Утрински исповедувања

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lotus-14, 16 јуни 2015.

  1. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    Пред се Добро утро на сите!
    Расонувајќи се дојдов до идеја за темава, мислам нема ваква досега.
    Овде сакам да си ги споделиме сабајлечките тешкотии со будењето, вибрациите да се на високо енергично ниво уште во најраните часови или на мрзливо кој како сака, да си кажеме утрински каков ден посакуваме да имаме, кој сакаме да ни го разубави денот, кој пак воопшто несакаме да знаеме дека постои и така уствари сабајчечки да си го пиеме кафето и да го зграпчиме денот со по некоја форумска реченица.
    Еве ќе го скршам ледот.
    Очите ми се лепат, перницата плаче по мене, ама обврски чекаат да се средат дур е со време.
    Вејк уп народе, сончев не чека ден. :sun:
     
    На kuc, Crna Dama, angelche16 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.154
    Допаѓања:
    4.923
    Dobro utro :)
    Soncevite zraci prodiraat niz nekoe malo dupce na spustenata roletna i jas op otvaram oci stanuvam gledam saatot 5 omg kolku laze letoto samo sto si legnal treba da stanes a za cudo toplo pa vednas ripas od krevet ne se protegas i diskas kebence kako ladnite zimski denovi. So brzina na svetlinata itas kon toaletot da gi zavrsis utrinskite obvrski a na liceto nasmevka za ubaviot den. I kako sekoe utro sto si se tesime so mm deka ke pieme kafe taka i ova utro ostanavme bez nego od obvrski i nadez deka ke pieme na rabota. Ete toa sum jas ova utro uste ednas dobro utro :)
     
    На angelche16, Arthur и Lotus-14 им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    48.934
    Пол:
    Женски
    Штом го слушнам алармот наутро, нешто ми се превртува во стомаков. А најубаво ми е кога ќе се разбудам со сончевите зраци. За разлика од луѓето на кои им сметаат, јас ги обожавам. Лани со цимерката никако не се погодувавме, таа сакаше да биде завесата на прозорецот за да не ја разбудат зраците, а јас сакав да биде тргната. Исто така убаво и позитивно се чувствувам ако наутро отворам прозорец и го вдишам утринскиот воздух. А ако ми е се онака во брзање, мене ми се спие но морам да станам и немам многу време да се подготвам, тогаш сум многу понерасположена се додека не се случи нешто што ќе ме расположи. Некогаш и се запрашувам себеси дали воопшто да станам или да продолжам да спијам.
     
  4. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    11.278
    Пол:
    Женски
    Пoрaнo нaјтешкoтo нештo ми беше дa стaнaм нaутрo сега (aмa пoсебнo нaлетo) пoдoбрo ми е дa стaнaм пoрaнo и рaaт дa си се нaпијaм кaфе и дa пoседaм нa кoмпјутер oдкoлку oбрaтнo
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.634
    Допаѓања:
    108.350
    Кога немам аларм спијам најкасно до 10 саат, а кога имам аларм станвам барем еден сат пред алармот. Јас сум од тие луѓе кои го слушаат алармот веќе расонети, со јадење и кафе покрај себе. Кога одам на факултет сум поуморна па легнувам до 12 часот, ама до 8 сум станата. Летно време или барем период кога немам обврски легнувам и до 3/4/5, ама до 10 си сум станата и свежа. Не ми менува колку сати спијам за да бидам свежа. Многу брзо се расонвам, немам тешкотии со тоа, ми требаат околу 5-10 минути сосема да се расонам и обично читкам на форумов, твитер или редит. Се случува да имам денови кога сум многу слободна, имам конечно шанса да се изнаспијам, до касно ама ... ама ... треба да одам до тоалет, и толку, расонета и пак со кокошките станата. Многу сакам да спијам, а ич не спијам ете. :( ;(
     
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    18.536
    Пол:
    Женски
    Порано , нешто што највеќе мразев беше утрински аларм :^) особено кога имав обврски ( како пеглање облека , повторување лекции ) а воедно бев прва смена на училиште , па морав да станам од 5 часот , додека се рассонам ќе ме фатеше 5:15 , па зима додека се наканам да станам од топлиот удобен кревет :@ битка биев со себе си :D сега пак , се будам лесно . Како да ми недостасува она утринско трчање и спремање :D иако не работам , стануваму 6:50 , го будам мм за на работа , и додека тој се тушира , јас правам кафе за двајцата , му припремувам облека , и проверувам дали се сум му ставила што му е потребно за работниот ден :D
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.