Јас само имам да кажам за девојките кои пишале дека не спијат за да учат, тренираат и се со ред. Девојки, сега може не осеќате млади сте, ама за некоја година тоа неспиење има така да ве тресне од земја, ќе се сомневате во се само нема на тоа да помислите. Бубалица за мене е некој што едноставно кажано нема социјален живот ради учењето, а глупав човек е оној кој си крати од спиење само за во друго нешто да биде најдобар. Директна навреда е да, ама искрено ако здравјето не го пазите за да се осетите гордо на заслужена 5ка или 10ка или медал, епа глупави сте.
Учам многу да, ама не претерано. Имам социјален живот и повеќе од потребно, дури и ми се чудат како се некаде сум излезена, или цело време сум на интернет а освен 10ка не сум имала друго на факултет. Ако се сака може се да се постигне, само треба да веруваш во себе. И да, се исплаќа учењето, мислев дека не се исплаќа ама веќе се уверив многу добро дека не е така. Се нервирав во средно дека имаме 5ки и тие што секогаш се трудиме и сме спремни, а имаат и тие што се прават болни додека не научат и се вадат на стара слава и на умилкување. Затоа сега потполно се уверив дека не е така, ми се исплати тоа што се трудам и имам основа и тоа многу. Си добив целосна стипендија на ФОН, без никакви врски единствено со сопствен труд и залагање. Додека моите колешки 2000 евра плаќаат, јас ниту денар не давам .. па и не е така малце. А можам да кажам дека за да си одржувам просек за стипендијата и да ми бидат сите 10ки бара многу труд и залагање, ама кога ќе се сетам дека се ми е бесплатно и овозможено и имам мотивација за учење. Мило ми е што ми се пружеше шанса да ми се исплати трудот што го вложувам за да успеам. И ете и покрај тоа што сум врзана со просек, мора да имам високи оценки јас шетам, имам многу пријатели, ме има секаде, не сум се откажала од ништо. Не е поентата во тоа само да учиш, мислам тоа и воопшто дали би го можел некој. Ама ако се сака, се ќе се постигне.. само треба добро да се распореди времето. А некогаш од љубомора, многумина ми имаат кажано кусо нека е стипендијата кога треба да се утепуваш од учење за да ја одржиш но нека си зборат, јас сум задоволна затоа што паралелно се успевам да постигнам.
Претеризам. Имав две во класот. А бе едната плачеше дека добила 5 на 4 по биологија . Ама па не беа до толку па да не излегуваат од дома. Ми беа и сеуште ми се едни од најдобрите другарки од основно.
Јас никогаш не сум била бубалица, ниту ќе бидам, всушност далеку сум од бубалица. Ама сега, зависи кој како го сваќа значењето на зборов. Можеби некој бубалица го сваќа некој ученик што ги има само сите петки, а јас го сваќам бубалица ученикот што ги има и по секоја цена мора да ги има сите петки, ако добие барем една четворка и тоа по некој според мене небитен предмет, одма цмиздри и вика нема да бидам одлична на крај! Имаме едно девојче така од клас, скоро сите и се петки, сега во последно време малку ги расипа и вика леле, леле што ќе правам со просекот ,јас и се чудам и викам абе одлична ќе бидеш што ти е, да ама нема да бидам СКРОЗ! Немала да биде 5.00 ,него 4.92 или 4.86, офф леле. Бубалици се за мене оние кои се опседнати со учењето, цел ден висат над книга, немаат друштвен живот и кога некој ќе им понуди да излезат веднаш одбиваат зашто имаат за учење, учат и на часови и меѓу часови, дури не излегуваат од училна.. Па луѓе, да бидеме искрени ова не е нормално! А и плус, они ако си учат на време и ете ако денес имаат три лекции да научат, тие ќе им одземат 2 ипол саати да речеме. И остатокот од денот што прават, зар неможат да си дозволат да се опуштат малку, да излезат на кафе и слично. Јасно ми е пред тестови здраво седнување и учење, тогаш нема ни интернет ни ништо, ама вака.. Инаку имам една другарка, не да ја наречам бубалица ама многу учи стварно. Сите петки и се а учи во една од најелитните гимназии, едино физичко, замислете физичко и правеше проблеми, 3ки,4ки и пишуваше и за тоа она многу се потресуваше, ама накрај и ја стави петката, џабе нервози. И мене не ми сметаат тие 'бубалици' ,само просто им се чудам на паметот, ќе ги бараат овие години назад, не за друго. И единствено се нервирам кога ќе и речам на другаркава да излеземе, на моменти онака нервозно ќе ме одбие дека имала премногу за учење, кога сама знае дека тие лекции ги знае веќе и дека учи брзо, нема потреба од стресови. А сега за мене да си кажам. Од прво одделение сум била солиден ученик, никогаш не сум била најдобра, т.е имаше еден период кога се издвојував како една од најдобрите, ама сепак сум држела златен просек ,сум имала мешавина од четворки и петки, и по 1-2 тројчиња кои секогаш сум ги поправала, знам многу се потресував во шесто, седмо одделение кога ќе добиев тројка на тест, леле. Ама сепак друго беше во основно, во средно е доста подруго и потешко. Првото тромесечие завршив 3,75, за мене тоа беше добар просек зашто се трудев онака просечно а и нова средина, нови професори, дур се адаптираш и се тоа.. После си реков ќе учам за да на полугодие си ги поправам оцените и ни јас сама не памтам и незнам како ама од почетокот како повеќе да ги расипував, отколку да ги поправам. Ама се свестив кога видов што им бидна на оцените, а и плус притисокот од моите ако имам уште полош просек.. и се трудев, од единица македонски, направив четворка и петка, и ми спушти четворка. Другите оцени исто за експресен период ги средив, незнам ни јас сама како. Ама тогаш и материјалот ми беше поинтересен. Е во второ полугодие попуштив и тоа доста, бев со просек тројка чиста ,онака едноставно не бев волна за ништо, а сега сум 3.76 или 3 и 80 и нешто, зависи, ми зависи од една оцена. Па пак ќе завршам многу добра, иако имав шанси и за одлична ама тоа е. Сепак, за другата година планирам да бидам одлична, не сосем, ама одлична и ќе се трудам за тоа. И искрено во прво полугодие со многу помалку труд, од 11 покасно не сум легнала, скоро секогаш на време ми беа научени лекциите, немав потреба од одмор, наспиена бев, бев одморна да одам и на тренинг од два саати, да одам и на курс.. се постигнував, а сепак бев подобра во школо. Чудна работа. А сега, колку и да се трудев, и да учам, да останувам по цели ноќи, резултатите беа само да бидам со олкави очи и ненаспана, а оцените катастрофа. Затоа, од следната година ќе гледам да се вратам на стариов метод. И не, никогаш не сум се притеснувала, не сакам бе да испуштам златни дружења со другарки, кафиња-мафиња, озборувања, сум бегала со денови од одредени часови, па накрај пак сум имала четворка просек. Сакам да си го изживеам периодов до крај, и знам дека можам да бидам и одлична, не ми фали мене нешто не дај боже, не е дека сум нешто полоша од другите, ако се потрудам ама многу можам и 5.00 ама не ми е тоа фората, не ни сакам а и не ни можам дотолку да се замарам. Поарно само одлична и плус да има шетање и зезанции, отколку 5.00 а социјалниот живот да ми биде сведен на нула. Иако, пак ќе кажам ако се сака - се се може, само со труд.
Не сум бубалица, нема ни да бидам, учам редовно.. Имам во клас значи другарка, онака општа култура па и па, али она од училиште го буба на великот... на тест ако не напише две зборчиња и веднаш плаче.. тоа е веќе како лигавење, демек ќе и се попушти... Е тоа едвај го поднесувам.. Мора да има домашна задача, сме се договориле цел клас нема да пишуваме таа мора.. јас сфаќам и да сакаш да учиш и се... али вака.. абе ако треба ќе се разболи, здравјето ќе си го наруши али ќе ја научи лекцијата. Колку пати само со други другарки и велиме ајде една лекција да не научиш дали можеш, не бе.. мене ме многу нервира за тоа али.. нејзино си е!
Има такви многу, па и во моето одделение. Едноставно тие бубалицните само научаат на памет, и какво им е тоа. Мене искрено ми е многу ...неможам да опишам, да плачам ако немам научено 1 лекција или наставникот рече дека требало два збора да дополнам.. пффф... и за тоа да плачам.. за тоа само бубалиците плачат.. Спојлер Сепак нивно си е, што сакаат нека прават
Обично таквите ништо не научуваат. Учењето на памет е најсигурен и најбрз начин за отупување на мозокот.
Домашните за што ги даваат? За да се напишат нели? За со тоа да научиш побрзо тоа што учиш. Кој сака, нека си пишува, али секогаш сум била алергична на тие досадните идиоти од клас, тоа се 5-6 неписмени, што ги мрзи да отворат тетратка, па ќе ги убедуваат сите - Ај нема да пишеме сите! Таа ако сака, ќе си напише, а не да ви игра вие како свирите. И да, дали си учи една лекција или нема да ја научи, исто нејзина работа! Ејј, на факултет сум, али уште ме нервираат ваквите детски размислувања и буцкања кон одличните ученици!
Мене знаеш што ме нервира? Сите одиме на школо без домашно. И фино лепо и одлични и неодлични се договараме да не пишуваме ништо. Значи сите се договараме, за на крај да излезе некој и да каже јас имам домашно! Ма немој да ме јебеш бре! Кога успеа да го напишеш? Нели се договоривме фино, во договорот и ти учествуваше? Ти се праи јака на одмор демек може и без домашно она да пројде, а уствари страв и е да се појави без домашно. Па ако и е од дома напишано, зошто молчи кога сите се договараат?! Е на вакви превртувам очи!
Ма немој да ме јебеш бре ти мене! Фразава стана досадна ко сонцево надвор, де оладете малце со неа. Јас зборував за договарањето, значи јас НЕ ПОДДРЖУВАМ никакво такво договарање! Нема што јас да не пишувам домашна, или да не учам, оти тебе ти смета тоа или сакаш фраер/ка да се правиш. Кој сака нека не пишува, АЛИ НЕКА НЕ ГИ ТЕРА ДРУГИТЕ ДА НЕ ПИШУВААТ И ОНИ. Така ќе го избегнеш твоето нервирање, дека нели, се нервираш кога некој после покажува оти напишал. Јас се извинувам за моите големи букви, не пишувам вака никогаш, али потенцирам нешто што го кажав и претходно, само не било сфатено.
Фразата не беше за тебе бе, уживај. Од 30 луѓе, 29 се прават фраери? Да, секако! И јас не сум сфатена. Зборував за договор во кој учествуваат сите. Никој не убедува некој е ај не учи ти.
Абе дете нема вие што да се договарате, таму е појден секој за себе утре секој секому конкуренција ќе биде, ама уште не сфаќате ќе дојде ден кога ќе сфатите. Јас никогаш не сум учествувала во такви празни договори, ама знам дека таа „солидарност“ не се исплати во животот, утре истите тие што бегале и не пишувале домашни заедно ќе си ги свртат грбовите едни на други, и ќе сфатиш дека си била поштедена од такви глупости. Секој си ја гледа својата работа и отсекогаш сум мразела реченици од типот „ај еднаш цел клас да избегаме“ или „ај еднаш да предаеме празен тест сите“ итн. Зошто бе?! Ај ти оди научи си за 5ка и нека те тераат така сите, сигурно нема да ти биде пријатно да прифатиш и да ти пропадне учењето во вода. И да прифатиш, ќе добиеш само негативен резултат. Децата што потпаѓаат под туѓо влијание највеќе губат, повеќе и од оние што ги натерале. Тврдам! Затоа бркајте си работа и остајте кој што сака да си прави, секој ги сносува последиците на своето однесување, и вие што не потпаѓате под влијание - немојте, ќе видите дека сте постапиле правило, а вие што потпаѓате - па и не ви се само „лошите деца“ криви, и вие сте си сами криви. Затоа памет у глава!
Јас уживам доволно, БЕ. Туку, јас те сфатив тебе, ти сакаш секој да си го испочитува договорот, така? Епа јас мислам дека такви договори очигледно е дека не се погодни за сите, па не ни треба да се прават! Што ти е тебе сатисфакција да тераш некој да прави што не сака, кога знаеш дека не сака!? Па и очи превртувала, тууф. Голема работа. Некому ќе му е гајле за тоа. Ај станете реални малце, некој не ги сака колективниве глупости само за да покаже солидарност за некој што секако ќе му превртува очи.
Остај тоа Плавуша што некој ќе се сети за 10-15 години дали се согласил да избега со цел клас, туку нема на ликот да ти сети, не па `жртвуваноста` за класот. Гледано од оваа дистанца, после 1 година сфаќам дека тоа се празни муабети, млатење вода, недозреаност и зелен памет. Мислам who cares за некој час дали ќе остане некој или сите ќе се договорат да избегаат, или ако еден донел домашна, а другите се правеле курнази, глумеле мангупи па ќе прават како што сакаат. Ти си поединец и нема што да превртуваш очи ако некој нејќе да го прави тоа што ти го правиш, па и цела група БЕ. Знам, тоа се средношколски муабети, во основно немало такво нешто. Искрено, ако не сум донела јас лично домашна (што се случило највеќе од што забораила, или не сум била известена ако не сум била на час), што имам ја да малтретирам некој што ја напишал, да му речам: `Не ја покажувај`. Извини која си ти да кажеш на некој да не го покажува трудот, па макар и се 5 минути. Па и не е некоја тешка филозофија да напишеш домашна, ама ај. Ќе ви помине кејфот да глумите бате и батина низ школо, и низ класот, да има главни и бубалици. Друго се помни од средното, а не колективно согласување на класот да избега, со тоа сложност не се покажува, може ќе видите во иднина.
Ај бе уживајте. Секој со својот став. Зошто се трудите на сила друг да ми наметнере? А и нигде не кажав дека терам некој на сила. Зборувам за некој што самиот вели ај не пишуваме, а после ете го. И јас самата сум против тоа да убедувам некого да не прави нешто. Не е моја работа тоа. Далеку сум малце од тебе, ама не сум јас крива што во средно не трупаат со домашни И се случило многу пат, многу души да сакат да одложат тест, а јас сум научила. И што сега?! Заради мене не смее да се одложе? Не, јас ако сум научила за денес, ќе го знам и утре.
^Јас гледам само дискусија, секој си го пишува своето мислење, мнозинството не се согласува со тебе и тоа е резултатот, тоа не е дека некој ти наметнува став
Јас не сум ти мајка да ти кажувам што ќе правиш и како, нит ме интересира. А уште помалце е дека сакам да ти сменам мислење, ти имај си го, али ти го кажувам само моето. Одложување кога знаеш, океј, многу пати се случувало, во ред е. Бегање од тест ради други, кога имаш научено, не е океј. Ништо позитивно не носи таквата саможртвуваност.
Има разлика од учење до учење. Еве сега, конкретно за бубалиците. Имав такви две во одделение.Значи толку си беа повлечени самите, само една со друга се дружеа, во петок во 11 навечер ми се јавуваа за да прашаат што цртежи треба да однесеме ликовно(?), кога се договаравме за бегање само тие и уште 2 - 3 мамини принцезички не сакаа да бегаат, откога ќе завршевме некој тест одма штом ќе ѕвони не прашуваа другите подобри ученици што сме што сме напишале и сл... Значи немаа социјален живот, некогаш цело одделение ќе се собереме и муабет ќе си правиме додека тие лекции повторуваа, се тресеа при испрашувања...До толку не е нормално. А на крај и јас завршував 5,00 и тие, а таму 5то, 6то и подобра бев. А јас едно 10 пати помалку од нив учам. Некои одредени предмети си ги учев редовно и здраво, некои книга не фаќав а имав 5ки, некои ги учев студентски (пред тест/испрашување). Секаде кај што ќе ме викнеа одев, на нет киснев секојдневно, сум имала и 2јки и 3јки на тестови и не сум се притресувала, сум ги поправила после... И по што ќе го паметат тие тинејџерството, кога од дома не излегле и цела книга ја знаат на памет (и на ескурзија не дојдоа за да учат ).Треба да се учи, не викам не, али до толку учење и притресување - непотребно.
Лелее кај мене има една таква учи учи и самоо учии . Учат на памет и сакаат да станат најдобри .За 4 плачат