Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уценување на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 16 јуни 2022.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.337
    Пол:
    Женски
    Мене малку чудни ми се сите мислења во темава. Само со неколку се согласувам.
    Не би и рекла никогаш ако не јадеш нема да одиме во парк. Во градинка зарем така им викаат? Магично го снемува зборот ‘самостојност’ со реченицава. Или јадење, одење во вц, спиење да се уценува со играчка мислам дека ќе се збуни организмот нема да знае дали навистина му се јадев/оди во вц/спие.
    Детето треба да се остави да биде самостојно секако дека во граници. И секако дека ако во секундата е во опасна ситуација и уценуваш и се по ред освен ако немаш 100% перфектна само контрола.
    И никогаш не би му рекла дека ако не учи нема да работи или нема да има пари. Веќе научивме мислам дека не е се во школото. Со последнава реченица две можеби и не секој би ме сфатил ама јас сум убедена дека и без школо може да се постигне многу во животот во секоја област ама не ако се рече ‘дека без школо нема пари’ тогаш тоа ќе му вришти од потсвеста на детето кога ќе порасне.
     
    На WildMk, Mantub и Srckata28 им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Така е, јас скроз се сложувам со тебе.

    Ама хирург не се станува со 6 месеци онлајн курс, а ниту пилот.

    А пошо идеите за работа на син ми се захтевни школо, јеби га, морам така да зборам :D
     
    На Misskirova, JoyJoy, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.689
    Допаѓања:
    18.350
    Пол:
    Женски
    Дали денес работиш тоа што си сонувала на 7 години, толку како да прочитав дека има син ти?
    Остави го детето да сонува. ;)
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    17.185
    Пол:
    Женски
    Нажалост во градинка знаат да им кажат многу полоши работи.Редовно се користи ако не сте мирни и се тепате нема да одите на лулашки,и вистина ради 3,4 дечиња што постојано си се тепаат не ги носат надвор.Ако сте неумни ќе ве пратиме кај Вале,и децата вистина се плашат од Вале(воспитувачка на др група).Или ќе ве пратиме во јасли.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    син ми има 5.5год.
    тоа што му објаснувам од мал како стоје ствари е советувано ем од детски психолог ем како родител немам абер да го лажам.
    никој него не му забранил да сонува, ама нема да му ставам розови наочари, туку ќе му дадам мотив зошто да учи.
    патем, совет не побарав :D
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам, а исто важи и за реченици дека за да се дојде до пари ќе мора многу да се мачи, многу да учи и триста глупости кои и јас сум ги слушала како мала и навистина влегуваат во потсвеста. После ќе прифаќа некој шеф да го малтретира, ќе мисли дека е нормало да не си ја сакаш работата и да трпиш наместо тој труд кон нешто што го сака спонтано да дојде.

    Малце офф.
     
    На WildMk, MarijaMi90, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.689
    Допаѓања:
    18.350
    Пол:
    Женски
    Не ми одговори за работата. :D
    Јас не дадов совет да даваш розови наочари, туку да не форсираш ништо.
     
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    А кај виде дека форсирам? :D
    Како бе вака се понашате ем ко дома да сте ми ем ко да сте мастери за детска психологија :D

    Сакав да бидам ветеринар.
    Работам со животни 16 год.
    уште нешто да ме прашаш имаш? :wasntme:
     
    На senjorita-v и Alexandrite им се допаѓа ова.
  9. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не е уцена да му кажеш на детето ако не учиш, нема да го работиш тоа што сакаш. Тоа е факт.
    Без разлика дали се работи за факултет, курс и слично.
    Никој со лежење и играње игрици на комјутер не станал успешен, ниту пак имал пари уште помалку да го работи тоа што го сака.
     
    На Misskirova, JoyJoy, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.689
    Допаѓања:
    18.350
    Пол:
    Женски
    Не. :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Баш така. Моите истото го правеа, со фамозното додека си под мој крив. Ако не вака, така, ако не така, вака.
    Ни близина, ни конекција ни ништо имавме. Најлош тинејџер бев, веќе го имам тоа и пишувано.
    Не е поентата сега додека се мали да не слушаат зашто инаку... Поентата е да не слушаат зашто прво чувствуваат конекција со нас и знаат дека правилно им зборуваме. Ако некој не го почитуваш првично нема ни да го слушаш, ова понатаму зборам.
    А доверба, конекција, почит, со уцени не се добива, ниту некогаш ќе се добие. Само инат и толку е.

    Пак ќе напоменам, зборувам за долгорочно воспитување, а за нешто во моментот кога едноставно ни гори и нема друго решение на сите ни се случило. Јас со цртани знам некогаш да се послужам во брзање кога сме.
     
    На sonuvana, WildMk, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Апсолутно се согласувам.
    Децата се засебни единки и треба да ги третираме како такви.
    Доверба се гради, ако и ние ги почитуваме нив, не да бараме само да не почитуваат без приговори.

    ... и сакаат објаснување.
    “Оти јас така реков“ - ништо не ги учи.
     
    На JoyJoy и senjorita-v им се допаѓа ова.