1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Учење, учење и само учење

Дискусија во 'Образование' започната од Martinez, 17 декември 2011.

  1. Martinez

    Martinez Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Дали и вие сте имале искуство со таканаречените бубалици? Личности кои ги има ама баш во секое училиште и не креваат глава од учењето.

    Во средно имав неколку вакви во клас. Едната плачеше за 4-ка (сите бевме со втф фаци :D), другата ја викаш во град, следуваше одговор: "неможам треба да учам", третата несака да учествува во никакви активности заедно со класот, нејзе ја интересира само книгата...

    Што мислите за ваквите личности? Што им е целта и што сакаат да постигнат со таквото нивно однесување? Јас разбирам колку е учењето важно и се тоа, ама да не кренеш глава од учење и животот да ти помине, а не си видел ништо од него...е тоа не го разбирам.
     
  2. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Целта им е да имаат добри оценки, да знаат се, ама најчесто таквите учат на памет.
    Имам и јас такви во одделение.
    Ние едвај двојка сме извадиле, а некој за четворка цмиздри.
    Невозможно е муабет со такви да направиш, па затоа не ни пробувам.

    А недајбоже да добие 3ка, па тоа, тоа не се опишува, во депресија ке падне.
     
    На Martinez му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Да кај нас во клас има една таква што само учи учи и учи и како што кажа феминката пред мене со нив е невозможно да направиш муабет, а ако веќе правиш само за учење да се зборело како не :rofl:
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Си учат бе луѓето. Јас не познавам некој кој попрво би учел од колку да шета, ама изгледа тие т.н бубалици сметаат дека ќе имаат подобра иднина од нас ако нон стоп учат. Нека учат ако по цел ден немаат др работа. Не дека јас не учам, учам и имам одличен успех ама да се замарам толку како нив не :) :)
     
    На JustSimple му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Јас во основно имав 2 другарки од кои и двете беа одлични,а едната беше тешка бубалица.
    Ама си се дружев со нив и си зборувавме општо за се,ама највеќе за училиште,оценки,професори,тестови,испрашувања.....
    Ама си се вклупував и не ме нервираа.
    После почнав да си се дружам со другите кои не учат толку и позабавно е.Знаат да прават шали,да се глупираат и да се забавуваат.Бегавме од часови и препишувавме на тестови.А кај бубалиците тоа е строго забрането и чудно.Тие не препишуваат на тестови туку секогаш се спремни и нема шанси да избегаат од школо.Недај боже да добијат 1 неоправдан.. пу пу чувај боже :x

    Сега во средно имам 2 во клас кои знаат се.Ненормално интелигентни деца.Изуми и научници.
    Ама не се бубулици и не се нон стоп над книга.. Такви се едноставно,на час учат,а дома само повторуваат.
    Секоја чест за нив двајца кои се ненормално паметни деца и имаат познавање скоро од сите области.
    Ама далеку се од бубалици..
    Забавни се и не се затупавени во мозок.

    А за бубалиците немам коментар.Некогаш се трудам да ги сфатам ама не ми оди.
    Тие се такви едноставно.Родени се за книга.
    Научени се само книга во рака да си држат и да се бубаат се.
    Такви се шта чеш :tmi:
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Јас сум одлична ученичка.Скоро секој секој ден учам по цел ден,а некогаш и наутро станувам од 5 до 7 часот и си го повторам тоа што сум го учела.Но има и денови, иако се ретки кога не учам по цел ден.И не се сметам за бубалица иако по цел ден учам. И подобро да учам и кога ќе ме праша професорот или професорката да знам да кажам тоа што ме прашува, не од збор до збор туку најглавното, отколку да буљам во него/нејзе и да се чудам за што заборува сега овој/оваа.
    Ако не знам, ми е срам од професорите. Веднаш ја спуштам главата и не можам да ги погледнам во очи.

    А за тие што не учат, не им се криви тие што учат, бубалици како што ги викаат, туку самите си се криви што ги мрзи и книгата во рака да ја држат, а не да ја отворат и да прочитаат нешто. Тие си се научени така на готово. Цела година ништо да не знаат да кажат, по 8,9 единици имаат и кога дојде 10 јуни сите двојки. Е затоа и државата ни пропаѓа, оти пола и повеќе се написмени, а се на високи функции, за разлика од тие што со мака и труд се мачеле да завршат, си седат дома или ќе работат по конфекции.
     
    На m346, Dream-Girl, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Мене никад не ми станаа јасни таквите на кои им пречеа тие што учат.
    Зошто би ви пречеле човече?!
     
    На Dream-Girl, mimiiiii, Sara123 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    30.201
    Пол:
    Женски
    Личен пример
    Апсолвент сум веќе 4та година значи и не паднав под никакво влијание од некој дека не треба да се учи и не знам што. Вака, до 4та средно бев со континуиран одличен успех и првенец на генерација, сега сум со просек 9.5 и никогаш нема да ми смета ако некој рече дека сум бубалица итн итн. Ништо немам пропуштено во животот, излегувам со сите се дружам, никогаш не сум рекла не можам да одам негде - имам за ученње.
    Значи,кога се сака се се може и се се постигнува!
     
    На Dream-Girl, Sara123, Glossy-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се сфатлива таа осуда? Секој си има различни амбиции и оечекувања од својот труд..
    Јас бев бубалица во основно и?
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Бубалица не е тој што многу учи, бубалица е тој што учи на памет до точка и запирка се како што е во самата книга. Тие ако ги прекинеш нема шанси да продолжат после, ќе ти кажат може пак од почеток.

    За разлика од тоа не е бубалица тој што учи. Ако некој си има амбиции и смета дека со учење ќе ги оствари не гледам нешто што би можело да му смета на другите.

    А да, секогаш некому му сметаат тие што учат па често сум слушала луѓе од типот вие што имате сите 5ки на памет учите ха ха. Тоа е можеби затоа што им пречи туѓиот успех, или сопствениот неуспех како и да е.
     
    На Dream-Girl, macysh, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Јас само едно не можам да сфатам: како е возможно некои луѓе да го имаат само учењето како преокупација, од факултет да одат право дома, комуникација со надворешната средина сведена на минумум, а и кога се надвор од дома (т.е. на факултет) единственото нешто за кое што прават муабет е учење, просеци, домашни.... е тоа никогаш не сум можела да го сфатам.
    Јас разбирам дека некогаш мора да се загрее столчето..... ама па да се затворам дома само за да бидам најдобра таму во генерација, да знам колку запирки има вкупно во цела книга и на која страна се наоѓа сликата кај што бабата и внукот пијат чај?! Епа тоа ми се чини никогаш.
     
    На Kaylie, sweet-star, La.Reina.Del.Sur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Martinez

    Martinez Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Погрешно си ме разбрала. Мене воопшто не ми пречат тие што учат, баш напротив а и јас самата учам и се образувам како личност. Тоа што неможам да го сфатам е:

    - Ти ги викаш за излегување во петок, пази во ПЕТОК, тие те одбиваат затоа што учат.
    - Ти ги викаш да прошетате малку меѓу часови/предавања, да земете здив, тие те одбиваат затоа што учат.
    - Ти ги викаш кај тебе дома, тие те одбиваат затоа што учат.
    - Ти сакаш да направиш муабет, тие учат.
    - Се договарате цел клас нешто, тие не учествуваат затоа што требало да учат.
     
  13. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    И јас сум една од тие што учат и тоа многу... Секогаш бев/сум во најдобрите на генерација, ако не и најдобра...

    Ама кафе не пропуштив, киснење во парк не пропуштив, одење на лизгалиште, седенки, журки на кои ми се одело, иако сум имала за учење...
    Преку глава ми е от таквите кои се корнат за добиена 10-ка со 96 поени од 100.... Од оние кои од збор до збор, од точка до запирка ги учат цели книги.
    Од моите некогашни школски кои главата од земја си ја акаа и липаја за добијена 4-ка...
    Од оние кои се на релација школо-дома, факултет-дома... одењето дома им е учење, одењето на факултет/школо учење....-.-’
     
  14. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    ^^ Ете јас сум таква,со исклучок на она првото за во петок.
    Но таква сум бидејќи не можам да здивнам од обврски.Член сум на 2 школки одбора,тренирам по 2-пати на ден и немам време да спијам,па затоа и на одмори учам некои ситни работи !Ама затоа сум најдобра.И не ми е жал што сум пропуштила некое кафе зошто морам да учам.Бидејќи знам дека тоа ќе ми се врати. И некогаш барам 3 минути дома за одмор,за да можам да зберам сила за 2-тренинг и за да стигнам на него и слично.
    Јас не се трескам од земја,не плачам,но кога немам време-навистина немам !
    Мене учењето не ми е преокупација,но ми е една од главните обрврски која знам дека морам да ја извршам.
    Јас не бубам,не учам на памет се' од точка до запирка.. Ама учам многу и сакам се да постигнам.Па што ?
    Така да,погледни од страната на другите страна-бидејќи сите не се исти. :)
     
    На Anna-Karenin, blue.jeans и sanjaeva им се допаѓа ова.
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Душо...Средно медицина, една од најдобрите во генерација... Тренинзи 6 пати во неделата по 3 саати. Волонтер во црвен крст, одење на предавања за превенции, деца со попреченост тако далје и ближе...Да не зборувам дека дома исто така имав многу работа... А сакав и скејтање, и цртање...
    и пак имав време, макар и да не спијав воопшто....(ти зборувам за средно, бидејќи си ти средно... а да не зборувам за факс)
    така што според мене се се може ако се сака... Кој ме разбра, разбра што ми е поентата на постов
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Од секогаш ме нервирала таа поделба на бубалици и кул деца-кои воопшто не учат а сепак имаат добри оцени. Врски се тоа бе батенце, кого лажеш? |(

    Јас на пример сум најголемото бубалче што постои!
    А сепак излегувам секој викенд, знам да киднам од час, одам на кафиња, седиме со другарки по цел ден заедно, со моите излегувам на прошетка или по гости... А останатото време, односно голем дел од денот ми останува празен и сигурно нема да безделничам. Тоа време го користам за учење.
    Тоа мили мои се вика организација! Од толку до толку саат ќе се забављам, ќе шетам и тако даље и од толку додека не научам ќе седам над книга! Зависи кој колку може да пружи и кон што се стреми.
    Јас знам кој е мојот максимум и до таму терам, можеби не сум најдобра во генерација, имам чат пат по некоја четворка.
    Нема тука некоја филозофија.
     
    На Cloee и esperanca им се допаѓа ова.
  17. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Се ми е јасно,за предавања и да не збориме,превенции од дрога и све остало,за тренинзи и работилници и се друго...И јас учествувам .Туку зборот ми беше дека не сите можат се да постасаат.Ако можеш ти можеби некое девојче не може.И јас не спијам за да стасам да излезам со другарки и да учам,ама некој што буба можда не може во се да си ужива.
    Јас не реков дека се што се сака не се може,туку реков дека постојат ситуации и моменти кога се нема време баш ама баш за ништо,па кога бараш 1 минута за одмор - е не е лесно.
    И јас барам време и го организирам најдобро што можам.
    Ама некогаш преморена-не можам да го ставам излегувањето на прво место,кога би можела тие 2 часа преку ден да ги поминам одмарајќи.
     
  18. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Фанки и од најдобриот има подобар само тоа да си знаеш.Искрено баш се нервирам кога зборуваат неколку солидни ученици и еден од нив вели ЈАС СУМ НАЈДОБАР. Секој себе може се смета за најдобар, ама ако тебе ти оди англиски, мене повеќе ми оди математика. А двете по овие предмети имаме петки. Така да немој горе потенцираниов израз да го користиш во друштво . Не e ни културно, ни најмалку пријатно. Знај си за себе, напредувај, но изразов никако. Бидејќи не е работата ти да речеш најдобра сум, туку другите да те пофалат.

    Не знам по колку пати дневно го слушам изразот : „Ти си бубалица“. Кога мене ќе ми речат бубалица, некогаш прашувам што подразбраат под тоа? Другарите ми велат дека под тоа подразбирале некој кој многу учи.

    Да , седам дома и најголем дел од денот учам. Но не дотолку да не излезам во петок на кафе со другарките и некогаш да си дозволам саботно вечерно излегување. Па дури и посетување на некои културни манифестации во градот.

    Е сега како што е три сати киснење на фејсбук... Тоа никако, Утре правиш тест и фино лепо дечкиве си се релаксираат на фејсбук. Не е дека кога се прави тест строго забрането е да се чепне компјутер, ама неколку часа, навистина не оправдувам.

    Според мене бубалица не е личност која ги има сите петки в дневник. Бубалица е личност која нон - стоп е над книга, знае од точка до запирка ама баш секој предмет. Петок не излегува , туку седи дома и учи. Цело време зборува само за теми поврзани за училиштето, професорите, тестовите... Љубов и љубовна врска на 16-17 години, симпатија или женска/дечко??? Ма не фала , јас имам поважни работи од тоа ќе ти речат.Јас искрено ваква личност што ги исполнува и баш сите критериуми и не познавам.
     
  19. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Не сакав да бидам нарцис со тоа дека сум најдобра,се извинувам.
    Тоа во друштво не го ни спомнувам.Туку се обидувам да кажам дека амбициите што ги имам и што ги исполнувам ме прават нешто,односно дека постои разлика кога вложуваш во нешто.
    Се извинувам ако сум била погрешно сфатена.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски

    Има, јас познавам неколку.. Мене тоа ми е како откажување од животот.
    Како да останале неколку века назад, кога навистина имало конкуренција и сите биле мотивирани да го апдејтираат своето знаење, кога преовладувале оние строги критериуми за животните вредности. Сега за жал, културата и образованието на еден човек е нешто што скоро и да не се цени. Па во секој случај, џабе им е и на бубалчињата да се трескаат од земја.