1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Учење странски јазици уште од најмала возраст

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lovely97, 3 октомври 2016.

?

Дали децата треба да учат странски јазици уште од најмала возраст?

  1. Да

    56 глас(а)
    86,2%
  2. Не

    9 глас(а)
    13,8%
  1. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Здраво. Нова сум овде на форумот но решив и јас да отворам една тема, ако ја има слободно избришете ја.

    Учење странски јазици уште од најмала возраст.

    Што мислите по ова вие. Дали е добро малите деца уште од најмала возраст кога го учат мајчиниот јазик, да учат и други јазици? Конкретно зборувам за децата што уште не се тргнати на училиште. Јас мислам дека треба да се почека за странските јазици, бидејќи тие деца се мали имаат време за учење, и научување на многу странски јазици со текот на времето.

    Ми текна оваа тема бидејќи неќна видов на македонскиве портали за едно дете кое уште од тригодишна возраст зборува англиски јазик.

    Темава е за сите слободно да дискутираме, и сите имаме право на свое мислење. :)
     
  2. kelebeim***

    kelebeim*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.335
    Пол:
    Женски
    Koga ke pocnat vo skolo najdobro bi bilo. Ne mora odma od prvo odd da se zapisat, no od vtoro da. Vo prvo seuste ne im e motorikata razviena, taka da toa sto bi go 'ucele' doma toa bi bilo i vo skolo. Na pr crtani, pesnicki, boenje, trejsiranje itn seto ova moze doma, a veke od vtoro so moliv vo raka i prepisuvanje od tabla:)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.812
    Допаѓања:
    35.501
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе. Во градинката каде што оди син ми има понуда за децата од 5 до 6 години да учат англиски. Тоа на мене не ми се допаѓа. Рано е за таа возраст да учат англиски. Затоа не го ни запишав син ми. И во училиштава учат англиски уште од 6 години, односно од прво одделение. Јас кога учев основно, англиски се учеше од 5-то одделение. На курс се запишав од 4-то одделение. Планирам и двајцата да ги запишам на курс по англиски затоа што јазикот треба да се знае. А и секаде бараат познавања од истиот.
     
    На kelebeim*** му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервира што ги форсираат децата уште од мали нозе. Според мене, англиски може да се учи од прво одделение - никако порано, а бидејќи предавам германски, за германски најдобра возраст е накај петто одделение. А што е најстрашно многу родители уште од мали ги тераат децата да учат што повеќе јазици, да посетуваат милион курсеви. И затоа децата се на крај недоиграни.
     
    На Orthophill и kelebeim*** им се допаѓа ова.
  5. kelebeim***

    kelebeim*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.335
    Пол:
    Женски
    Kako da ima natprevar megu roditelive. Koj ke go zapise deteto na poveke jazici!! HelloU :/ Ima vreme, ke uci cel zivot. Ne mora vo prvo so angliski, vo vtoro so germanski, i posle vo sesto vtoriot jazik od skolo kaj sto na mnogumina im e francuski. Poligloti ke gi prajme? Ne mora. Neka bidat deca, neka se iznaigraat. Za ucenje ima vreme pred niv e zivotot!
     
    На Mini90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.084
    Допаѓања:
    160.775
    Пол:
    Женски
    Факт е дека јазикот повеќе се учи на мали години и криво ми е третиот јазик шо не сум го почнала како помала него покасно. За англиски, барем јас и брат ми сме растени до Cartoon Network & Boomerang. Јас не знаев да пишам и англиски знаев и мислев дека е грешно така до скоро, ама не е. Детскиот мозок е најспремен да учи странски јазик. Колку покасно - е потешко плус со тек на време му се креваат обврските. Сакам да кажам, учењето странски јазик во предшколска возраст е океј да е само еден и тоа не на курс туку уз зборање дома и цртани, зошто и онака од прво имаат англиски, за граматика во наредните три години ќе научи па после од петто-шесто да можи да земи втор јазик зошто паралелно учење почетно ниво на два јазици е тешко.
     
    На daylight, Dabria, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.762
    Допаѓања:
    12.268
    Ако мал или млад совладаш јазик, после ќе ти треба малку да се потсетиш, да си го освежиш знаењето. Точно е дека во поодминати години тешко ќе оди баш заради обврски, работа, дом...
     
    На kelebeim***, Victorian и Jas! им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.119
    Допаѓања:
    50.377
    Пол:
    Женски
    Малите најбрзо можат да научат јазик. Внука ми е во Германија има 3 години и оди во градинка и знае по нешто на германски што ги слуша дечињата таму и таа научила нешто.
     
    На Victorian, Jas! и Florenсе им се допаѓа ова.
  9. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Мене ми е подобро порано. Кога ќе имам дете сигурно од предшколска би го пратила за англиски, затоа што уште од кога ќе почне да зборува ќе учи од нас македонски и француски (како што учев јас паралелно мк и алб), додуша зависи од тоа во која околина ќе живееме затоа што јас и дечко ми зборуваме паралелно во текот на денот и до 3 јазици т.е. 6 јазци. И мислам дека најдобро е да се учи од помала возраст.
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Машки
    Мое мислење е дека децата треба да се научат на својот мајчин јазик. Да не бидат неписмени и да не знаат да се изразат на својот јазик. Можеби место да им се воведуваат часови за странскиот јазик, да им се воведат часови за пишување и говорење на својот јазик. Да раскажуваат, да пишуваат, да измислуваат... За странски јазици има време. Идеална возраст за странски јазик, според мое мислење е од кај 10 години. Учењето на странски јазик од прво одделение, знаеме зошто е.
     
    На HUNK, Ketchup и crimson им се допаѓа ова.
  11. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.150
    Пол:
    Женски
    Најдобро е од второ одделение. :) Сега не знам каква е новата програма на училиште и кога почнуваат на англиски да учат, ама од второ одделение е најдобро. :)
     
    На kelebeim*** му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    18.211
    Пол:
    Женски
    Докажан факт е дека детскиот мозок е како „сунѓер“, па многу полесно и побргу впива нови информации, и затоа уште од намала возраст би му било многу полесно да научи не два, туку неколку јазици истовремено, додека со текот на времето таа способност е растргната на повеќе страни, и затоа ќе му е многу потешко да го научи јазикот подоцна. Тоа дека ако напоредно учи неколку јазици нема да го научи мајчиниот како што треба не е воопшто точно, јазиците еден со друг не си попречуваат.
    Јас сум им лично многу благодарна на моите родители кои напоредно ме учеле и македонски и англиски, па затоа никогаш не ми бил потребен курс по англиски јазик. И фала Богу, си го знам и македонскиот, англискиот не бил никаква пречка. Дури сум и малку разочарана зошто од толку млада возраст не сум научила уште некој, бидејќи понатаму во животот ми беше потребно многу повеќе време за да научам други странски јазици.
    Ваша лична желба и одлука е тоа дали и кога би го запишале детето на курс, или би почнале самите да го учите странски јазик, меѓутоа, доколку се двоумите само поради тоа „да не му е многу рано“, ве советувам да немате никаква премисла - капацитетот за учење на детските мозочиња е огромен, па за нови информации никогаш не е премногу рано.
     
    На Bitter-Sweet, theowndemon, kelebeim*** и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Јас почнав со англиски во четврто одделение и мислам дека тоа е најдобрата возраст за почеток на изучување на странски јазик. Сега децата уште од самиот старт учат англиски, на 5 и пол години се уште не го знаат ни македонскиот јазик ко што треба. Внука ми ќе полни четири години уште малку, македонски не знае толку колку што знае англиски. По цел ден е со телефон во рака и сама знае да си пушти цртани на англиски, што мене воопшто не ми изгледа добро. Гласав за не, затоа што мислам дека децата првите години од образованието треба да ги изучат основните работи на македонскиот јазик.
     
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Колку помали полнат да учат подобро за децата. Скоро гледав една емисија каде ја опфатија оваа тема баш и според истражувања научниците констатирале дека децата кои до третата година од животот се билингвални имаат трајна промена на сивата маса на мозокот во позитивна смисла и придонес позитивен за целокупната интелигенција на личноста.
    Моите деца од мали научија англиски, тој беше првиот кој го зазборуваа па после го учеа и македонскиот, и често не прашуваа дали сме дојдени од негде на посета, а живееме во мк.
    А тоа се случи така што им пуштавме содржини од ју тјуб во стил песнички, лекции на англиски согласно на возраста, а преку Дора истражувачката која им ја пуштам само на англиски и каде е застапен и шпанскиот како мајчун на главниот лик го совладуваат и него постепено.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Колку години подразбираш најмала возраст?
    На мајка ми едни познаници бебето уште кога се роди таткотко му зборувал грчки, да знаело и грчки и македонски...шо да ви кажувам забегана работа...
    Исто не ми се свиѓа кога детето уште е мало и не зборува правилно македонски да го праќаме да учи англиски или германски.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Ич не се сложувам со тебе, напротив од бебе уште кога нема ни зазборувано најдобро е да се учат два/три јазици паралелно.
    Пример, едно македонско семејство живее во швајцарија, се раѓа дете, дома зборуваат македонски, со пријатели, соседи, градинка..германски и англиски и паралелно убаво течно исправно ќе си ги знае сите три јазици.
    Дури и прогамата Хелен Дорон која наголемо се пропагира го практикува овој стил на учење, ете јас сум го применала и пред да знам за нив. Јас учев англиски од петто одделение и со над 20 години 'стаж' моите деца на 5 и 3 години зборуваат каде каде поубаво од мене, со точен нагласок, баш ко мајчин.
    Тоа е мое мислење и искуство
     
    На daylight, LivingGlam, Mr. Right и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Друг е случајот со македонци кои се иселени некаде во странство. Нормално дека паралелно се учат јазиците така... јас напишав за оние кои на 3 месечно бебе без потреба му зборуваат странски јазик, а тоа не знае каде се наоѓа уште. Нема логика според мене.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ооо камо моите да ме учеле друг јазик од мали нозе... Јазикот е богатство и таквото учење никогаш нема да биде без потреба. Дури и ако детето живее во Македонија, зошто да речеме да не научи и англиски? Тој јазик секако ќе му се најде порано или подоцна. Детскиот мозок многу побрзо ги впива информациите и затоа мали деца многу полесно учат некој странски јазик. Таквото учење преку песнички, цртани, игри и слично, е многу подобар начин да се совлада еден јазик отколку по учебник во школо. Затоа што на тие деца зборувањето друг јазик им доаѓа некако природно, според она што го слушале. Не размислуваат за граматика, за тоа кое време треба да го употребат во дадена ситуација, дали треба на глаголот да му стават наставка -ed или -ing, како гласи еден глагол од трета колона за образување present perfect, кога требаше да се употреби will а кога going to, дали треба да се употреби on, at или in кога се во прашање предлози... и ред други работи. Школското учење е такво. Барем за мене беше такво. После долги години учење, англискиот јазик сè уште не го чувствував за близок и не бев доволно самоуверена за слободно да го зборам. По некое време тоа се смени, почнав повеќе да читам на англиски, да гледам повеќе филмови и серии, а сега и секојдневно го употребувам заради работата, и пишување и зборување. Ама верувам дека многу полесно ќе го совладав ако го учев од мали нозе, па после можеби ќе имав време да се фокусирам и на друг странски јазик.

    Јас пред неколку години запознав девојче кое паралелно учеше дански, германски и англиски. Јас ѝ се обраќав на англиски и забележав дека меша некои зборчиња додека зборува, што сепак е нормално. Ама еве сега веќе оди во школо и супер зборува 3 јазика. Секако, има уште време да го збогатува речникот, ама да требало допрва да почнува нов јазик, верувам дека ќе ѝ било многу потешко. И знам дека понатаму ќе сфати колку многу можности ѝ се отвараат и колку е богата со тоа што зборува 3 јазика.
     
    На Someonespecial, theowndemon, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Golden Rouse

    Golden Rouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    zdravo decki sakam da prasam kako poveke da naucam angliski razbiram ama da razgovaram so nekoj tesko mi odi i sakam da naucam poveke zborovi ve molam za nekoj sovet
     
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Музика, филмови, серии...
     
    На Golden Rouse му/ѝ се допаѓа ова.