Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уценување на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 16 јуни 2022.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Ок е ова...реалност е, не е уцена. Треба да се учи да бира од најмали нозе, секако со многу разговор и свесност за последиците од секоја одлука.

    Каква врска има ова со темава?

    Ова е правилно.

    Не знам како ја поврзавте темава со размазеност, кога за манипулација станува збор....и кога детето манипулира ,добро би било да подзамижиме и суптилно и со многу љубов да ги " осетиме " неговите потреби и стремежи, кои понекогаш немаат допирни точки со нашите.
    Што се однесува до нас возрасните,сметам дека е забранет секаков вид на манипулација.
     
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Како нема врска со темата?
    Па вајда не "уценуваш" кога ќе ти побара сладолед.
    Се знае кога се оди во крајност.
    Кога се работи за сериозна ствар.
     
    На senjorita-v и fana им се допаѓа ова.
  3. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не го гледам уценувањето, ако може воопшто така и да се нарече, како нешто драматично. И понатака во животот има награда за добро и последици за лошо однесување. Ако не работиш, ќе ти ја намалат платата или ќе добиеш отказ, ако не плаќаш сметки, ќе те исклучат. Го учиш детето на акција и реакција.
    Дете од две години нема да разбере ако сирупот не го испие, што се последиците, но ако го искористиш моментот на слабост барем она со кое има интеракција и е во контакт, има повеќе шанси да соработува. Не му значи ништо бактерија, бронхит, пневмонија, ама омилената играчка или активност полесно ќе ја асоцира со она што е побарано.
    И некој ќе напише, тоа ќе го искористи против тебе. Да сме живи и здрави, ќе видиме. Никогаш не сум се дрзнала да уценувам родител, затоа и се прави таа граница што е пријател што е родител.
     
    На Осе и LiliBoz им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz

    А како го уценуваш да не истрча на улица?
    Единствено го држиш цврсто за рака и тоа е....додека се мали,само зборување и 24 часа очи отворени...ќе помине бргу тој период...нема потреба од условување...додуша јас ни награди ни казни не подржувам особено....некако самите знаеле и знаат колку,кога и како....најверојатно од премногу објаснување :D
     
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.478
    Пол:
    Женски
    Користев уцени со помалата за јадење иако долгорочно знам дека не е во ред.
    Кога имаш дете што ништо не јаде и на глава ќе стоиш колку и да не е исправно тоа.
    Долгорочно да,предизвикува негативни емоции,чувство на вина,детето прави нешто што не сака.
    Знаете луѓе кои и како возрасни и кога не се виновни се окривуваат себе прво.
    Тоа од тука произлегува.
    Но,авторитет кој одлучува мора да постои,граници исто така,бидејки многу работи можат да нејќат.
    Некои работи мора да бидат направени.
    Мора да се вади крв од рачето иако не сака.
    Мора да дава раче преку улица иако не сака.

    Теоријата што не треба е многу лесна.
    Многу е тешка да ја спроведеш и да биде совршено исправна во пракса кога детето ти има 2 + години.
     
    На gjoker4e, mal.ecka, nevermet18 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Ај еве ќе ти дам пример од утрово.
    Син ми е пренајпаметно дете.
    Знае во маркет како треба да се однесува.
    Но има моменти кога ме "тестира" колку тој ден и до кај може да иде.
    Бевме во тинекс, дур бирав кашкавал, иако знае дека треба да стои до мене он реши дека таму треба да трча. Два пати опоменав. Третиот пат отидовме на каса, чоколадото магично го снема. Кога излеговме му кажав дека е казнет и затоа нема чоколадо.
    Секако дека плачеше, ама следен пат нема да му текне.
    Чим опомена не проаѓа, казна проаѓа. И не, не можам да речам -ај бе дете е нека трча. 6 ќе полни, знае каде е за трчање каде не.
    Се трудам максимално да е воспитан зашто сама го воспитувам. И немам абер да го оставам така да се однесува.
    среќа реткост се ваквите моменти.
     
    На nevermet18, JoyJoy, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    8.722
    Пол:
    Женски
    Ова не е уцена ова е казна за лошо однесување.
    Мислам по океј ми е.

    Нареден пат кога ќе се однесува добро не заборавај да го наградиш. Тоа е уште поефикасно ;)
     
    На nevermet18 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    ихх... уште пред да помисли ќе добие награда :D
    таман раб :D
     
    На senjorita-v и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.518
    Допаѓања:
    251.493
    Родителот пред се треба да биде родител, авторитет, а не другар.
    Никогаш нема да му бидам другар, барем не додека се осамостои. Мора да има граници, мора да научи дека има правила, дека он има обврски.
    Дали сум користела уцени? Да, малку ама сум користела.
    На пример да заврши одредена задача, па потоа да си игра.
    Но, голем дел од воспитувањето ни се состои од укажување и зборување.
    Кога ќе направи грешка знае да биде искаран па и казнет.
    За добро завршена работа знае да биде награден.
    Исто така знае дека доколку он одговара соодветно на задачите, кога ќе посака нешто и го добива. Оти се однесувал добро.
    Не може да биде немирен, невоспитан, а да му обезбедам се што ќе посака.

    Уцени класични ретко кога. За жал знам, во блиско опкружување дете буквално пораснато со уцени. Резултатите се катастрофални.
    Мора баланс, секое дете е различно, мора ти како родител да најдеш начин како да го воспитуваш и како родител да те слуша и почитува.
    И нема правила, оти децата не се гледаат по шаблон. Секој е посебен.
     
    На tessie, nevermet18, mariz и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Јас лично не можам да го разберам концептот казна и награда како функционален, уште помалку препорачан од професиналец/психолог и прифатен. Дваесет и кусур години, ниту моите ме казнуваат и наградуваат, ниту јас имам и практикувам таков мајндсет со себе си, ниту пак професионално сум имала таков генерален пристап, дури и при бонуси, ама тоа е заради направени таргети и завршена работа по избор, не е никаква награда.

    Не можам да зборувам лично каква сум била ептен мала, но другите велат дека сум била разбирливо дете. Од кога веќе имам некаква меморија, знам каков однос сум добивала и бил ефективен. Едниот родител беше малку без осет и мислеше дека ако сум дете, сум дел од него, да правам се по начин на кој тој сака. Во неколку наврати сум добивала удари по газ јер сметаше дека тоа е океј да докаже поента која јас така или иначе не ја разбрав. Да кине листови јер некаде некое зборче е искривено, (се уште ми е апсурдна постапкава) итн. Не знам дали тоа било казна, ама знам дека многу брзо работите ескалира, и се остана само на еден-два такви примери.
    Во еден момент нашиот однос отиде толку јужно почнувајќи од такви хирови, што веќе е непостоечки.

    Од друга страна има друг родител кој никогаш не дигнал рака, и од мала ме воспитува дека сме најдобри пријатели. Секогаш се се решавало со разговор, без тантруми и бламирање.

    Јас не сум ги прочитала сите лектири. Затоа имам прочитано 2000+ други до моментов. Не го сметам тоа за неуспех. Да имало драма од моите дома, мислам дека и имаше еднаш, пак немаше да ги прочитам само затоа што тие ми викаат дека морам. Некои книги просто се прости. До ден днешен не знам зошто изгубив време на Споменка и Марта. А да, имав услов од наставничката дека иако покрај писмените и тестовите кои се 5ки, ќе ми стави 4ка ако до крајот на годината не ги прочитам тие 2 лектири, т.е. сите за таа година.
    Гес уат, прочитав, ама тоа јер отличничка. Го надминав тој комплекс веќе.
    Мислам дека тоа е првиот и последен пат некој да ме уцени за нешто, и јас да подлегнам.

    Ако некој мисли да гради таков однос, автоматски се тргам. Роднини, пријатели, кој и да е.

    Не знам колку години е син ти, но ако јас сум на негово место, и разбирам т.е. 7+ претпоставувам, нема да дојдам на пазарење нареден пат.

    Не знам дали доловив поента, но идејата ми е: казна/уцена/нагреда можеби е ефективен метод за дегени, ама не и за нормални суштества. Јас не сум идиот, и нема да дозволам некој да ме третира како таков со уцени или некакви залжувања-уау-награда.
    Со разговор можеби ќе постигнеме разбирање, ама со гореспоментиов пристап, ме губиш од почеток.
     
    На gjoker4e, nevermet18, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    За концептот награда и казна, скроз ќе се согласам со мислењето погоре. Прво зборот казна мене ми делува застрашувачки. Јас не го употребувам ниту зборот награди. Наместо тоа велам, привилегии. Привилегија е тв, играчка, благо итн. Ништо ново купено. Мотивирање да го решат сами проблемот и интервенција од родител ако има потреба и не им оди добро.

    Уцени користев со првата ќерка, во стилот, ако не јадеш, нема да гледаш тв. Кога видов дека ги врти против мене, односно ги усвојува во однесување, сфатив дека е време за промени. Пак е уцена можеби, ама е во завиткана форма. Напиши ја домашната, па после може да одиш надвор. Три деца имам и за сите тројца го имам истиот начин.

    Друго, не знам што значи ова со дете не треба да бидеш другарка мајке ми. И не знам како ова го оспорува авторитет. Релација доверба, сигурност, поддршка, потпора, разговор и останати позитивни насоки на скроз другарска основа имаме и јас и мм со децата. Ама сме прво родители и пред се авторитет. Мајка и татко кои поставиле граници кои мора да се почитуваат. Нема преговори, има разговори и секако не, значи не. Иначе, за помали деца функционира најдобро преку примери. Грешките се разговараат, не се казнуваат. Евентуално, зависно за што се работи, вечер пред спиење нема тв (одземање привилегии) за да имаме време за размислување и решавање на проблемот. Значи иде со објаснување зошто немаме време за тв.

    Друго, можеби е надвор од темата, ама сакам да кажам дека за дете нема поголема награда од гордоста во очите на родителот. Позитивно однесување најдобро се поттикнува со радост, гордост, среќа во очите на родителот.

    Рецимо, примерот на улица. Го држам син ми цврсто за раче, преминуваме и после го поттикнувам неговото позитивно однесување со "пофалба" во моите очи. И можеме да јадеме сладолед, оти безбедно преминавме. :D Исто да кажам, со класични пофалби, не е добро да се претерува.
     
    На JoyJoy, gjoker4e, nevermet18 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.694
    Допаѓања:
    11.204
    Пол:
    Женски
    Мојов малечок е уште, 2 години и 3 месеци има. Не дека не разбира уцена, ама не јас сфаќа врската причина - последица.
    Што ме советувате, дали овој начин е коректен?
    Пример: ајде да смениме пелена и ќе ти дадам сокче. Друго звучи ако речам: е ако сакаш сок, легни да ти менам пелена.
    Гледам како чекори да му ги кажам работите и иако после нешто досадно следува послатка работа, се надевам малиот мозок не ја интерпретира ко награда. А сепак се повикува да направи прво нешто што не сака.
    Ваков начин е ок?

    Потоа не користам полицајци, доктори, земање од туѓи лица скраја да е. Многу лошо звучи.
    А слушам родители сѐ уште користат фразава: види теткава (јас дури поминувам) ќе те земе/ќе се смее/ќе се кара ако плачеш. И еднаш така на една, ѝ го зафркнав плашењето. Ѝ велам не карам јас деца. И таа: ам ако така.
    Глупости. Ако не можеш со свое дете да се справиш, што ме земаш в уста.

    Ок, за доктори имам речено дури го цица прстето дека ќе ги боли ќе му го боцнат. И маж ми така, демек за да се исплаши. Ама не палеше и не прам појќе така.
    И најубо да му велам за доктори, ја познава средината и реагира одма. Тој уште од година плачеше од вакцини уште од прагот, а тивко без деца. Сега не е однесен година и пол :tmi:

    Колку и да се мали, ако често слушаат некакви искази, ќе им преминат во навика. А и нам, па после сѐ ќе биде сведено на молење и уценување. Ама тактика мора некаква. Особено од две години кога се појавува отпор инат револт, не се издржува.
    За јадење сум немала потреба за уцена, јаде сам. А за средување играчки, гледам навика да му е, го поттикнувам да ги враќаме назад пред спиење и помага :D
    Му кажувам дека сите работи во домот имаат свое место и се враќаат назад.

    И за сите секојдневни случки, најдобро е ако се постапува кон мала личност, со разговор отколку да биде цело време со плашење, уценување, третирано како ништо да не разбира.
    Гледам постарите генерации одма со стравот се служат. Еднашка во подрум бевме со син ми и тој нешто кемкаше се бунеше. Ок, јас си ќутам го чекам да му помине. И заидува една комшивка повозрасна и му вели: аха кој се буни таму, сега бубата ќе излезе :doh: а јас пак одма да потспасам ситуација му викам не не нема ништо, уживај. :D
    Можда глупо изгледа од страна, ќе рече возрасниот "паметниот" како не ја сфаќам финтата, ама стварно такви лажења ми се бош. И што? Вечер да сонува да се плаши или подрум да му биде асоцијација на нешто страшно. Не дека мене не ми е, цел живот го сонувам :wasntme:
    Или пак со темница кога ги плашат, ќе излезело чудовиште што знам јас. Никогаш не велам така, зашто јас ќе имам мака после со заспивање. А еве го сега сам си побара да го ставам во креветче и да заспива. И му дозволив а јас тивко си излегувам :mm:
    А кога се појавуваат стравови всушност?
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    17.186
    Пол:
    Женски
    Вчера ја превртеа цела куќа,и им викам секој својот дел ќе си го раскрене.Големиот стана и без проблем си раскрена.Малото 3.5 год почна да негодува неможел уморен бил.Му објаснувам дека куќата мора да ни е чиста и средена,дека сите ние се грижиме за неа.Му реков ова не е хотел каде што оставаме и доаѓаат тетките да средат.И он фино лепо ми се сврте и вика а во хотел други чистат не ние?Му викам да.Епа јас веќе несакам тука да живеам ќе си одам во хотел хахахха.
    Е откако му реков дека прво ќе средиме па ќе гледаме цртани магично му помина уморот и си раскрена се.Тука не пали објаснувањето дека во валкана куќа не се живее.
     
    На mal.ecka, nevermet18 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Методов за дегени како погоре што го нарече членкана, магично помага во одредена возраст.
    Ок, јас користам метод за дегени. Ќе го користам уште некој месец по потреба, пошто на 7 год знам дека нема да ми е потребен.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    17.186
    Пол:
    Женски
    Јас знам едно, воспитувањето е долг процес,и ни најмалце едноставен.Децата се менуваат,фази менуваат,со тоа и ние методи.
    Дали детето ќе биде ,,добро" воспитано времето ќе покаже.И никогаш нема да знаеме дали нашиот метод бил вистински,најдобар,како год,зошто нели сме се усмериле на еден метод.Или ако користиме повеќе методи па ќе си речеш ете тука ми е грешката.
    И не верувам дека барем еднаш во живот секој еден родител не се запрашал каде згрешив,што згрешив.
    Така да дегенски или не секој нормален човек пробува да го даде максимумот од себе,а дека ќе успееме во тоа не верувам.Затоа што колку влијае воспитувањето толку има и удел карактерот на детето.
     
    На JoyJoy, nevermet18 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  16. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Уште сега се плашам во врска со воспитувањето а тек сме 7 месеци.
    Ја гледам колку е индивидуа за себе (од типот на не замарај многу) колку е решителна, колку е инат кога ќе науми нешто и колку сака се побрзо и одма. И колку и да ми е драго за подоцна во животот со овие особини толку и страв ме фаќа од "блиската" иднина и процесот на воспитување. Од друга страна знам дека татко и ќе ја разгалува и со тоа мојата улога ќе мора да е таа строгата и лошиот полицаец. За уцените не сум ама некој пат се неопходни.
     
  17. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    3.943
    Пол:
    Женски
    Да сум користела со голамата, користам и со малата.
    Користам од типот
    - ако не мочкаш во шоља, нема да ти дадам сладолед ( на пример)
    - Ако не го издедеш јадењето , нема да те шетам во парк и сл на нив.
    Големата веќе 8 год, не и требаат вакви фори ( јас фори ги викам , не уцени ) оти можам да и објаснам зошто треба да прави нешто а зошто не.
    Малата 4 год. сега почнувам и со неа филозофски, без уцени.
    Мислам дека некогаш и треба да користиме.
    Како да објаснам на 2 год.дете на пример зошто треба да пие горчлив сируп. Го плука и не може да разбере дека е за нејзино добро.Она во тој момент знае дека не е убав и нејќе да го пие. Тогаш мора уцена некоја.
     
    На Kumanovkaa и JoyJoy им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    пробувана е тактикава кај мене, ко помала некогаш палеше, после сфатив дека е блеф.Ама на секоја уцена контра праев, пример ако не го дојадеш/изедеш ова, нема тоа, и јас не јадев, за инат.Немаше да отидам, ама немаше ни да јадам.
    И до ден денес знае татко ми така маалската да ми ја пушти, мислејќи дека уште имам 7-8 години.
    Ама нот воркинг.
    прелошо нешто е уцена.Не е океј да се зафркавате со некој ,,помалку моќен“ од вас.
     
    На sonuvana и elimkd им се допаѓа ова.
  19. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Isti godini ima i moeto ,ama za trcanje niz TINEKS ,nema da dobie nikakva kazna.Tatko mu golemiot bas vaka go vospituvase i se vadese od pamet ako ne go slusa,ama sega kako pogolem imam isplplaseno i sramezlivo dete.Zatoa sega ne mu popustam na maz,popustam na dete i nema kontra efekt so maloto.,ama prasuva pred da zeme cokolado dali imam pari,ako dozvolam da,ako nema nikomu nisto nema da paga na zemja.Pa duri i da paga i cel narod da me gleda bas mi e gajle.
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    твој избор. немам поим зашо ме цитираш.