1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Учење со разбирање

Дискусија во 'Образование' започната од Lila1803001, 9 април 2018.

  1. Lila1803001

    Lila1803001 Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Нова сум на форумот и сакам да ве прашам за оваа техника на учење. Како учете со разбирање? Јас секогаш учам на памет и знам дека е тоа многу лошо но неможам да се одвикнам. Може ли да ми дадете некој совет?
     
    На crackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ivana J.

    Ivana J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2015
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    И јас постојано учам на памет. Но наскоро ми се ближи матурата и знам дека немам шанси да напишам нешто ако учам на памет. Некој да ми помогне како да се спремам и како да се одвикнам од ова учење на памет ?
     
    На Lila1803001 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    Јас учам со разбирање само онаа што ме интересира а останатото знам да го набубам на памет.
    Пр. Дефиниција за индивидуа: Човек, како одделна личност во општеството

    Оние кои учат со разбирање, ќе го протолкуваат дека индивидуа е секој човек одделно. Значи ја разработуваат дефиницијата, земаат примери, размислуваат и ја сваќаат. Кога тие би биле прашани што е индивидуа, тие би ја објасниле со свој зборови токму онака како што ја разбрале,

    Додека оние кои учат на памет, се трудат реченицата да ја запомнат до збор. И кога тие би биле прашани тие би ја кажале реченицата онака како што ја прочитале што после одредено време ќе им испари од сеќавања и нема да знаат да ја објаснат.
    .
     
    На kikkki, SV1911, Читател и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    Јас учам со разбирање тоа што ме интересира бидејќи сакам да ми остане во глава.Пример од книгата потцртувам тоа што е битно и го препишувам на лист и го читам и така учам.Тоа што не ме занима го бубам.Да бубав се можда одлична ќе бев ама не можам се на памет.
     
    На Lila1803001 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    54.449
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш учам со разбирање. Го подвлекувам со налив поважното, потоа полесно ми е за повторување. Си правам во главата како приказна, ако има можност го асоцирам со нешто, полесно се сфаќа. Се случува понекогаш нешто стварно да не можам да сфатам, тогаш го бубам.
     
    На cresa-jagoda и Lila1803001 им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    158.723
    Пол:
    Женски
    Ако е нешто стрикно и кратко, како дефиниции, си ги разложуваш, се обидуваш да сфатиш и/ли да поврзиш со нешто што претходно знаеш. Ако е долг материјал кој треба цел да го знајш, а не е многу straight- forward, пример историја како предмет, го учиш како приказна. Значи дур читаш и мислиш на тоа, го замислуваш, го сликаш пред очите со сите детали, и во исто време се осигурваш дека се споменато ти е претходно научено, а ако не ти е го разградваш.
     
    На SV1911, Ekstaza, Lila1803001 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    Јас се она што ќе го научам напамет брзо го заборавам. Само ако научам со разбирање е тогаш го имам научено.
     
    На cresa-jagoda и Lila1803001 им се допаѓа ова.
  8. Maša8

    Maša8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Најчесто учам со разбирање, така што го подвлекувам најбитното потоа го читам тоа и на крај си правам шеми, запишувам од страна некои објаснувања и слично и така повторувам.
     
    На Lila1803001 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    158.723
    Пол:
    Женски
    Ах и да додам, за поголем успех при учење, гледај да учиш во релативно исто време, под исти средински услови. На тој начин првите два-три дена ќе треба да се навикниш, а после ќе игнорираш се од околу и ќе бидиш максимално посветена на учењето.
     
    На cresa-jagoda и Lila1803001 им се допаѓа ова.
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.501
    Допаѓања:
    17.494
    Пол:
    Женски
    На Lila1803001 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Како да учиш со разбирање? Едноставно, ќе го разбираш напишаното.
    Секој непознат збор го пребаруваш на дигитален речник, секоја дефиниција ја разработуваш, а најефикасно учиш преку примери. Што повеќе примери ги решиш точно, толку повеќе ќе разбереш.
     
    На cresa-jagoda, Lila1803001, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  12. cvekje13

    cvekje13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    34
    Многу подобро се учи доколку се вклучат различни средства за едукација пр, слики, видеа од youtube, повторување на материјалот од неколку различни извори, користење на wikipedia и сл. Значи освен учебникот прочепкајте малку и на интернет :D
     
    На cresa-jagoda, Lila1803001 и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    28.399
    Ова го имам напишано како техника за учење која мене ми е најдобра. А и по психологија ја имам учено како најефикасна. Нормално, мора да бидеш сконцентрирана додека читаш, за да го разбираш материјалот. Да не луташ со мислите додека читаш.
     
    На Lila1803001 и SV1911 им се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Со оглед дека факултетот ми е комбинација од предемети што мора да се бубаат(анатомија,и други небитни предмети кај што единствен начин е да набубаш),има и предмети кои вклучуваат хемија,физика и сл,каде мора да се разберат и сФатат поглавјата,оти тоа е единствен начин.

    Не можам да учам на памет,од причина што секогаш сум се навикнала да ги обработувам информациите.
    Секогаш рамислувам многу,дури и премногу и за ситници,така да кога учам,гледам времето да го искористам максимално за да сфатам што е битно и како да го запомнам.
    Нема да дадам примери(не можам да се сетам на соодветен пример,кој би го разбрале сите),ама поврзувам претходни знаења со сегашниот материјал,така што правам една слика,поточно постарите слики(претходно знаење,искуство и сл)ги поврзвувам со новите слики(материјалот кој треба да го совладам).

    Совет:прочитај 2-3 реченици и размисли што значат тие.
    Поврзи ги со претходни знаења,искуства,размилувања,исто асоцијации е добра техника.
    Пр.Моделот на семејниот триаголник, маж-жена-деца изолирани од надворешноста, се нарекува Едипов модел на семејство, и е форма на патријархално семејство.
    ***патријархално семејство,семеен триаголник,Едипов модел...
    Размили што ти значат овие поими,доколку некој е непознат за тебе,изгуглај што тој поим значи,за да добиеш слика.

    За мене,многу е скапоцено да учам на памет,памтам само битни работи,а кога запомнувам информации гледам да има со нешто да ги поврзам за да не ги заборавам
    Техника по букви,исто добра работа е што не знам дали ја има на нет или некој ја користи,а можеби јас ја развив.:rofl:
    Пр.треба да купиш јајца,млеко,палома,чај и леб.
    ЈМПЧЛ-или подреди ги како сакаш ти,полесно е да запомниш само букви,а подоцна според нив да се сетиш.

    Ова е за краткорочен план,значи во моментот кога престанеш да ,,ги држиш на око(ум)" буквите,ќе ги заборавиш,али може да искористи за побрзо помнење на некој материјал кога немаш доволно време или на побитните работи.Во комбинација со активно( со разбирање)учење,ќе има добар ефект.
     
    На theowndemon, Lila1803001, WarriorMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    7.510
    Пол:
    Женски
    Јас од ко се знам себе си, учам се на памет. Учам од точка до точка, запаметувам кој дел од материјалот во кој дел од книгата е, на кој дел од страната е и така паметам.
    Убави резултати имам секогаш, еве и на факултет ама сите ме опоменуваат, се познава дека е учено така.

    Ама па, за некои предмети кои не е возможно да ги научиш на памет, седнувам со време и си пишувам под точки, најбитните работи. Ќе си направиш концепт и ќе се ориентираш според него.

    На крај се изненадувам колку сум научила само од пишувањето.
     
    Последна измена: 12 април 2018
    На Lila1803001 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. -Buba-

    -Buba- Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Ретко сум учела на памет само работи кои сум морала и ете сега ги имам заборавено. Секогаш учев со разбирање, учев за да знам јас, затоа до денес паметам се.
     
    На Lila1803001 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jova201

    Jova201 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Hajj na site!! Sakam da ve prasam kako ucite so razbiranje? Jas samo na pamet znam da na bubam i ajt. Inace medicinsko sum zapisana i na pamet ucam kako da se od viknam?
     
  18. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Најдобар метод. Вака и највеќе се учи.