Дали некој до сега има искуство со утврдување на татковство? Имам сомнеж дека девојката со која што се забавув пред извесно време, ме набедува дека родила дете кое е мое. Мора ли да се оди на суд за да се докаже спротивното или има некој друг начин да се направат ДНК тестовите за татковството ? Таа е од угледна фамилија со многу " врски" , па се плашам дека може да влијае и во донесување на резултатите . Знае ли некој каде се може да се направат овие анализи ?
УТВРДУВАЊЕ ТАТКОВСТВО , БИОЛОШКИ ВРСКИ Ако мислиш дека може да го лажира ДНК тестот направи го надвор од Мк (Београд, Софија, Ниш...). Ако е од угледна фамилија ќе те тера да плаќаш алиментација :geek: ....а колку што знам јас кога се родат такви деца ако мајката не е во брак се повикуваат во полиција да се признае детето, тебе се уште не ти тропнала полиција на врата
УТВРДУВАЊЕ ТАТКОВСТВО , БИОЛОШКИ ВРСКИ Па сеуште не ми тропнале на врата. Арно викаш, сега уште повеќе се изнервирав . Ако не го направила ова до сега , ми изгледа како и таа да не е сигурна дека девојчето е мое. Дефинитивно ќе направам тест за татковство и тоа некаде надвор . Добив лична порака на форумов и многу ми е мило дека сеуште има добри луѓе што сакаат да помогнат. ми даде еден линк http://smartdna.gr/paternity_mk.mk.aspx . Дефинитивно ќе барам чаре надвор од МК. Или преку овие или преку некои други како и да е . Ако има некој друг вакво искуство би бил благодарен за помош или информација.
Насловот на темата е тој, не му одговорив на тој што прашал тогаш, туку пишав чисто информативно, ако му затреба некогаш инфо на некој друг.
Не пронајдив ваква тема мислам дека најблиска е за тука да ја отворам значи вака Сакам да прашам каде во Македонија може да се наорави ДНК тест за тестирање на сродство бидејќи премногу се сомневам дека братучетми не е од чичко ми туку од татко ми бидејќи личи апсолутно на него јас не личам на татко ми како што тој личи на него каде можам да направам таков тест за дали сме од ист татко и која е цената и потребни материјали за тест?
Татковство е тоа што го бараш да се испита. Прашај во Синлаб, знам дека едно време се испитуваше, можеби во МАНУ или Систина исто.
Внука ми премногу личи на мене. Дури и на карактер сме исти. Ги има сите мои карактеристики што сестра ми не ги поседува. Јас и сестра ми воопшто не си личиме, ни на лик, ни на карактер. Се работи за гени и често се случува детето да личи на братот/сестрата на родителите. Нормално ваша одлука си е за ДНК тестот, не ми е целта да ве предомислам. Само сакав да посочам дека гените се нешто што го носиме и пренесуваме од/на нашите потомци. Мислам дека во МАНУ се прави ама мора согласност од двете страни за да се направи тестот. Можеби и Систина ја има таа опција. Ќе мора да се распрашате.
Братучет ми е сечена глава на вујко му, на мајка му брат. Па тоа не значи дека детето е на вујко му.. гените се чудна работа.