1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Учење, учење и само учење

Дискусија во 'Образование' започната од Martinez, 17 декември 2011.

  1. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Што ме озборувате бре?Што лошо ви направив за да ме мразите :^)

    Последен пат изреволтирани од ваквите мислења на некои соученици што ги исмејуваат одличните (а тие се со 1 и едвај 2 ) им посветивме есеј на англиски и темата гласеше "Being a nerd"!Мака ми е само што за тие кои беше наменет есејот не го разбраа, не ни сватија за што воопшто читаме :lol:
    И викнете ме за излегување па ќе видете дали нема да дојдам :lol:

    До основно бев многу далеко од бубалица но во средно малку ме прифати манијата.Кога седиш до учани и да не сакаш ќе почниш да учиш :D и верувајте поубаво е чуството кога сите ви се 5 отколку да ги имате сите можни оцени од 1 до 4.Oваа од искуство ви го велам.
    А и што се занесувам бре јас па не учам многу, моите не ме виделе книга да фатам :D Интелегента сум а не бубалица 8) :lol:

    И како за крај мора да ви го кажам оваа: пред некој ден ми пукна филмот и почнав да играм игрички на час и другарката до мене почна да ми писка и ми велеше исклучи ги игрите земи учи,еј ама мртва озбилна :rofl: хаха ќе си пукнев од смеја.И потоа јас сум била бубалица оти сите ми биле петки.Абе иди бегај бре :lol:
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Самодовербата и високото мислење за себе, не е нешто за што треба да се извинуваш.
     
    На WhiteAngel, danniela5 и funkygirl им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    ДА!
    Од кога почнав да се дружам со мојата најдобра другарка во школо, тоа беше мислам втора година, од година на година сум се’ подобра. Таа е една од најдобрите ученички во класот, па и јас покрај неа почнав многу повеќе внимание да посветувам на учењето, за разлика од порано. Сега се здружив и со една друга, заедно седиме во клупа, порано беше многу, многу слаба во однос на оцените, половина и’ беа единици, едвај поминуваше. Но, оваа година има само 1 единица за полугодие, што за неа е огромен успех. И останатите оцени не и’ се лоши за разлика од минатите години.
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа. Не сакав девојчето да ме свати така. Затоа и потенцирав :Знај си за себе, напредувај, ама да се каже изразот пред своите другари јас сум најдобра навистина е незгодно. Само на тоа сакав да упатам, инаку не мислев ништо лошо.

    Баш за истава ситуација, некој се случуваше од другарите да рече јас сум најјак овде , незнам што, незнам како. Јас прв ви а решив задачата денес, прв кажав француски, глупости живи...

    И потоа цело време ги исмејуваа зад грб поради своето фалење.

    И секако дека на млади личности како нас , ни е потребна само довербата за понатамошни успеси, се разбира.
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Кој си ја има мувата на капата богами ќе си ја ишка :D ...
     
    На funkygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    О Боже, додека се отвораат теми зошто учите, а не зошто НЕ учите, ќе тапкаме во место во државичкава. Тоа е тоа, тоа е сржта, проблемот на државава, што никој не сака да се труди и да се издвојува, секој е задоволен со некојси просек, потпросек... :x

    Јас учам. Да. Немам испаднато навечер последниве 2-3 викенда затоа што полагам 6 предмета. Учам јазици кои не се спремаат на испит за 10 дена и морам континуирано да ги работам. Нема бубање, нема напамет учење, ама мајке ми, има многу работа. И ако сакам успех, и стипендија, и лично задоволство, седнувам и учам. Пијам кафе со колегите после предавања, има и хихиху и хахаха, имам и пишување постови овде, и фејсбук, и скајп и шетнувам чат пат, ама кога се мора, седнувам, учам и ДИ ЕНД.

    Зошто учам ?!

    Затоа што сфатив дека друг лек за успех, нема. Така сакам да си изградам кариера, да заработам пари и да успеам. Може некој го сторил тоа и со основно, и со средно. Секоја чест, ретки се таквите, ама еве, мојов мозок кон друго се усмерува.

    Затоа што имам потенцијал. Ако не го искористам, тоа ти е исто како да имаш Ферари во гаражата, а го возиш со 50 на саат. :D Срамота е да ме мрзи, здрава, права, па најлесно е да учиш денес.

    Затоа што имам услови, храна, покрив над глава и кревет. Неблагодарно е да се излежавам и да им ги трошам парите на моите кои ги инвестираат во мене, за некој ден тродупло да ми се вратат. Ако не ми се учи, најфер ќе отидам и ќе им кажам, вака и вака, еве ви ги парите назад, не е фер да ги трошите на мене.

    Само, откако дојдов на факултет сфатив дека знаењето треба да го искажувам во вистински моменти. Веќе кога се прави муабет околу тоа кој колку научил, што научил, си ќутам. Оти ме гледаат под око, па како стасуваш, што, зошто... Не сфаќаат луѓево дека не треба да се трудат за мене да ме стасаат, нит па јас се трудам да стасам некого, едноставно учам за себе. За некој ден да бидам барана. Мене да ми нудат работа, па јас да бирам, а не јас да ги барам. Таков ми е занаетот, ако не се прочуеш, пиши пропало. :lol:

    И се додека гледаме како бубалици кон тие што се трудат и навистина знаат, тешко нас.

    Како сакајте сфатете ме, ќе видиме за 10-15 години кој бил во право. Мојот труд веќе се исплаќа, си земав стипендија на државен факултет и баш ми чуе околу тоа дали сум бубалица или не. 8)
     
    На Samomarija.056, Glossy-girl, L-enna и 8 други им се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    И јас сум од тие што учат, особено во средно. Е добро, забушавав во 4та, ама тогаш ти се може, плус професорите ме знаеја веќе, па не беше толку проблем :D

    Сега на факултет искрена да бидам, секоја следна година учам помалку. Просекот ми е доста висок, ама ако учев исто како и во средно и повеќе од тоа ќе ми беше, ама не жалам воопшто. И мене ми требало одмор и шетање и се по ред. Плус да ви кажам мене ЕКТС страшно ме демотивира, зашто и кога ќе направам најдобро на колоквиуми ќе ми расипат оценки нивните поени од присуства, а особено од семинарски зашто професорите се вечно незадоволни |(

    Сум за учење, треба да се учи, ама за сметка на тоа да не излегувам од дома и да немам социјален живот, не фала. А да, и уште не ги разбрав луѓето што преполагаат испит за оценка повеќе :^)

    И ќе заборавев, луѓе што учат многу не ми сметаат, ама на оние што лижат знаете што на професори, радо би им го свиткала вратчето 8)
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас сум одличен ученик, со сите петки, првенец на генерација во основно и продолжувам во средно...
    Но, јас дома не учам! Жив пример за моето неучење е реакцијата на татко ми: класната му кажува дека спуштените оцени за полугодие ми се сите петки, а тој ми вика „па ти не учиш некогаш“.
    Буквално така. Јас навистина не учам дома на пр. последната лекција за другиот час да се знае како стихотворба. Паметам од на час и ако имаме домашна ќе ја напишам, ако не-не отварам книга дома.
    Учам пред тест обавезно. И тоа ми е!
    И не ми е срам ако некогаш не знам, не ми е срам ако некој знае повеќе од мене. Мене учењето не ми е главна преокупација. Ама јас никогаш не велам „не сум спремна“ или „не знам за овој час“. Никогаш!
    Јас секогаш знам! И имам претензии да завршам факултет, па можеби и нешто повеќе од тоа, ама дека ќе си го посветам овој период од животот на учење-тоа нема. Здравје, после средно ќе видиме!
    Во класот имам еден соученик кој е бубалица во вистинска смисла.
    Ама тој не учи со разбирање, тој учи на памет. Денес ја знае лекцијата-утре не ја знае.
    Тој не учи за себе-тој учи за да стане миленик на професорите.
    За него препишување е непознат поим.
    Нема зезање, нема бегање од часови, нема ништо. Живее за да учи.
    А не е одличен, не е со 5.00 просек.
    Тој мене лично не ми пречи. Не ми пречи ниедна бубалица. Нема зошто да ми пречи.
    Некој знае да се снајде, некој памети од на час, некој ни едното, ни другото. Па мора да буба за да знае.
    Тоа е личен избор и јас го почитувам.
    Кој учи за себе си учи, кој знае за себе си знае!
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Јас не бубам,јас учам.Бидејќи знам дека еден ден ќе бидам нешто и нема да се помирам со фактот да бидам нешто посечно.
    Сакам да бидам поим за успешност.
    Бидејќи сум опкружена со девојки околу мене што тренираат,студираат и работат и се постигнуваат.Значи можно е. Но тие девојќи јас сум ги гледала колку тренираат,и дека тренираат додека не им паднат нозете и јас сум ги гледала по колку време учат за се да постигнат.Патот им бил трнлив,но дошле до она што ги прави над сите.
    Излегувам во сабота(секоја сабота),излегувам кога имам време,а гледам да најдам време.
    Но пак ќе кажам.Не излегувам по секоја цена-кога можам и кога неможам.
    Не пијам кафе,не пијам кока-кола бидејќи водам здрав начин на живот.И не одам во кафич по секоја цена,ако тоа време би можела да го поминам за одмарање.Тоа ми го налага спортот.
    Јас сум таква-различна.И не ги осудувам бубалиците,бидејќи ако гледаме од нивен аспект тие можеби само така можат.
    Имам таква соученичка.Навистина не може нештата да ги каже со свои зборови,па ѓи учи ко шо се во книга.Па што ? Упорна е.Многу се труди.Можеби натаму ќе и биде многу тешко,ама така може.Така да јас не ги ставам ниту на пониско ниво,ниту пак ги хејтам. Сите сме различни.Сите што просперираме,просперираме на различен начин.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.906
    Допаѓања:
    81.180
    Пол:
    Женски
    Сакам да учам, учам, учам и само да учам, да.
    Не затоа што морам, туку затоа што сакам, имам амбиции и сакам да станам некој и нешто во животов - богами, не би го постигнала тоа со безделничење и чекање нештото да падне од небото.

    И не ми е срам што немам излезено речиси цел месец, ами ја тупам со задачите во Паскал (само за пример го земам) и за разлика од некои барем се трудам да сфатам малку од тоа ич што професорката не знае да го предаде на час.
    Напротив, тоа го правам за мое лично добро, за догодина на пример, кога ќе одам на факултет да имам некаква си основа и да ми биде барем малцичка полесно.
    И ич не се пронаоѓам во тоа ''бубалица'', напротив, не се трудам да ги набубам точките, запирките и останатите интерпункциски знаци со се' готовите реченички, ами секоја лекција си ја сфаќам како предизвик, приказна и си наоѓам некакви логики со кои полесно би си всадила нешто во глава, и тоа нешто асално да фати коренче таму, а не да ми избледне ко пареа.
    А фактот дека кога седиш до учени и демек аналогно на тоа и самиот почнуваш да учиш и не е баш, хм, не ми држи вода. :D
    Имам цврсти докази и примери верувајте, се' е до нашата свест, желба и волја за учење.
    Другото е лесно, барем во условите во кои живееме денеска. :)
     
    На esperanca, macysh и funkygirl им се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Најважно е да се учи за себе, за збогатување на своето знаење и од тоа нема никаква штета, напротив може и да не си валоризиран соодветно во нашето извртено општество, ама знаењето и потенцијалот никој ни може да ти ги земе, ни оспори.

    Ама, како и за се‘ во животот треба и овде да се балансира. Никогаш да не се запостави целосно социјализирањето и шетањето за сметка на учењето. Бидејќи ако единствените места за излегување се библиотеките и амфитеатрите подоцна, еден ден ќе се осознае дека никогаш повеќе нема да имаш 16 или 19, ама шансата одминала, а над 30 да надополнуваш за пропуштеното секогаш изгледа ммм ... невкусно.
     
    На Strumfeta93 и nela.oh им се допаѓа ова.
  12. aquamoja

    aquamoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Феминки ај кажете ми како да добијам инспирација за учење ............. имам уште 3 испити а едниот го полагам за 9 дена ? ?? изгубив кондиција оф лелел ;( ;( ;(
    Морам да да го положам инаку тешко мене :x
    Дајте некој предлок како вие добивате инспирација да седнете да учите ВЕ МОЛАААМ :*
     
  13. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Да ти каже некој лично за тебе што ќе те мотивира тоа тешко. Секој различно го сфаќа и го минува тој стадиум.
    Ама кога веќе си дошла на само 3 испити до крајот не знам зошто ова губење мотивираност и концентрација. Самиот факт што си на само чекор од крајот треба да те мотивира а не демотивира.

    Мене лично ме држеше на нозе личната сатисфакција. Секоја непроспиена вечер во учење или ради трема пред полагање, секоја нервоза се исплаќаше ради резултатот, чувството дека си успеал во нешто, а плус си се надградил себеси.

    Дали тебе ќе те мотивира знаењето или земената диплома или слободното време по положените испити... бирај сама. Само биди позитивна и издржи накрај ;)
     
    На aquamoja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Вакви, секогаш имало и ќе има.
    Јас бев убедена дека на факултет нема да има, но гадно се прелажав.
    Тука има и тоа најстрашни се.
    Јас не ги разбирам, разбирам да учиш да дадеш се од себе за да добиеш висока оцена, и да знаеш, но да бидеш болен по 10ки не го разбирам.
    Неможам да жртвувам се за да би бидат сите 10ки, по секоја цена :!:
    А таквите што тоа им е најглема цел, и ништо подоле од тоа не прифаќаат, мора да се откажат од многу работи.
    Нема безделничење по цел ден, висење на нет, гледање филмчиња, шетање, кафиња во секое време од денот.
    Јас не можам ниту сакам така.
    Секој треба да учи за да научи, а не што оцена ќе добие.
    Мотивот и садисфакцијата на секој ученик/студент треба да биде да се здобие со квалитетно знаење во полето кое го сака, за коа учи.
    Во денешново време, оцените не се ни најмал веродостоен факт дека некој е добар студент, дека учел, или пак дека има здраво знаење.
    Нас како правници не осакатија со овој систем, пиши, заукружи,избои, како забаваче се осеќам некогаш |(
    Особено оние кои учат се на памет, и сите одоговри им се копи-пејст од книгата.
    Има такви и тоа многу.
    Никогаш нема да се искорени тоа бубаторки учење, едноставно, некои луѓе незнаат или неможат поинаку.
    Одвратно ме вадат од кожата оние кои не само што гледаат за себе,тоа можам да го разбера, туку гледаат да ти одмогнат не помогнат.
    А такви често се тие "бубалиците". Не се задоволни со тоа што имаат 10, туку сакаат никој да нема, да бидат они најдобри. :fubar:
    Да не би беа тажни, ќе ми беа патетични и глупави, што всуштност и се :!:
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    3.133
    Јас во основно и средно си бев со сите петки. Ретко, ептен ретко се погодуваше 4ка да извадам на тест. Кога викам ретко, тоа значи еднаш или двапати годишно :o :rofl:

    И што сега? Ќе ме наречете бубалица? Знаете колку ми е гајле? Колку за снегов надвор што се топи, а да напоменам дека и мразам многу снег :!:.

    Али што е многу битно, иако на прво место секогаш ми било учењето, секогаш сум наоѓала време за шетање, дружење, посебно во средно :!:, лигавење, смеење со другарки, гледање филмови и се друго, како и секој нормален човек! Повеќе прочитував и сфаќав, отколку што дремев со книга во рака!
    Али дека се ми беше 5, многу пати сум го добивала овој епитет и уште сигурно важам за тоа! :D

    За вас сите што се одлични се бубалици! Што е голема грешка! Знаете ли што е права бубалица?!? Тој/таа што се секира да не му фали ни едно бодче од сите можни, тој што е ко малце побркан во главата да кажеме и само за тоа мисли и зборува, не знае ни виц да ти каже, ни да те насмее, туку само формулата по математика напамет! А такви не ми се верува да имате по неколку во клас, не претерувајте, ретко се погодува и по еден.

    А и да се такви, кои сте вие нешто да им замерите? Нивен живот бре, нивна работа, што вам ви е криво оти повеќе знаат од вас? Темава е отворена од чиста љубомора, која и јас самата не знам колку пати во животот сум ја осетила :D.

    Било како, на факултет стварно имам колеги што се стварно такви, 10,00 и се засекирани само за тој просек да не го намалат, па учат 24/7. Мене ми е малце незамисливо да не одвојам време и за нешто друго, туку само за учење, али тоа си е нивно. Не ги потценувам, или се правам паметна, па не им правам муабет оти мислам дека се заостанати, што е детско размислување |(, туку ги третирам исто ко и секој друг колега! И јас за колоквиумска учам 24/7.
    Понатака ќе сфатите дека за нашава државичка и нашиве факултети поготово, ако сакаш навреме да завршиш, со некој океј просек, мораш да се стегнеш и да учиш, здраво да учиш :D, бидејќи без труд нема ништо!

    А ако си продолжите вие само со забави, легачење и исмевање со оние кои се трудат да направат нешто од себе, без разлика дали се бубалици или не, ако воопшто одите на факултет, без врски ќе заглавите едно 10 години додека го завршите, и ќе станете колатерална штета на државава.

    И не ги навредувајте со секакви имиња бубалиците, ништо лошо они не ви направиле, оти има косичките да ви ги искубам! :!: :D
     
    На Doozy и nela.oh им се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Имав искуство со една таква школска од 1 одделение до 4 година гимназија со мене учеше. Ама не беше таа крива, мајка и стално напињаше да биде се перфектно научено и да ги има сите можни бодови од тестови итн. Еднаш извади 4 по математика и почна таму крокодилски солзи, лигавења и сите салтанати. Глупост. И знаете што? Зошто толку учела? За да се запише филолошки факултет прв јазик англиски? Запиша факултет кој 30 посто од студентите го студираат. Факултет од кој излегува премногу образован кадар а нема доволно работни места за сите. Од неа се очекуваше на пример, по некоја логика сите очекуваа да запише тежок факултет, електро или нешто слично. На крај се забоди во филолошки. Не велам дека е лош факултет, можеби тоа и било желба целото време да студира, но зошто тие солзи околу 4 математика кога прво и основно не и треба на факултет? Болест. :?: Свакам да се учи, за се има добри оцени по се, но до толку замаранција не е здраво. И да напоменам до пред некое време не знаеше што е излегување во град. Еее некој ден кога ке си ја чука главата дека и поминале најубавите години... ке биде касно. :)
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е така е, ама не сме ко Американците што стопати повеќе знаеме за нив отколку тие за себе, не знаат кој им е претседател тинејџерка вика Бин Ладен, на прашањето кој им е пак потпретседател се двоумат меѓу Џорџ Буш и Клинтон, не знаат од колку држави е составена САД, не знаат на државата Вашингтон кој е главен град...не знаат ништо, не знаат кај се наоѓаат! Па тоа е нон-сенс.

    Ние Европејците глобално важиме за учени и образовани луѓе. Тргнете од историјата па до ден-денес. Најголемите и најголем број од сите научни достигнувања потекнуваат од овие простори. Сигурно не од Африка или Америка. И затоа можеби многу учиме, можеби учиме и работи кои не ни се потребни, но подобро е вака.
     
    На Maxymous и macysh им се допаѓа ова.
  18. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Има една таква во одделението што вика дека по цел ден и нок учи а книга не фаќа.
     
  19. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    И кај нас има една ваква |( .
    Сваќам треба да се уче ќе ни треба школото, ама ова е претерано. Кога треба некаде да одиме друштвото што сме само таа не доаѓа, демек ќе одела некаде а уствари мајка и не ја пушта и тоа да се прашуваш зошто не ја пушта. Ај да речеш слаби и се оценките ама не и се слаби :x стварно не го сваќам луѓето :^) , за учењето сите ја исмејуваат а таа никому ништо си продолжува да си уче. Не дека сум и нешто најдобра пријателка ама се преоптоварува а послем ќе си ја чука главата од ѕид зошто била така глупа, и така накрајот пак ќе помине одлична ама џабе е секој не сваќа ;)
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Учете деца, знаењето е сила, знаењето е моќ :angel:
    Не е толку битно да ги знаеш сите филмови номинирани за оскар, сите песни од евровизија, која боја со која се слага, најновите трачеви во градот или на естрада, не е ни битно да се шеткаш постојано со некои безвезе книги и читаш за релаксација или љубовни романи од познати писатели (безфрлањедоматиќевемолам)...земете стручна литература, бидете љубопитни и желни за знаење, тоа никако не може да штети...
    Не по цена нели да утре не можеш најпроста конверзација да направиш со некого затоа што едвај излегуваш од дома, но ако веќе дремеш дома, дреми над книга не на фемина или фејсбук (моментот кога ќе почнеш да звучиш како твојата мајка |( ) Затоа што во иднина најголемите фрустрации ќе доаѓаат од сопственото незнаење и немоќ...