Дуo лингo е дoбрa aпликaцијa. Нaучив некoи фрaзи и збoрoви нa фрaнцуски oд неa. И пoчни дa се дoпишувaш сo луѓе oд стрaнствo, пример преку oнлaјн игри, фб групи и сличнo. Мoжеш и дa пaтувaш пoдaлеку oд сoседниве држaви и тaму дa гo вежбaш јaзикoт. Scrabble е дoбрa игрa зa учење нa aнглиски збoрoви, би требaлo вo пoгoлемите книжaри дa се прoдaвa. Вo oднoс нa темaвa: Јaс пoчнaв дa oдaм нa курс пред дa пoчнaм сo oснoвнo и тoa не нaпрaви рaзликa вo знaење/незнaење нa мaјчиниoт јaзик. Еднoстaвнo aкo си зaинтересирaн зa oдреден јaзик, ќе гo нaучиш, aкo не вooпштo немa пoтребa дa се трудиш.
Верувајте, децата се поспособни да совладаат втор јазик дури се помали, но тоа мора да биде спонтано и ненаметливо, преку игра, преку цртани, песнички и сл. Со вистинско учење, на курсеви со пишување, граматики и сл., не препорачувам да се почне пред трето одделение.
@Golden Rouse јас често си зборам со себе на англиски, читам на англиски, гледам филмој на англиски со превод на англиски (ова ти е поќе за вокабуларот) и многу зборам пред огледало на англиски. Ова се ти помага за јазико „да ти легни“, да не мора да мислиш на мкд па да преведваш, да не мора дур збораш правила да си поставуваш туку од „душа“ да ти иди. Прво пробај дур си збораш пред огледало со тетратката и вокабуларот кој го вежбаш. После со тек на време оставај ја тетратката настрана и зборај сама. Граматиката прво научи ја после постојано зборај за да научиш кога да ја примениш. Уште ми се случва ситуации каде некој ќе искористи грешна граматика, знам да кажам дека е грешна и како треба да биди, а не знам зошто. То е ко ќе „ти легни“ и не мислиш многу, само ти иди. Исто разгледај страни како: Дуолинго - Ова ти е поќе за да учиш вокабулар и да научиш да го примениш истиот. Бусу - Премногу се потпирав на оваа страна додека учев француски, на ист принцип функционира како дуолинго. Вежби на англиски - ова ми беше матична страна, за граматика претежно и вежби. И уште кога ми е досадно за да не закржлавам зошто не го користам јазикот толку многу како порано, си врвам по вежба, две од избрана тема. Да не бидам целосно офтопик, секогаш велам, многу ми е криво шо не учев повеќе јазици покасно, еден јазик го почнав толку касно да одма го остајв шо зошто немав време да се посветам целосно, следно и немав концентрација, обврски. Барем дур бев мала на јазиците им бев целосно посветена, ме интересираа и ги сакав, а воедно и ми одеа, мислам пак ќе речам, детето е „створено“ да знај јазици и да знај како да ги учи и на тој начин полесно да им „легнат“. Кога би имала деца, не би им наметнувала јазици, би сакала тие да одлучат кои ги сакаат па тие да ги учат, ама да ги оставам да си го прокоцкаат најпродуктивниот период за јазици во животот - не. Зошто еве јас сега се каам шо моите не ни сакаа да учам јазик дур не научам латиница, шо према мене е грешно. Како шо имаше членка кажано погоре, детето е сунѓер и се прима. Исто како кога сакаме да им кажиме нешто на дете, пример дека е посвоено, мешам теми ама смислата е иста - суптилно им се зборува на детето една иста информација додека таа информација кога ќе порасни ќе биди факт кој нема да го боли детето. Исто и со јазикот. Ќе го учи и ќе го повторува јазикот додека тој суптилно не остани во него, внатре па дури и по 10 години воопшто да не го користи со мало повторување - ќе го знај. Како велат, кој возел точак - секогаш ќе вози.
Јас сум ЗА. Секое здраво дете со задоволителен коефициент на iQ, а под задоволителен мислам на просечен во најмала рака, може да научи други странски јазици освен мајчиниот уште од најмала возраст. Камо среќа и моите да ме запишале на курс кога сум била многу многу помала. Но ете, затоа сега се надоградувам себе си.
За многу предмети со новиве програми во образованието мислам дека децата сега уште од премали многу се форсираат, ама јазиците се друга приказна. Секој нов научен јазик е богатство и тоа може да биде само од корист за развојот на знаењата и интелигенцијата на детето. Секако, многу е важно напредокот во учењето и изворите за учење да бидат во склад со возраста, т.е. да се почне со игри, цртани филмови и меморирање на основни и едноставни зборчиња, а потоа тек со соодветна возраст за учење на латиницата после научена кирилица да се почне со пишување.
Учењето странски јазик од мали нозе не го сметам за никаков товар или некоја штета, баш напротив. И науката ни кажува дека децата побрзо учат и учењето странски јазик од предучилишна возраст би рекла е добро и корисно. Ене внукон три години има и како успеал да го впие англискиот, браво. Друго дете на 5 години знаеше околу 4 јазици.
Денескa aнглиски се учи oд првo oдделение, штo јaс мислaм декa е грешкa бидејќи oд нaјмaлa вoзрaст децaтa се oпкружени сo aнглиски и oд петтo дa пoчнaт дa гo учaт, кaкo втoр јaзик нa шкoлo, ќе гo нaучaт. Бидејќи и јaс пoрaснaв сo aнглиски и гo учев oд четврттo, пa уште се oсеќa рaзликaтa меѓу негo и фрaнцускиoт штo гo слушaв сaмo пo двa чaсa неделнo oд шестo. Мислaм декa кaкo прв јaзик нa децaтa требa дa им де стaви фрaнцуски, гермaнски, руски или итaлијaнски, бидејќи тoгaш нaјвеќе сфaќaaт, a aнглискиoт пoсекaкo ќе гo нaучaт.
Тогаш и треба да се почнува. Што порано, тоа подобро. Само да не се дозволи понатаму да за`рѓа. Англиски разбирав од... отсекогаш, не памтам од која возраст.
Учење странски јазик од најмала возраст - големо ДА! Меѓутоа сосема ќе се согласам со @LollySky тоа исклучиво да се одвива низ игра, песнички, цртани филмови, серии, сликовници и секојдневна комуникација со родителите и/или другарчињата. Никако преку наметнување и школски часови, барем не пред 3-4 одделение. Тоа е многу добра инвестиција долгорочно гледано, затоа што кога детето ќе порасне, ќе има заштедено многу време и сили кое потоа ќе може поинаку да го користи (на пр. да се посвети на професијата, семејството, природата, патувањата и тн.) наместо да калкулира допрва колку време, живци и пари ќе ѝ/му требаат за да го совлада новиот јазик кој можеби би му ја олеснило или дури драстично променило финансиската но и социјалната состојба (пријатели на пр.) кон подобро. А доколку би му зборувале само на македонски, тогаш бебето би знаело кај се наоѓа? И тоа колку има логика затоа што многу бргу ќе ја впива несвесно мелодиката на јазикот. Доколку се продолжи така со спонтана комуникација, тогаш веќе на 3 - 4 годишна возраст детето ќе биде билингвално (течно ќе зборува 2 јазика) или дури и мултилингвално (повеќе јазика) секако со фонд на зборови соодветни за таа возраст. Но работата е во тоа да се има континуитет а не само повремено или додека е само бебе.
Да, ова мислам дека е најдобар избор. Почнав да учам англиски уште од 4год на курс во градинка што се одвиваше, а од 6г веќе и активно курс почнав кај што многу подобро учевме од во градинка и што траеше подолго. Секогаш имав максимални поени на тестови и се што научив на 8-9г, цела граматика ја знам и во сон што се вика. Лесно совладав се, мозокот како сунѓер е на тие години. После е многу потешко, во средно мои познаници почнаа да одат на курс, но многу тешко им одеше да го совладаат. Кога би имала дете уште од 5-6г ако гледам дека има интерес за учење ќе го запишам на курс, но ако нема, со сила не бива форсирање. Мене ептен ми беше желба да одам на курс, го обожавав.
Иднината е во јазиците. На еден настан пред некоја година запознав мало девојче (под десет години сигурно беше) што течно зборуваше четири-пет јазици. Како се пазареше со сите, тоа беше чудо. Мангупка.