(не бев сигурна дали е соодветна во оваа категорија, ако е потребно нека се премести) Темава ја отворам со цел да се продискутира дали и колку учениците од било која возраст учат за здрави навики во училиштата и дали нешто недостасува и треба да се промени. Лично гледаме и на форумов и околу нас како луѓе не знаејќи како функционира телото пробуваат опасни и неефикасни диети, мислат дека протеини не се мешаат со јаглехидрати или дека физички е возможно да се изгубат 7 килограми за една недела. Лично сметам дека проблемот е во недоволната едукација. Не знам за вас, но јас многу малку луѓе познавам и самите да знаат што и како се јаде и слабее здраво, или се физички активни, а не пак да ги учат своите деца на истото, Затоа, ако нешто може да се смени на оваа тема, е да се воведат предмети во образованието кои ќе ги учат децата на здрав живот, или пак веќе постоечките да се пренаменат за таа цел. Лично немам сретнато иницијатива од некој за ова да се спроведе, но ако јас се прашувам, би можело да се направи следното - На часовите за физичко, наместо стандардното "Скокни 180 цм во далечина за 5ка" или "Дај 6 коша за 5ка", учениците да се учат на основи на фитнес, а тоа да вклучува какви вежби се користат за загревање, како се планира еден просечен тренинг, да се вежбаат техниките, на кои елементи треба да се внимава при секоја вежба, на пример грбот, нозете како треба да се поставени, понатаму кои вежби се користат за истегање после тренинг. При тоа, ова да не биде оценувано со стандардни оценки. Секако, доколку одредени ученици имаат здравствени проблеми, вежбите да бидат прилагодени. - Да имаат предмет каде што ќе учат за макронутриентите, како и другите соединенија во храната, кој каква улога има и генерално во каква храна го има, лекции околу метаболизам кои би им помогнале да разберат како биохемиски функционира телото. Исто така предметот да вклучува нутриционизам. Ова дел се учи по биологија ама мислам дека само така мал дел не е доволно истакнато. Дали сметате дека вакво нешто е потребно и ако да, како би можело да се спроведе? Дали може вакви промени да направат промена и мотивација кај учениците да бидат физички активни и да водат поздрав живот?
Дефинитивно е потребно. Само што на часовите по физичко, повеќето деца не се активни особено женските со изговор "имам добиено, не можам", па и самите наставници/професори не се замараат да ги поднаучат децата со нешто друго освен "еве ви топка, играјте". Она што треба да се смени е пристапот на проф/наставник и да се потруди да го предаде знаењето на децата. Треба да има часови каде ќе се учат основни вежби, техники за секој спорт па и фитнесот. Мислам дека може бидејќи сега и се повеќе млади сакаат да се бават со фитнес, а со тоа барем ќе имаат основни познавања и многу полесно ќе им биде и да се вклопат пр. во теретана затоа што има доста што не знаат што да прават на прв ден. Плус нема да се фаќаат за строги диети и колку толку нешто ќе научат околу исхраната.
Ова негде го имав споменато. Неопходно е децата да се спремат за секојдневниот живот повеќе. Да не е теорија, да е пракса. То шо е важно, да се споменува поќе пати. Ме мрзи да читам ама мислам дека тука го зборавме ова. Ама можи грешно памтам. На темата, мислам дека ова шо спомна за макро нутриенски, диететски правила, здрава и балансирана исхрана и слично, можи да влези под физичко образование и впрочем и треба. Физичко не е само шуткање топка. Физичко треба и мора да го опфати ова. Или предмет бизнис шо сме имале, да опфати практични работи како: пополнување прашалници, плаќање сметки, префрлање пари во банка и слично. Или предмет животни вештини, имаше порано, не знам дали има уште. Тукс да се учи се шо не можи да се вклопи во другите како: готвење, типс енд трикс, чистење ефективно, перење, одржување на дом, цепење дрва, се шо е еденцијално за преживување. Се ова за ко ќе завршиме средно да сме спремни за шо понатаму, за да не мора да потпадниме на фејк њуз за опасни диети на пример, зошто еве, сме учеле за здрави планови на исхрана, вежби кои се неопходни и важност на витамини. И ова е нешто шо можи лесно да се заборај ако е спомнато еднаш или два пати. Ова е нешто шо треба да се учи постојано, и постојано. Оти е неопходно.
Негде прочитав нешто што велеше: До толку е нормализирана нездрава исхрана што кога некој здраво се исхранува велиме дека е на диета. И многу е ова точно. Најпрво здравите навики треба од дома да се стекнат. Ама сведоци сме дека голем дел македонски семејства не се исхрануваат здраво, и повеќето од нас додека бевме деца не се исхранувавме здраво. Не дека сакаа намерно да нѐ направат нездрави, туку и самите тие не знаеја што е здраво а што не. На часовите по физичко/спорт освен скокање и трчање треба да нѐ учат и за здрава исхрана. Уште од првиот час во основно. Факт е дека навиките за исхрана што се стекнуваат во детството потоа многу тешко се искоренуваат. Не велам дека треба да му забраниш на дете чоколада да јади, ами да го поттикнуваш на поздрави замени, а чоколадата да се јади малку поретко. Така да дефинитивно треба вакво нешто да се воведе, без разлика дали ќе е во склоп со физичко или како посебен предмет нутриционизам. И не се поттикнува здрав живот само со вежби за загревање и скокање по физичко, туку што повеќе децата да се носат во природа, пешачење, планинарење и сл. додека дозволува времето.
Потребно е.Би можело да се спроведе со промена во наставната програма,ама треба некој да покрене иницијатива за тоа.За жал,тешко некој да се нафати на тоа. Јас да сум власт прво би ги сменила ужинките на основците. Лекции за исхраната треба да има како дел од физичко.Часови на отворено кога дозволува времето. Не мора секој час по физичко да е со вежбање.Да речеме ако имаат 3 часа физичко неделно,бар еден да им е само теорија. Џабе е вежбањето ако после часот на одмор или после школо идат да јадат нешто нездраво или во границите на здраво,ама е недоволно хранливо. Треба да учат што е штетно,а што корисно и до која мера.