Ајде објективно да проговориме колку време е потребно да се совлада и течно да се говори еден јазик. Некој може да каже за година, за неколку месеци, па зависи од јазикот итн. Сум правела муабет со професорка по германски на оваа тема и вели дека за една година јазикот не може да се научи, потребни се 4-5 години активно учење, за да може тој човек во Германија да може да комуницира без проблем. Мое мислење, јазик не се учи за една година. Тешко се учи, а брзо се заборава ако не се користи. Јас лично се трудам преку слушање на музика да го одржувам во форма знаењето. Ваше мислење?