Учење англиски дома

Дискусија во 'Образование' започната од Cecyska, 9 август 2015.

  1. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, јас сум за трета година средно, и во основно а и прва и втора година во средно воопшто не се замарав со англиски, и не учев континурирано.. Јасно ми е дека многу пропуштив, но сметам дека ако нешто сакаме да научиме никогаш не е доцна. Имам голема желба да го научам јазикот, бидејќи во денешно време англискиот е и повеќе од потребен,не сум во можност да одам на курс, а во училиште тоа што го учиме е многу напред, за разлика од тоа јас што го знам (а за жал малку е). Би сакала да побарам совет од тие што добро го владеат јазикот, или пак некои кој сами дома го научиле со помош на прирачници, речници или пак интернет.Кажете ми ве молам бидејќи почнувам од нула, како да почнам да го изучувам, од каде да почнам. што најпрво да научам,како полесно да ја совладам граматиката, и како е полесно да учам, (со речник или пак има некои помагала на интернет)....Искрено се надевам дека ќе ми помогнете, и ви се заблагодарувам однапред...:|
     
  2. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    ве молам нека ми помогне некој:(:(:(:(
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Земи речник, збогати вокабулар, вежбај си сама читање и пишување, слушај документарци на кабловска или песни на нет. Биди упорна, многу е потребен јазикот.
     
  4. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    25.352
    Пол:
    Женски
    Има бесплатни курсеви онлајн мислам, види на интернет. Livemocha, busuu, duolingo и уште еден куп сајтови за онлјан учење јазици. :)
     
  5. jance.kristince

    jance.kristince Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Cecyska, и јас сум сеа у трета ;)
    Јас почнав шпански да учам онлајн. Сакав нов јазик да научам, а, нај искрено, нејкев да трошам пари и време на курсеви :wasntme:. За шпанскиот најдов еден тон сајтови, а ти па за англискиот гарант уште повеќе ке најдеш :D. Побарај страни онлајн, ке најдеш за се и сешто, од граматика до книги до правила на спелување. Треба само желба и да се направи усилба. И, како што спомна Лелла, пробај си бесплатен курс преку интернет. Мене лично Busuu и Babbel не ми се допаднаа - тие се океј ако сакаш да платиш па да ти се отворат повеќе опции :P а Duolingo супер е. До ден-денес кога имам време си го користам, и тоа не само со шпанскиот - и со германскиот, којшто го учам моментално во школо (нормално). Со среќа да си учиш! (fingers)
     
  6. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    531
    Мислам дека оваа страна доста ќе ти помогне да го обновиш знаењето, да го надополниш пропуштетното и солидно да се надоградиш, посебно е добро објаснето во врска со граматиката на англиски, имаш видеа, конверзација, примери и тн
    Страната е на српски и мислам дека тоа воопшто нема да ти преставува проблем
    Во продолжение ти ставам линк од странатаhttp://www.gramatika.org/
     
    Последна измена: 28 септември 2015
  7. any5

    any5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Здраво.
    Јас имам голем проблем со англискиот сега сум 3година а до основно не учевме професорката не ни доаѓање на час и за жал тогаш немало кој да ми подучи дека англискиот е потребен и дека треба сама да се надградам.Јас се научив како да не постои јазик е кога тргнав средно срам срам изедов едвај се претставив сега сум и со зборови и со читање збогатена но ептен малко и имам проблем со превод на некои тешки зборови но најголем проблем кој никако неможам да сфатам е граматиката present countinous past simple past count.past perfect simple past perfect count.
    Па ќе ве замолам ако можете да ми ги разјасните
    Ви благодарам однапред.
     
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.573
    Допаѓања:
    3.992
    Пол:
    Женски
    Не е толку едноставно тоа што го бараш со постови да се објасни
     
  9. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    32.321
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најдобро би научиле ако одите некаде на приватни часови кај некој што го познавате или па на курс. Професорите ќе знаат како детално и наједноставно да ви објаснат за полесно да разберете, ќе ви дадат вежби/тестови и ќе видат со што имате најмногу потешкотии,па ќе се задржат на тоа и ќе обрнат повеќе внимание со цел добро да се сфати материјалот. Не велам дека е невозможно сами да научите дома,но според мене е малку потешко.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    Најдобар начин за учење јазик е гледањето телевизија и филмови. Курсевите и школите според мене се чиста нула.
     
    На 1209 и Ketchup им се допаѓа ова.
  11. any5

    any5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1

    Проблемот е тоа што утре правам писмена,знам во право си но максимално давам се од себе еве тука на нет барам тестови се обидувам,но не ми оди никако
     
  12. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    32.321
    Пол:
    Женски
    Пред секој тест или писмена работа оди си на спремање,материјалот што ти е за тестот помини го заедно со некој што има добро познавање од англискиот јазик. Бидејќи имаш проблеми со јазикот, тешко ти е на интернет да се снајдеш и со вежби. Повтори за времињата кое во каква реченица се употребува,која е формата,менувањето на глаголите итн. Напиши примери од секое време и забележи како се образуваат формите. Решавај вежби во работните листови,сигурно и домашни задачи ви даваат после лекциите. Вака на форум е тешко да се објасни ова.
    http://www.edufind.com/english-grammar/simple-past-tense/
    http://www.englishpage.com/verbpage/pastperfect.html
    На овие страни јас имам барано нешто ако ми затреба за граматика,има и вежби долу. Исто и во речниците обично во средината има посебен дел со граматика каде што е објаснето и за образување и за употреба на времињата. Со среќа утре и не се откажувај, не е толку тешко колку што мислиш. Со ред фати да ги учиш, следи на настава внимателно и вежбај.
     
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    @Any05
    1. Present continuous ти означува дека дејствотото се одвива во моментот на зборување, каде притоа на главниот глагол само ја додаваш наставката -ing, a пред гл.глагол мора да стои помошниот глагол сум (to be) во неговата сегашна форма.
    пр. I am painting my nails. Во превод: Си ги лакирам ноктите. Кога? Сега. Значи во моментот се одвива дејството.

    2. Past simple ти означува дека дејството е завршено. Овде, ако глаголот е правилен, ја додаваш наставката -d/-ed, а ако е неправилен тој си има своја форма. (пр. see-saw, wear-wore, do-did итн).
    пр. I saw a bird. Во превод: Видов птица. Кога? Вчера, денес, претходниот ден итн. Значи тоа е завршено дејство, сум ја видела птицата, не ја гледам во моментот. Овде главниот глагол see е неправилен и затоа е ставена неговата мината форма- saw.

    3. Past continuous при формирање е ист како Present continuous, на главниот глагол ја додаваш наставката -ing, само разликата е тоа што помошниот глагол to be е во неговата мината форма (was, were). Oва време ти кажува дека некое дејство што се одвивало во минатото било прекинато од друго дејство.
    пр. I was playing basketball, when my mom called me. Во превод: Играв кошарка, кога мајка ми ме викна. Значи играв кошарка (минато дејство) и притоа дејство било прекинато бидејќи мајка ми ме викнала.

    4. Past Perfect Simple ти кажува дека едно дејство се случило пред друго дејство во минатото. Го формираш така што го употребуваш помошниот глагол have во неговата мината форма- had и aко глаголот е правилен, додаваш -d/-еd, a ако е неправилен, тој си има своја форма за PPS (see-seen, wear-worn, do-done).
    Пр. A thief had stolen my jewelry, before I got home. Превод: Крадец ми го украл накитот, пред да стасам дома. Значи тој го украл пред јас да стасам дома, дејството се случило пред јас да дојдам.

    5. Past Perfect Continuous ти кажува дека некое дејство започнало во минатото и продолжило да се случува се до друго време во минатото. Знам звучи сложено :D Го образуваш со помошниот глагол have во минато- had + to be во pps- been + главен глагол со наставката -ing.
    Пр. We had been talking about ordering a pizza, when my sister walked in. Во превод: Зборувавме да нарачаме пица кога таа влезе. Значи, ние сме започнале да разговараме за нарачувањето пица и сме продолжиле се до моментот кога таа влегла, односно се до тоа друго време во минатото.
     
    На Ivana J. и temily им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    Погрешна членка сум тагирала, но еве @any5 погоре :)
     
  15. any5

    any5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1


    Преблагодарна сум,си одвоила толко време.Сега полесно е за учење,се надевам дека нема да извадам единица. Благодарение на тебе ако не денеска во текот на учењето кога ќе вежбам тоа ќе ми помогне да разбирам полека по полека
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marija1517

    Marija1517 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Дечки имам потреба од некој што разбира англиски да ми прераскаже еден текст