1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ученици ,тивко...

Дискусија во 'Образование' започната од stetoskop, 25 февруари 2014.

  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Инспирирана од темата „Драги наставници“решив да ја отворам темава.
    Сите сме биле ученици,некои сеуште се...Не верувам дека во тек на образованието не сме имале по еден „омилен“ предмет и наставник во пакет со предметот и еден „неомилен“ предмет и наставникот по тој предмет.
    Но ,да бидеме фер.Колку глупости им имаме направено на наставниците,и тоа се од мангуплак наш.
    Ајде да проговориме малку и за маките коиг и имаат наставниците со учениците.
    Во моја околина,имам просветни работници кои мака мачат со некои посебни ученици-недисциплината пред се.
    Нормално е да се навредува професорот?
    Нормално е да се закануваш на некој само затоа што си добил заслужена слаба оценка?
    Наставникот е тука заради учениците,а не се тука учениците заради наставникот.
    Пишете порака драги наставници до вашите ученици.
    Можеби вашите зборови ќе допрат до нив.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Веќе извесен период не сум ученик и знам дека денешните ученици се многу поразлични од она кое ние бевме некогаш. Дисциплината и однесувањето на учениците веќе практично и да не постои и тоа само ќе придонесе уште повеќе да се познава разликата меѓу паметните кои не ги пуштаат во дискотеки и простите кои ќе бидат вратари во дискотеки.

    Од мој агол, никогаш не сум третирал лошо професор, освен оние кои имале потреба своето его да го билдаат преку нас, дечурлааната. Реално, најголемиот дел од професорите исто така се полуписмена багра која сака да оговара и да расправа за банални работи што ги гледала на телевизија, па затоа и толку лесно им е да не забележат дека моќ демонстрираат на беспомошни ученици за кои исто така сметаат дека се таму само да за нив да им го уништат денот. И во право се, ретко кој ученик оди во училиште за образование, секој оди зашто е законска обврска.

    Тоа всушност и никогаш нема да се смени, па затоа и училиштето секогаш ќе биде battlefield меѓу учениците и професорите, каде учениците се побројна, но послаба армија и меѓу нив секогаш ќе паѓаат и невини жртви, зашто професорите не бираат по интелект кога ќе распалат по душите и срцата на учениците, туку по способноста за умилкување.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Captain Omni колку си само во право. Иако ние учениците сакаме да лудуваме и да се забавуваме во училиште, сепак тоа не е толку лошо. Големиит одмор трае само 20 минути, па немаме каде да се издуваме (хормони се во прашање). Наставниците пак, бидејќи тие живееле во време кога образовните закони биле јаки, па си мислат дека пак ќе можат да го воведат тој режим на учење (и нив да не ги боли глава). Ако на ниеден наставник не си му меѓу омилените, е тогаш, на наставнички состанок ти нема спас.
    Знам дека е офф топик ова, но за да бидат засакани и почитуваи настаниците од наша страна, секако, треба тоа да го заслужат. :) поздрав до сите наставници.
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми се случило да навредам наставник, зошто, како што знаете, мајка ми е наставничка. Ако имам некои работи кои што сакам да ги кажам за наставникот, кажувам на класната. Кај нас не се наставниците толку лоши. (со еден исклучок) Сепак, учениците се оние кои го доградуваат карактерот на наставниците. Ако сме ние лоши, и тие ќе бидат.
     
    На Lella, lightning123 и stetoskop им се допаѓа ова.
  5. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Никогаш гласно нема да, признаам дека наставниците имаат маки од нас, чекаат смо да поминат тие 40 мин, многу ги боли за нас.А па ако ен им чини нека не предваат повеќе.
    Али имап, одвнатре некој глас ми вика дека на некој начин стварно ги повредваме.
    Кришиме јајце на катедра, правиме наставникот на чиј час е скршено да се почуствува навреден.Тоа минатиот час го забележавме, ептен беше омалаксан ради тоа.
    На класната УУУ и викаме пошо никој ја неќе.
    Коа ќе влезе некоја наставничка која не ни е по ќеф викаме гласно, леле еј ми се повраќа.
    На друга наставничка во лице и викаме дека е дволична, а и стварно е.
    на наставник по изборен му пишиме глупави писма наменети за него.
    Ама ако, така им треба. :lol:
     
    На mrj му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    баш така. Некои наставници навистина заслужуваат да им биде кажана вистината во лице, без разлика колку и да боли. Но, некои пак, се предобри и ние го искористуваме. Еве, нашата наставничка по математика е многу фина жена, често останувам по часовите и разговарам со неа. Незнам зошто, но момците најчесто на нејзиниот час прават глупости и ја нервираат. Зошто го прават тоа? Затоа што е успешна, па тие ѝ завидуваат или пак со тоа ја исмеваат затоа што има проблеми со тежината. Јас искрено, никогаш не би повредила нечии чувства заради такви глупости. Поздрав до наставниците кои имаа слични проблеми. Сѐ најдобро во обидот да го победите овој страшен период кај учениците.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Мене ова ми личи како за во зоолошка да сте, не за во училница... И однесувањево ви е само слика и прилика на родителите и на домашното воспитување, тие од вас направиле да сте збеснати, не наставниците.
     
    На Joi, LittlePinky, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Баш така.Јас кога прочитав останав запрепастена.
    Како кршите јајца на катедра?
    Незнам што да кажам.Веројатно ова се случува во руралните средини, зошто искрено кога го читав ова се почуствував како да не живееме во иста средина. :puke:
    Нити имам чуено некој ученик да се кара со професор,нити пак вакви подли гомнарици со јајца да прави. :x Баш како што кажа Лионес,како во џунгла.Застрамете се,ова е слика за домашното воспитување и до каде сте се развиле вие како личности. :fubar: :worried:
     
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Зошто се едно нешто недолично, лошо и сл. веднаш е етикетирано дека доаѓа од руралните средини? Претерувате со ваквите стереотипни размислувања.
     
  10. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Никаде не потенцира дека се што е лошо и недолично доаѓа од рурална средина.
    Убаво потенцирав дека досега не сум сретнала ваков безобразлук и некултура, бидејќи незнам како е односот на професорите кон учениците и обратно, во руралните средини.
    И да,јас искрено се извинувам ако некого навредив во мојот претходен пост.
     
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    И еве сега повторно истото го кажуваш, добро ти каква замисла имаш за руралните средини? Дека луѓето што живеат таму одат со копја, а се разбираат со мимики и крици? Дека е еднакво на џунгла? Амазон? Конкретно, не знам зошто воопшто и веднаш со нејзиниот пост ги поврза руралните средини, кога овде предмет на дискусија е нивната култура и образование, како и нивното домашно воспитување.
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Иако сум и јас ученик можам слободно да кажам дека денешните ученици, не сите ама поголемиот дел незнаат како треба да се однесуваат со наставник. Има и наставници кои не се однесуваат како што треба ама постои директор и класен раководител. Сеедно ништо неможе да го оправда лошото однесување на еден ученик иако мислам дека културата секој си ја носи од дома. Пред 2 дена моја сокласничка како и да испонаша на професорката англиски е тоа беше дека шуто па и боде. Професорката ја читаше вежбата а мојата драга сокласничка воедно и комшика која седи во претпослаедна клупа си ја игра игричката Супер Марио. Ај тоа што игра туку и чука толку силно на тастатурата небаре од дома ја донела и сите погледи свртени во неа. Кога професорката и се развика и ја избрка нејзиниот одговор на тоа беше "па шо сакам ќе праам ти ли ќе ми кажеш шо ти јас сега направи само гледаш да се закараш со некој" и ја тресна вратата толку силно што немам коментар. Што направила таа? Епа некултурно е додека професор чита нешто кое ние треба да го читаме ама пошто никој незнае ништо го чита професорот и додека чита некој да си игра игри на компјутерот. Тоа е непочитување. Ете такви се денешните ученици. Сите посилни од професорите со изговори ќе те кажам на мама, ќе те кажам на тато, овој ми е вујко, овој ми е комшија и слични глупости за кои мислат дека се закануваат. А голема грешка прават исто така и родителите и професорите. Има многу родители кои место да му укажат на детето дека греши тие ги покриваат тие грешки честат професори, поидмитуваат и уште што не само за нивното дете да ја помине годината. Некој ќе учи цела година за на крај да има пример 4 а некој си родител чиво дете е меѓу најголемите деликвенти во школо ќе си плати за неговото дете да има 4. Само штета што со пари култура и воспитание неможе да се купи. А професорите нормално пишуваат 2 па и 3 и се тешат со тоа дека ученикот ќе го трпат уште малку и после ќе заврши и толку си викаат ќе го пуштам нека прави што сака мене многу ми е гајле мое дете да не е . И во право се дојде први си ја земаат платата и многу им е гајле дали некој научил или не. На крај учениците се тие кои на крајот сме оштетените. Учениците се тие ои завршуваат школо ради реда колку да се рече одел на школо или учел а незнае најобична пријава да пополни или документ. Има ученици кои завршуваат 4 година а таблицата не ја знае. Незнае правилно 2 реченици да сврзи. Си нема поим од основни работи кои се од лична култура и треба да се знаат. На брат ми сокласник дојде кај нас и му вика на брат ми ее утре имаме ликовно ќе го шекнам професоро. Тој неможе да го шекне професоро, професоро може да го шекне него да му залепе една единица колку него голема да го оставе на полагање цело лето по жешкото да оди да полага па да се чуди крајот кај ќе му биде.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Извини што дури сега гледам дека си ме цитирала.
    Ете,баш за болдираното сакав да кажам.Културата и однесувањето,ите како има врска со домашното воспитување.
    Од домашното воспитување се тргнува.Ако како мало детето го терале постојано да учи,не го социјализирале,не му дозволувале да си игра со другарчињата надвор,многу јасно дека ќе има социофобија,ќе биде срамежливо,па дури има можност и за развивање на социопатија во подоцнежните години.
    И да не набројувам многу други примери каде домашното воспитувањее има важна улога во креирањето на карактерот на детето,па и културата и успехот.
    Многу јасно е дека ако двата родители го воспитале правилно,го социјализирале,се вработени и добро образувани,културни луѓе,такво ќе биде и тетето.
    А ваквите родители,секако дека ќе одберат здрава средина за детето која е поволна за стекнување на добри навики и градење на добар карактер,и тука нема место за тоа дека средината влијела на карактерот на детето.
    Не,пред се значи со 90% како главен фактор е семејството и домашното воспитување,потоа средината,и на крај интелектот на детето.Да се вратам на руралните средини и тамошното образование.
    Јас искрено нешто вакво немам до сега слушнато дека во поголемиве градови има вакво дивјачко однесување од страна на учниците кон професорите,и ако тргнеме по логика дека во градовите децата се посоцијализирани и повоспитани(пак се враќаме на тоа погорното),многу јасно дека останува да ваквите појави да не речам збеснати ученици,да се жители на рурални средини,каде е позапуштено образованието и е полабаво со оценувањето.
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Бре! Да фатиш, па да зашамараш.
    И јас сум била ученик т.е. уште учам, ама еден ден во иднина, таа (ќе) ми е струката, ќе се расправам со ученици со подивени хормони.
    Сечии хормони знаат 200 во минута да достигнат, тоа не е изговор за кромањонско понашање, како спрема професори, така и спрема соученици...до (не)воспитаноста е. Греота е што дефицитот на внимание се надокнадува на тој начин.

    Има, ехааа, и те како има професори што заслужуваат на клоци да ги истераш од училиште пошто се препотентни идиоти, ама тие професори се, во голема рака, и причината што мирниве професори страдаат од исфрустрираните ученици. Нели, ако не можеш по магарето, удри по самарот.
    Додуша, имам ставено на столче на професор од оние притискачине за на ѕид што се, ама тоа беше сноб што децата ги гаѓаше со чевла и им ги маваше главите од табла ако не знаеја.

    Ниту на професорот му се седи и предава едно исто на незаинтересирана багра, ниту на незаинтересираната багра ѝ се блее така во таван, ама дури се обврзани да го прават тоа, има (треба) да го прават со взаемна почит бре!
    Јас не планирам да наметнувам авторитет, напротив, ама ако од ич ништо, мене утре некој ми шљапне така јајце на катедра, ќе дојдам до заклучок дека таму го снел по грешка, па нареден час ќе му донесам ново + малку слама и ќе го седнам да квачи. :geek:
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Добро е тоа со квачењето, јас денес пробав нова техника, на најнемирниот им реков на децата да му викнат три пати лигле лигле лигле,и се амири ќе видиме следниот час каковв ќе биде :) сосема ги разбирам ама мора да се најде начин инаку не се држ ии час
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Се преместив во друго училиште. Други наставници, други деца и ново мислење. Предходно мислев дека се' е до децата, дека тие се виновни за бучавата во училниците за време на настава, но испадна дека не е така.
    За да се биде прав наставник, прво треба да знаеш како да се поставиш кон учениците.На пример, наставникот по хемија е најдобар наставник, многу информиран и запознаен со хемијата, ама сите ученици на неговиот час се немирни, дури го зезаат. А, наставничката биологија е права наставничка. Знае како да се постави кон учениците. Секогаш е позитивна, насмеана и ведра. Знае да ни објасни и да не научи. На нејзин час дури и најбесните се мирни. Учењето не е само препишување од книга и читање од истата. Има и дисекции на органи некогаш, но не толку чето. Многу е креативна и сликовито ни ги објасува работите што не ни се јасни. Буквално сите сме заинтересирани и прашуваме или креваме рака на нејзин час.
    За пубертетот- не разбира зошто има 2 ќерки. Едната помина, другата се расправа уште со пубертетот. :D И знае многу добро како да се справи со нас и нашите хормони.
     
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    ^^ Е, али методолошки, тоа може многу опасен backfire да донесе. :D
    Ако е некој од главните мангупи, лесно може да ги наговори другите да донесат јајце нареден час. :rofl:
    Ако под немирност било тоа - ги навредувал другите, во ред е да осети малку потсмевање и на своја кожа (може не со „лигле“...сепак може да дојде навреден родител, па директор, па претседател :D...малку поскриено, да не речам „подмукло“ треба во таква ситуација), во спротивно, ќе донесе многу лош резултат и целосна одбивност кон тебе ко професорка.
    Во моментот, не знам како јас би реагирала, ама знам дека во блиска иднина, ќе му зададам задача да направи вежба за целиот клас, па откако ќе се намачи да ја направи и кога ќе дојде ред да ги испрашува другите, јас ќе им поттикнам тема да си муабетат меѓусебно и ќе го гледам како се мачи да ги надвика и да добие одговор. :devil:
    Нормално, сето тоа зависи и од возраста. Сигурно нема да е истата тежина на задача за 8-9 годишно дете и за нервозни, инаетливи средношколци.

    Малце забегување од тема, али ете, френдли адвајс. ]:)
     
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Тоа дали децата се мирни на часовите или не, зависи и од наставникот/професорот. Доколку некој им го дозволува тоа, ќе прават така. Секој наставник мора да биде строг, инаку ќе му се качат на глава.
    Со ова не ги напаѓам наставниците/професорите, и учениците имаат голема вина. Но, ако наставникот го направи часот интересен, тогаш учениците ќе се заинтересираат ( :lol: ) и внимателно ќе слушаат.
    Друго, за оние кои се немирни, треба да се превземат посебни постапки.
     
    На sweet-star и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    16.696
    Важам за најголем ‘багабонт‘ во класот.
    Многу имам мерак да им идам контра на професори кога не се во право. Секогаш сакам да им кажам што мислам за тоа што го зборуваат, затоа и ме мразат, бидејќи секогаш мислат дека тие секогаш се во право. Не им дозволувам да не убедат во нешто што тие така си го зацртале дека треба и мора да биде. Поради тоа многу единици сум добивала.
    За вреѓање, не бих да се вреџамо.
    Имам една професорка, сите ги навредува и се смее. Мене само еднаш, лани во прва, ама како што ја немам право да ја навредувам неа, нема ни таа. Не се сеќавам точно што и кажав, ама знам дека ми се извини и од тогаш ништо лошо ми нема речено. Гледам оваа година пак продолжува со другите ученици со старата песна.