dete . Imeno si bev krupno dete , pa nekade prva god sredno imav kilaza mnogu pogolema od sto treba - 70 kila . Vo rok od edna godina , dojdov do 59 kila i toa bez pregladnuvanje i dieti ( imam slab zeludnik ) . Uspeav samo so naporni kardio vezbi , mnogu pesacenje , pomali pocesti obroci i vnesuvanje na mnogu mnogu voda . Sega , posle dve bremenosti , planiram pak da si slabeam i da si gi vratam 59-te kila , no ovojpat so dieta . Bi sakala da me sovetuvate , koja e najefikasna dieta , i ima najbrzi rezultati ( mislam da ima vidlivi efekti posle dva-tri meseci ) ? Fala unapred
Еве дојде тој ден каде што и јас можам да ја споделам мојата успешна сторија иако сеуште не е баш завршена затоа што сеуште сум во фаза на слабеење...успеав за 2 и пол месеци да симнам 13 кила без диети туку со здрава исхрана, џогирање, кардио вежби, пешачење..... значи секој ден имав физичка активност. Од исхраната го изоставив: белиот леб, газираното и брзата храна а шекери гледам да внесувам преку овошје и некои житни посни колачиња (интегрино ). Доручекот ми се состои најчесто од овошје ( банана, брусница јаболко, праска ) било какво овошје кое го имам дома или една кришка црн препечен леб со парче сириње чаша јогурт морков и зелена пиперка или некој друг зеленчук. Ручек она што ќе се зготви само гледам да не е пржено и без леб, најчесто ја избегнувам вечерата но ако имам голема криза јадам салата или чаша јогурт (тоа се случуваше во првите две недели ). Секојдневно пијам 2 до 3 литри вода доколку пијам сок гледам да е свежо цеден лимон или портокал без додаден шекер.Кафе и чај исто така без шекер. На почетокот ми беше навистина тешко но никако не се откажував сама се мотивирав на најразлични начини. Моментално сум висока 164 цм а имам 61 кг сакам да достигнам барем 57 кг до 55 кг, не би сакала повеќе бидејќи имам доста крупна градба на телото имам широки раменици и колкови а помали гради. Единствено што сакам е да си го задржам овај режим за цел живот, сега не ми е тешко напротив се чувствувам свежо и полна со енергија. Телото ми е подобро обликувано нормално од вежбањето. Многу сум среќна и ќе продолжам со овај начин на исхрана. Инаку сакам да додадам дека имаше и денови каде се опуштав со храната но тоа не се чувствуваше во килажата поради редовното вежбање значи се е до физичката активност која мора да биде редовна . Се надевам за скоро дека ке ви пишам со килажа од 57 кг. Ве сакам и ве гушкам