Ако мисли дека не му е битен хаги(да продолжам со примерот од погоре) тогаш ќе најдам друго што му е битно и ќе мора да направи. ЈАС ја родив неа, не таа мене Односот ... Родител - дете ќе ни биде. Така и треба да е.
Баш ова го зборевме со негувателката на Д. У никој случај глумење другари. Да требало да сме другари немало да го родам. Ниту треба се да ми кажува, ниту треба да се лигавам дека сум му другарка за се да знам. Детето ТРЕБА да има свои тајни. И не, нема да се тајни од типот дека се коцка ако е воспитано доволно добро. А тоа не зависи од "другарството" со своето дете. Детето сака правила и принципи. И кога изводи и проверува до кај му е границата, тоа најчесто е да види до кај му се може. Што повеќе му се може... толку позаебанКо за во иднина. Зборев на оваа тема со мојот психолог, јер он има книги околу родителство и баш му реков- не правам се ко во книгата што велиш. Малце построга сум јас. И рече-ќе правиш она што мислиш дека треба, а не како пишува. Книгата е основ, а секое дете е приказна за себе.
А не може да ти каже: не сакам сируп, сакам болен да бидам? Или не сакам да се врзам во кола-нека не сопре полиција? Тоа не значи дека треба неврзан и болен да го оставиш што потоа?
Со зборување постојано нема да каже зашто веќе разбира причина и последица. Поврзаност на постапките. А не, ако не направиш тоа ти отиде најомилената плишана играчка во ѓубре. Кое нема врска едно со друго.
"ако повторно го направиш тоа" и "ако не го направиш тоа" се тродимензионално различни. јас на син ми не му викам- ако не спржиш компир отиде хаги у канта ама за да испаднеме попаметни ќе извртиме и измиксаме колку сакаме. но сепак, не се лутам
Најискрено свака ти част ако успеваш на 2-3 годишно дете да му ја објасниш вистинската причина за нешто. Ама не се сите деца исти, не сите сфаќаат…
Леле без навреда, ама ваквите родители кои по секоја цена главна цел им е да воспостават некој си стравопочит мислам дека само сакаат да го осетат тоа чувство на авторитет, веќе самата постапка што ја бараат од детето доаѓа во втор план изгледа. Имам доста помала сестра која на 9-10 години почна се да и контра на мајка ми од тоа што цел живот мора да направи нешто. И јас се нервирав што некои најнормални работи она од инат немаше да ги направи. Затоа мајка ми ни кажа на мене и на татко ми ништо да не и наредуваме туку со убаво да ја прашуваме и имаше подобри реакции кон таква постапка. Девојчето се осеќаше дека не може да дојде до израз со нејзини желби од тоа што се мора да направи како што друг и каже (иако согурна сум дека кога била помала мајка ми ја терала да прави регуларни работи). На колку караници имам сведочено кај што мајка ми и има кажано дека ќе и земе телефон - "Добро земи.", ќе и земе и лаптоп плус - "Океј земи." и плејстејшн ќе исклучи - "Океј земи." и лектирата пак немаше да биде прочитана, сестра ми буквално ќе дремеше во соба ама немаше да послуша. Овдека збориме за постари години од за што е наменета темава, ама истото е. Можеби сестра ми е невоспитана, а мајка ми неспособна да воспостави авторитет според вас, јас не мислам така, ама верувам дека би било супер мајка ми да читала странска литература.
И тоа ок е? Лектирата мора да ја прочита. Не, не може да е желба дали ќе прочита лектира или не. Мора да ја прочита и точка. Мора да си ги собере сама играчките со кои ќе си игра. И тоа не е желба. Патем и сериозна македонска литература има за вакви работи, да не влегуваме во странски филм
Секако дека лектири треба да се прочитаат, примерот што го дадов е очајна мајка што крајни уцени испробала за да го натера детето да чита, да учи итн. и пак не функционираше затоа што сестра ми не ја осеќаше таа потреба да постигнува добри резултати на училиште. Не знам кај промашила мајка ми, ама тоа се гради од мали години. Јас кога бев помала имавме огромни финансиски проблеми и моите ми вградиле во глава дека ако учам подоцна ќе имам пари и нема вака да се мачам. Мене мајка ми после 3то одделение мислам дека ме нема проверено за дали имам напишано домашно пошто самата стекнав одговорност за училиште. Само сакам да покажам разлика меѓу "учи затоа што јас така ти велам" и вградено уверување дека едукацијата е корисна и отвара патишта во животот. Иако во мој случај ова второво не е пример за правилно родителство и ми е укажано речиси случајно. Тоа за желби што го пишав, како што реков, од што она морала се да направи, не се чувствуваше дека самата одлучува за било што и преку контрирање дури и на нормални работи она си има илузија дека си го сочувува тој некој нејзин идентитет со нејзини желби. Затоа на детето треба да му е јасно зошто МОРА да ги прави работите, а не едноставно затоа што мора. Ти како би натерала дете во четврто одделение да прочита лектира ако екстремна уцена не функционира? Ќе му ја рецитираш? Се надевам не ме сфаќаш како дрска, навистина сакам да знам. Јас не сум тука да бидам полицаец на мајки.
Јас не сум добивала таков генерален пристап од моите. Никогаш немало if-then однос. Уцени, казни, награди не се и не треба да се крајно решение и продукт на било што, дури ни во корпоративниот свет, не пак кога се работи за деца. Најефективен пристап е да ти ги објаснат грешките и да те насочат во правилната насока, со фокус дека тоа за тебе е по(нај)добро. Ама и таа личност треба да има усвоено критчно мислење и да е селф-коншс. Што малку потешко е кај ептен мали деца кои се уште не разбираат, ама мислам дека многу зборување и објаснување, и давање личен пример, е најдобриот начин да се процедира. И да, некогаш одзема повеќе време од тоа што се има на располагање, ама па тоа е дете, а од другата страна се наоѓа родител. Многу работи се даденост за такви односи, трпението клучна.
Не само што не мора да ја прочита, туку убаво би било и да има слобода да каже дека не сака. Има еден куп среќни луѓе без прочитана лектира и обратно. Секој од нас сака совршено дете, а притоа од сопствената несовршеност често добиваме погрешни сигнали. Отвореност во односот,постојана комуникација и трпение....нека се живи и здрави,па полека... Уцената, па и најмала е најлош избор , иако за самооправдување не е лоша....
Моето има право да искаже секаква желба дури и да каже дека не сака да ја прочита. И тоа нема да го смени фактот дека лектирата мора да ја прочита.
Како те зачитав, баш ќе те прашав на колку год ова, ама ете си пишала дека е тешко со мали деца. И психолози препорачуваат награда и казна кај деца. Не збориме за тинејџери со кои кафе моеш да пиеш. Збориме за дете на возраст кога стравот сеуште не му е развиен. Нема поим дека може кола да го згази ако излета на улица. Дека може да падне од петти кат ако се качи на стол за да ѕирне надолу. Со седнување и објаснување може и сто пати, ама нивната детска љубопитност не секогаш се задоволува. И детето е дете, пред се. Наша обврска е да го заштитиме и да е безбедно. Син ми од септември ќе оди во школо и јас пример нема да имам фрка за учење јер стварно сака книги, од мн мал ги засака. Ама затоа сака и на плажа песок да ми сипува во коса знае дека не може да ме повреди со тоа, знае и дека не е убаво, ама ете го прави. Затоа идеме со Хаги ќе заврши у море ако продолжиш. И не, не сметам дека детето сум го истрауматизирала или оштетила психички зошто не сум рекла -немој бе синче љуби те мајка
Не те перцепирам така, си дискутираме. Не знам од сега да кажам (многу далеку ми е тоа ќерка ми има 4 години) мислам дека до тогаш би стекнала некоја навика на обврски кои треба да ги направи. Еве мене сега ми е со играчките ако не ги собере нема надвор со другарчињата ... Два три пати така и еве сама си собира без разлика дали треба да одиме надвор или не. Школото и е нејзина обврска лектирата ок не мора да ја прочита ама таму на школо ќе има друга уцена дека ако не ја прочита ќе има единица, а другите кои ја прочитале ќе имаат 5ка. Нејзино си е. Ко за играчките еве, нека не ги собира-нема надвор.
Кога го запишав баш ме прашуваше Д што ќе се случи ако добие единица. Фино му објаснив дека нема да работи тоа што сака. Нема да биде пилот, нема да иде во војска (сакал за арм да вози ). Ако ти се работи било што, не учи. Ама нема да имаш избор што да работиш Се замисли добро. Сега само петки сакал Голем е мојов, друго е. 2 год мн менува. Ама пак, мора да се каже и лошата страна...
Како класични уцени не користам, повеќе можам да кажам дека се ветувања ако го направи нештото ќе добие нешто. Пр бидејќи често сме по болници, и кажувам прво да одиме таму, па потоа од таму ќе правиме што сакаш или ќе одиме кај сакаш. Или наместо ако не изедеш ручекот нема надвор, и велам прво да се руча па откако ќе изeдеш ќе одиме надвор. Некогаш ми успева некогаш не, Користам и казна., одземање телефон или не излегување. Па откако почнав со тоа многу поинаку е, гледам промени на подобро. А ова со уцените и ветувањата еднаш ми се удри од глава и оттогаш пазам што ветувам. Помала беше бевме на забар расипан заб. Одевме секој ден можеби една недела ќе седнеше на стол и плачеше зајдуваше. Па зборај убедвај дека за нејзино добро, ќе ја боли ако не го направи, џабе се. И додека седеше на стол и плачи јас во немоќ и викам ако го направиш одиме во џамбо и ќе си купиш што сакаш. И ми вика и скапа играчка можи? И викам да што сакаш. И така забот тогаш ме кошташе 4000 денари.
Уцена со причина и објаснување. На пример: ако не го изедеш овошјето нема да добиеш никаква друга храна, тестенините не се добри за здравјето. Или...додека не ја научиш песничката нема излагање од дома, пред се е училиштето.Ако ја научиш, веднаш излагаш.Прво школо после играње.
Сум користела уцени, а и сега понекогаш користам (немајка ) Се трудам ќерка ми да ја научам дека мора да ги извршува обврските, за да ужива во привилегиите т.е треба да се прочита лектирата за да потоа биде слободна и може да вози ролерки, на пример. И еден куп вакви примери се трудам да ги применуваме. Мора да научи дека обврските се приоритет, а привилегиите треба да се заслужат. Дали сум лоша, немајка итн... ич не ми е гајле