Значи ова нема врска. Ќере јаде од 4 месеци, редовни оброци припремано дома. Ама јадела каша купечка, чоколади, смоки, чипс, киндер, гумени бомбони, мастики, кечап, мајонез, сенф.... АМА! Сите овие работи може да ги јаде после главен оброк, понекогаш и нудам и сама. Имаме другарче, кое посегнува по киндер чоколада, а е жива гладна, мајкава не се замара да ја помоли, нити пак од старт ја запозна со храната. Темава е за уцени, а уцените некогаш кога ќе почне да ги сфаќаат од гла ќе ни се удрат, зш ќе речат тогаш, да беее ќе ти помогнам, ама ти ќе ми купиш ајфон и то е уцена. Затоа треба да сме внимателни во одбирање на зборовите
Па не би рекла дека тоа е уцена, тоа е залажување некое. Е сега ако го залажуваш како што викаш со доктор што боцка или со полицаецот, баба рога, итн, итн тогаш реално го заплашуваш, не го залажуваш. Некогаш можеби за опасни работи што би можеле да го чинат здравје или живот, можеби и треба да му се каже на детето реално причината зошто не треба да го прави тоа, баш малку да се уплаши ама на начин кој нема да го преплаши. Значи со внимателно бирани зборови да разбере дека е опасно нештото ама да не се истрауматизира. А ако за се' нешто го заплашуваме со полицаец, доктор и сл. тогаш ќе научи дека тие се страшни луѓе што казнуваат и ќе се плаши од нив кога ќе ги види. Уствари многу деца се плашат од доктори и други униформирани лица баш заради вакви заплашувања. Ќе си имаш мака ти како родител после при одење на лекар, при земање крв, одење на забар и сл.
Ретко кое дете не урлат по амбуланти и не се плашит од бели мантили еве јас а и верувам поголем дел од нас и ден денес чувствуваат нелагодност и доза на страв кога одат на доктор или заболекар знам и луѓе кои се онесвестуваат кога им се зема крв, така да не знам што е поголемо зло дали од мали да ги учиш со уцена послушност
Затоа што и нам ни правеле филмови дека докторите се бабароги. Поточно мене не, јас немам страв од доктори. А ни синко нема. Цело време му зборам дека докторите се добри дека ке му помогнат да му е подобро и без проблем оди на лекар.
Епа на некој начин и ова е индиректна уцена. Јади грашок за да добиеш чоколадо. Уцени, секако, не реков дека се добри. Ама кога ќе треба да му дадеш сирупче или недајбоже чепче, и за жива глава не сака, подобро да го “поткупиш” и залажеш одколку 1 саат да вришти и онака болно. Не знам, пак ќе речам, не сум родител, можеби грешам, ама не верувам дека има родител кој никогаш не се послужил со манипулација. Па не се сите родители психолози, не знаат како, и тоа е скроз океј
Ели, никој ништо лошо не мислеше за да настапуваш дефанзивно. Полесно за тебе ќе е, ништо друго. Јас ја учам дека за здравје мора, едноставно тоа е факт. Кога сме болни немаме избор, освен да ни биде подобро и да направиме што можеме за да оздравиме. А докторите ни помагаат во тоа. Кога не разбираше и беше премала без објаснувања толку, само гушкање, ама мора и тоа е. Потоа како расте и почнува да разбира повеќе се објаснува. Го прифаќаат тоа децата зашто им е ужасно кога се болни и сами сакаат да оздрават, па полесно е кога ќе им се објасни и ќе разберат. Уцена е да речеш ако изедеш све ќе добиеш десерт. Не е уцена ако објасниш дека ручек е главен оброк, десерт оди после главниот оброк. Без разлика колку изеле.
Ќе го лажеш уште година две со доктор полицаец ама кога ќе има 5-6 години не верувам дека ова ќе упали ама со уцената што правиме кога ќе постапува со иста тактика со која нешто што го сака добива, дај ми 1000ка или ќе ти ја скршам главата лол
Ова! Ќерка ми е 2 години и 10 месеци. До пред 2 години пак нешто ќе каснеше, сега сме на 3 оброци само, значи 3 различни јадења што воопшто ги јаде. Ужинките со овошје не ги рачунам, детето ми е само на макарони како главен оброк. Знам јас колку се пробувам, и колку се трудам, цело време нудам се што спремам и џабе е. И јас доста често пишувам дека едвај чекам да почне да го разбира концептот на уцена најмногу од таа причина. Нејзината исхрана. А нејадач каков што имам не јаде ни смоки ни благо. Сите знаеме дека да се биде политички коректен е најдобро. Ама има и ситуации кога мора да се реагира во моментот и немаш време уста пена да ти фаќа со саати и денови. Ете баш тогаш нејќе сируп да пие или нејќе во градинка да оди или нејќе нешто а тебе ти гори под нозе. Знаете, подобро да сме реални отколку да се правиме совршени. Не, нема да му биде на детето ништо ако некогаш се снајдеш со уцена. И не, тоа не те прави лош родител. Битно е само уцената да не е неизоставен дел од воспитувањето, тогаш може да е лошо понатака. И битно е со деца како ќе расте за секоја возраст да се наоѓа подобра и посоодветна алтернатива. Кога се прилично мали, нема да има последици од понекоја уцена. Не мора да правите гилти трипс на оние што некогаш така се снашле.
Така е, затоа пишав индиректна уцена. Ве има научено дека ако изеде манџа може да јаде чоколади. Пробај после манџата да не му дадеш “слатки задоволства” неколку пати особено па ако побара, па да видиме дали ќе јаде така лесно. Не е уцена само ако директно му кажеш. И пак ќе речам, некогаш родителите се во безизлезна ситуација, каде е потребна брза реакција, и го немаат целото време на планетата да објаснуваат нешто што тешко дека од прва ќе вроди со плод. Неискуство, страв, па на крај краева и жал за детето си го прави своето. Сите знаеме што е правилно, ама сите исто така и грешиме, свесно или несвесно. И родителите што грешат не се лоши родители.
Ми се испуштила по некоја уцена кога веќе немам со што да го убедам, инаку сум строго против такво воспитување. Ништо страшно ако се снајдеш во некоја ситуација ама мислам дека ако се навикне така детето, после е потешко за компромис. Единствено можам да кажам 'ќе јадеш сладолед ако го изедеш ручекот прво' ама и тоа не пали секогаш. Од доктори и полицајци нема страв, напротив се потрудив многу да сфати дека му се пријатели. Кај доктор сам крева маица, сам дава раче за крв да му земат, отвара уста. Дефинитивно подобар избор отколку да има страв и да не може убаво да го прегледаат.
Го ученувам со купување на играчка кога ќе е болен кога треба сирупи да пија, ако му го дадам насила ќе го исповрати. Ако го подметна во нешто го сеќава одма. Секогаш му зборуваме со мм дека сирупот е за побрзо да оздрави да можи да игра со децата надвор. Ама дете си има инат. За блокмаксот вика лути ама со сокче го пие, а некогаш вика "не е убав ќе го исповратам" и откако ќе го испие за 1 минута го повраќа. Исто и за амоксиклав от, а панцеф си го испи без правење на драми, дури бараше уште од него. Последно кога беше настинат само да го пие сирупот му купивме ролери. Пиеше два ден после пак се инаетеше и го залажуваме со полиција.Кучината надвор кога ќе залат тогаш иди полицијата. А инаку кога ќе види полиција се поздравува со нив.
Да, природно е да се плаши човек од игла и остри предмети. И да нема вакви заплашувања може да се плаши после од лекар заради личното непријатно искуство од претходно ама нема да биде заради тоа што родителот го плашел. Имам доста примери на деца од пријатели и роднини каде што родителите се лекари, сестри или забари што не не само што не се плашат од нив туку не се плашат ни од самата игла, инструменти, правење заби, зашто биле изложени на нив на позитивен начин, и тоа баш од родителите. Даваат рака за боцкање без емоции, први волонтираат да поминат на систематски и тоа зборам од мали нозе..
Има невини уцени, ама има и луѓе кои одат до точка да им викаат на децата дека ќе ги напуштат ако не направат тоа и тоа и слични креативни методи. Во секој случај заканите и уцените се само за контрола, не постои реална придобивка од нив, освен моментална послушност.И океј не мислам ни јас дека е до толку страшно некогаш да се каже ептен бенигна уцена, ама треба повеќе да се збори за уцени кои понатаму стварно лошо влијаат.
Незнам дали спаѓа во уцени веројатно да.Ама има правило,ако сте умни не се тепате меѓу себе,не бегате од нас,не држите за рака итн ќе бидете наградени за доброто однесување и ќе одите таму и таму.Пробувам и да им објаснам да бидат благодарни за се тоа што го добиваат затоа што некое дете тоа неможе да го добие.Ако е уцена нека е.Сум пробала да им објаснам дека е културно да шетаат до нас,без викање и трчање,дека тоа го прават умните деца,ама реално на децата не им е тоа којзнае колкаво достигнување.И затоа мора да го сфатат како награда. За на доктор,стоматолог,вакцини им објаснуваме дека едноставно таму мора да се оди.Дека тоа се добри чичковци и тетки.Не ги плашиме ни со полицајци.Едноставно им кажуваме дека може да се изгубат,дека постојат луѓе што може да ги украдат,и тоа не е лага.Арно ама децата за се си имаат оправдување и објаснување па ни викаат ако се изгубиме ќе не најдат полицајците и така.Се трудиме најдобро што можеме,а дека правиме се правилно не верувам.
Ова да се правиме совршени на мене ли се однесуваше вака малку пасив агресив поставено? Ова уште во првиот пост го пишав, истото го кажуваш што и јас веќе го кажав. Инаку, не е уцена ако последиците од нештото се реални и едноставно тоа е вистина или факт. На пример, ако седиш неврзана во автомобилот може да не сопре полиција и да не казни поради тоа. Ниту закана ниту ништо, едноставно реалност. Јас и татко ти се врзуваме, треба да сме сите врзани, а и не само поради полицијата, туку поради нашата безбедност. Или, доколку не се пие сирупот кој што го дал лекарот може да ни биде полошо само, да не оздравиме и тогаш навистина да одиме на болница. Факт. А за нејадењето прочитајте некоја книга, ви ја препорачувам https://sarahockwell-smith.com/tag/gentle-eating/, предобра е, се занимава токму со таа проблематика и доста ќе ви помогне.
Да, го користам. Не, не читам странска психологија која ќе ме направи пре-нај-мајка. Кога гори под нозе идам со -Хаги ќе заврши у море ако повторно го направиш тоа. И успева. И камо пола од децата да се паметни како син ми.
Може да дадам мислење (т.е. што правам јас не е ни мисење) на тема а да не ми попува никој!? Одговорив. Не побарав совет. Фмп.
И? Како после ќе направиш да те слуша и да не ти води инат? Каков мислиш дека ќе ви биде односот? Не мораш совет да побараш за ако сакам да ти реплицирам. Можеш само слободно да ме прескокнеш.