Здраво девојќи би сакала да ви ја раскажам мојата успешна приказна со диета и слабеење, па вака пред година дена понесена од тоа дека не ми се допагјаат некои делови од телото решива да почнам со диета и истовремено да бидам физички активна. Почнаб со УН диета, а бев 65кг се придржува многу строго до диетата дури се случуваше понекогаш да јадам помалку и од тоа што е предвидено во диетата поради тоа што работам и преку ден сум уште од раните утрински часови па се до вечерните активана, а при крајот на денот одкако ке завршев со се вежбав 60мин секој ден многу ретко ми се случуваше да прескокнам ден и да не вежбам па така уште на 10тиот ден од диетата веке имав видливи резултати и бев ослабена скоро 4 килограми и тоа ми беше на еден начин мотивација да продолжам и да бидам упорна. Така со текот на времето поминувајки го секој ден така стигнав до 50 кг но бидејќи сум висока 1,65 изгледав преслабо и премногу безхивотно и како женско сите атрибути ми беа ослабени па така малку се поправив и останав да држам линија од 56кг која ми беше супер сега сум кило две поправена но покрај толку голем успех претходно без многу труд повторно полека се враќјам на 56
Од 4 февруари до денес сум ослабена точно 10кг и многу се познава, веќе сите приметуваат. Исфрлив нездрава храна, освен благо во 3-4 дена си пробувам во мали количини. Секој ден не јадам покасно од 17ч, а претходно јадам овошје, зеленчук, било што да е само здраво, домашно поготовено и со што помалце калории. Вежбам секој ден по цел саат на орбитрек, до сега ниту еден ден немам пропуштено и плус правам вежби од интернет кога имам повеќе време. Станувам околу 9-10 часот најкасно и легнувам до 00ч исто најкасно, а порано спиев до 13ч и ноќе седев до 4-5ч ноќе и тука се прејадував со нездрава храна. Фактички, сменив животни навики, почнав да вежбам и здраво да се хранам. Некоја филозофија во слабеењето и нема, само треба да се смени животот Од 80кг симнав на 70, а за моиве 170цм и не е толку многу, но сепак до 55-60кг ќе терам за да ме собере у фармерки 38ца, а и да изгледам тип топ. За време на вежбањево дури у исто време добив и мускули, дефиниран лист на ногата, мускули на раката, стомакот многу ми е порамен и спојлериве скроз ми ги снема. Уште нозеве да ги доослабам малце, таква градба имам, горе сува, доле дебела. А да, и целулитот ми се намали, а го имав премногу, а сега само 30% од тоа што беше, па се надевам со вежбање и вода пиење скроз ќе го снема, плус што од јуни почнувам со теретана, па ќе биде и подобар резултатот ваљда. Се надевам до крај на јули-август ќе ви пишам дека конечно целосно успеав да ослабам, па и ќе ви ставам некоја слика можеби пред и потоа
Бравооо Почнав јас од вчера на тој режим , повеке сум на варена и домашна храна , вежбам , па се надевам на добри резултати Моето дебеелење се должи на таблетите од пивскиот квасец со фолна киселина , што си набив 12 кг
Извини што те вознемирувам но сакам да те прашам за таблетите што се имаш поправено за колку времне се поправи и зошто се пијат и од кај ги купи сакам на маш ми да му купам да се поправи малце
Лелеее зошто да се поправи ? Сите сакаме да сме слаби Таблетите се пивски квасец со фолна киселина , ги купив во Зегин 130 денари , во лилава / бела паковка , 40 таблети , секој ден по едно отвораат апетит , се поправив додека ги пиев .,, за 40 дена +12 кг ( само што не паднав у несвест кога видов колку сум се поправила)
Фала за информацијата .... Него му треба едно 20 кг сигурно али ништо не го поправа уште ова да видиме
jas sum so namalena funkcija na tiroidata i neznam mnogu tesko slabeam da vezbam nemozam porobav da odam na aerobik oslabev no dojde pak do hormonsko poremetuvanje i mi zabrani endokrinologot mi kaza samo pesacenje 30 min nisto poveke nez imam 172 visina i 80 kg
Пред 3 години имав 72 килограми а висината не ми се променила. Висока сум 169cm Некако успеав да ослабнам 12 килограми и да имам 60 кг Не држев никаква диета. Само пешачев и намалив количински на храната бидејќи не постои диета за мене (Не јадам ништо од овошје и зеленчук, не сум ни пробала) Се хранам прилично не здраво. Месо (свинско пилешко) тостови,пица и слично. Дури и со таква храна јас ослабнав внимавајќи на количината. Не пиев газирано, намалив со благото и грицките. Си ја држев килажата до месец мај годинава. Сега имам 65 килограми и не сум задоволна од тоа како изгледам но не знам што да превземам. Немам време за физичка активност и повторно јадам умерено.
Епа вака девојки,зимоска се решив да бидам на диета и за 3 месеци ослабнав 20 килограми(престанав да јадам благо,газирано,грицки и леб јадев во мали количини)+физичка активност(кога пешачење кога трчање)мојата исхрана се базираше на овошје,зеленчук,јатки,млечни производи...и дојдов до посакуваната тежина и прекинав со диетата.И полека почнав да се опуштам и се што нејадев во текот на диетата полека почнав да го конзумирам и така верували или не за 3 мецеци повторно ги качив тие 20 килограми(физичка активност баталив скроз вагата ја тргнав и еднаш ми текна да се мерам и кога видов оп...килограмите пак се вратиле)Отпрвин мислев јојо ефект но потоа сватив дека и со која било диета ако после пак се вратиш на старите навики ќе ги вратиш килограмите.Еве сега повторно сум на диета и ако дојдам до посакуваните резултати нема да ја направам истата грешка како претходно.
Имав околу 87кг и бев искомплексирана. Најголема грешка направив што почнав моја диета секој ден малку салата и спорт. Наутро пиев цеден лимон и кафе без шекер. Ја добив очекуваната тежина 65-66кг, но се здобив со проблеми. Желудникот ми е 'лом' добив гастритиз, доживотни болки. Денес ми варира килажата од 70 до 75 и се така. Пијам лекови пред секој оброк и сум на посебен режим на исхрана. Исфрлив млеко во кафето, зачинета храна и сол.
Сфаќам јас имав болка во ушите и докторот ми рече дека морам да ослабам и почна да ми кажва за холестерол...