Според мене во класата бубалици спаѓаат тие што учат на памет, ама баш онака на памет бубање што викаме. Има и деца што учат со разбирање еднаш, два пати да прочита и сфатил.. Тоа не се бубалици, тоа се само деца кои им фаќа кликерот што викаме и тоа е добро. Еве на пример и јас учам со две три читања, и ми се чудат е како не, лажеш не се учи со читање. Е се учи и тоа како. Јас после тоа незнам да го кажам исто како во книгата до точка, си го прераскажувам со мои зборови како јас сум сфатила, нормално да е контекстот ист, и супер си терам вака А за тие терања не пишувај домашно, или ај сите да избегаме не се согласувам затоа што некој се трудел да научи или да напише и сега заради некој што го мрзело ќе добие ем неоправдан ем нема да може да си го покаже знаењето му се одлага за друг ден. Не е во ред тоа, секој нека си тера за себе
Зборот бубалици дефинитивно го измислиле оние што се правеле фраери/ки, за да го потценат туѓиот успех и да си се утешат зошто не им оди учењето. Немам ништо против бубалиците. Нивен приоритет е учењето, и не гледам причина да ги мразиш или да ги одбегнуваш ако ги имаш во класот, нека тераат до крај ако сметаат дека ќе им се исплати трудот, иако сметам дека претераното учење е непотребно и за ден-два ќе се заборави, почитувам во нормални граници. Не значи ако ги имаш сите 5-ки си бубалица, или дека си пропуштил некоја забава само за да учиш си бубалица. Терминот бубалица е сфатен на различни начини, не би да навлегувам во детали, но мене ми е страшно навредливо `бибалица`!? Во ред тоа да сакаш да потенцираш дека претераното стоење над книга не чини, млада нема да бидеш после 5-10 години, уживај, не се замарај со книга... итн. Ама да кажеш дека ги мразиш и дека се многу НЕдружељубиви луѓе, не разбирам. Јас знам многу што имаат време за се, пола ден се пред компјутер, имаат време за се, а имаат одличен успех. И тогаш тие се важат за бубалици? Ха-ха, како да не. Бубалица... не знам кој го измислил поимов, ама страшно ме нервира. Прво затоа што се употребува каде што не треба и второ дека тој е обичен човек и нема потреба од ваѓање на ниски прекароци, зборот бубалица за мене е нешто навредливо, грдо. Секој човек избира како ќе живее и што ќе прави, ако мисли дека е така добро, нека тера. Јас нема да му се мешам, иако се изјаснив погоре дека подобро да учиш со разбирање, отколку со „бубање“ (мораше да го спомнам овој збор оти не можев да најдам соодветен).
http://www.youtube.com/watch?v=niXuFAsCqLw Јас бев бубалица во средно. Демек сум учела на памет. Немаа везе ја уствари не ни учев. Дома ми се чудеа како имам петки. Учев само нешто што ме занима. останатиот дел го читав скоро пола саат, до саат, пред да испрашуваат и она што го запамтував го вртев како киша око Крагуевац. Професорите беа фасцинирани. Бев првенец на генерација па цело школо мислеше оти се убивам од учење, а ја уствари дома филмови си симнував. Мислеа и дека сум лажга. Ќе ме прашаа, имаш учено? А јас најискрено немав книга пипнато, и ќе начуев дека испрашуваат и на одмор ќе прочитам и оп петка. Бубалица не е човек што знае и се труди, чита. Тие се луѓе кои со сила учат но не сфаќаат , тиквите не им обработуваат информации брзо, па учат на памет. Имав другарка англсики учеше на памет. How yes, no!
Па, не сум баш ваква личност. Искрено да си кажам има викенди кога не излегувам поради учење. На пример сабота вечер јас учам. Понекогаш, не секогаш. Повеќе си сакам да си научам, па потоа да се шетам. Но, мразам на пример во учебна година после школо да одам по кафиња и слично. Добро, понекогаш може да одиме, ама не секој ден. Имам другарки кои секогаш после школо ме викаа, еј ајде кај мене на кафе, ајде да се прошетам, ајде ваму, ајде таму. Јас често ги одбивав заради учење. Сега се знае имаме за учење, тие да сме шетале. Мене многу побитно ми е учењето од шетањето. И, онака нема ништо интересно во тоа. Вака ќе си научам и после ќе бидам задоволна со моите оценки. Некогаш, па знам да излезам во викенд и да се опијанам хаха Сепак зависи од расположението. Ова најчесто го правам, откако ќе си ги наредам оценките Не сум првенец на генерација, но учам премногу. Така една од филозофите во класот сум, затоа што во мојот клас и општо во гимназијата ретко кој учи
Паа јас учам и само математика вака ми е малце послаба страна ама пак на крај 5 ми пишува, ама тоа не значи дека сум бубалица, не учам на памет, си ги раскажувам лекциите што ми се потешки и со едно до две читање запамтувам се. И ако имам обврска во учењето а ми се нуди прилика за прошетка и сл. прво си учам па после другото, полесно ми е после што сакам ќе правам ^^ richgirl998 исти сме девојко ^.^
Потполно се согласувам Спојлер а инаку знам едно девојче и оваа на професорката и вели: јас сум многу чувствителна, и ние сите вакви :geek: , и не за друго тука почна и да плаче cccc
Прво сакам да потенцирам дека секој човек за нешто е надарен. Не може се' во твојот живот да биде истакнато на највисоко ниво..Па тоа не е возможно.. Секој човек си има амбиции, идеали кои сака да ги оствари, па раководејќи се според тоа тој е успешен во тоа и напредува... Ако нешто не те интересира нормално дека ќе се помачиш да го научиш. Бубалиците се личности кои учат на памет, а бубалица не е човек кој постојано учи. Секој има одреден степен на интелигенција и на секој му фаќа кликерот за нешто. Не може се да биде совршено и да знаеш се'. Дури ни Ајнштајн, кој имал интелегинтност над 160 не знаел се. И според мене не е важно квантитетот туку квалитетот. Никој нема да те праша колку време учеше и како учеше, туку ќе ти бара да се покажеш во тоа што си го сватил, а оној кој не учи со разбирање, макар и да учел 24/7 нема што понатаму да покаже. Што на пример ако некој студира медицина, а се знае колку се бара учење и доколку постојано учи, значи дека е бубалица?! па луѓе не е ...туку самиот факултет и самите услови го наведуваат човекот да си го загрее столчето и да научи нешто повеќе... А бубалица и интелигентен човек не е исто. Бубалицата само си буба а ништо не сваќа од тоа, а интелигентниот човек и со мало прелистување на книгата ќе ја свати суштината на целта!
Бубалици се луѓе кои не се многу надарени за учење, но за да добијат добри оценки учат, учат и само учат(на памет, секако) и потоа го забораваат онаа за кое поминале цел ден да го научат. Тие на почетокот се одлични, но секоја година се послаби и послаби и на крајот завршуваат како просечни. На луѓето кои се надарени за учење не им е потребно многу време за да научат нешто.
Ој, жено па ти средношколскиот живот ми го прераскажа, како јас да сум пишувала. Неретко на испрашување, додека друг испрашува јас ги читав лекциите и истиот час вадев петки. Лесно учам текстови, дури премногу лесно. Ќе признаам, биологија учев и на памет, втора година и црната клетка така ги истерав ама професорката неможев да ја сварам, можеби и затоа ја замразив биологијата, барем кога учевме за човек. ОК, не ми смета да учат многу но се има граници. Имав девојче во клас што остануваше до 3 навечер да учи и се будеше во 6 за да си повтори. Не излегуваше од училница ни до веце, си седеше со книгата во рака. Трагичниот дел беше што неретко вадеше 3-ки и 4-ки. Јас во рок од една година да го поминував истото време над книга и докторат ко ништо ќе спремев. Претеризам е тоа.
Има бубалици 3-4.Ама не онака ептен затупени, едната не е дома прибрана само шета, а другата така поретко ама сепак не е она претеризам. И двете на моменти многу многу ме нервират пошо кога сакаме да откажеме тест по некој предмет зато шо не сме спремни они секогаш мораат да расипат или да се побунат нешто.
На еден во одд го викаат „Главна бубалица“ а мене „Споредна бубалица“ Од толку што „учевме“ до лани, ај тоа конкуренција си бевме И не можев да си дозволам тој да знае повеќе од мене, ама така беше. Се до оваа година, кога почнавме со единици, двојки, тројки и четворки. Петки само по физичко, музичко, ликовно и информатика А пак ако добиевме четворка Ауууууу Тоа веќе го сметавме за ептен слаба оценка, се плашевме дома да си отидеме. А сега се молам на Бога четворка да добијам Ова „учевме“ го ставив во наводници затоа што само другар ми учеше, од на книга не станувал кај него. А јас, исто како и Micheleljubov не учев ни 15%, а чудо едно колку знаев :geek: Зошто не е така и оваа година ? Од секогаш сум била ЗА да одложиме некој тест, како сите така и јас. Од секогаш сум била со другите, да избегаме од час или што и да е. Ама ова детево не. По живци ми гази понекогаш Ќе се договориме цел клас ЌЕ БЕГАМЕ, а тој- Јас не бегам
Имаме еден таков во клас На одморите тој си ја зема книгата в раце и си шета низ училница,низ ходници.. си чита детето и многу по живци ми оди.. на големиот одмор често останува во училница и одма почнува да имитира еден наставник, цитирам: замолчи тамОО..ајде сега тиии стании и реши ја задачатааа(ти ја дава кредата) или пак: ајде ти кажжии какви бактерии постојааааат и како се размножувааааат не е здраво ова и секоја година е се послаб и послаб и само тој се буни кога сите ќе се договориме да одложуваме тест(што за негова жал ни успева тоа ) ...
Чекај сега, значи бубалица е дете што редовно учи и се срами на слаба оценка (макар и 4, ако просек му е 5). Значи вие ги презирате амбициозните кои со голем труд сакаат да постигнат нешто во животот. Нормално, никој не вели да учи 8 часа дневно, ама поарно така, отколку да има „замрзнато столче“ и „електро-централа“ во дневник. Пример е тато. Тој потекнува од „не толку богато семејство“. Цел живот учел. Редовно. Без врски завршил средно со одличен успех, а потоа и факултет. Денес има и успешна кариера. А оние фраери кои книга не фаќале, уште седат во кладилница и чекаат „од небо да падне“. Не се фалам, ама ова ми е најблизок пример и доказ дека учењето и знаењето злато вредат.
Има разлика меќу амбициозно дете што редовно учи и бубалица. Да,имам таква другарка,бубалица што школото го става на прво место,пред се а оди наоколу и збори како е заљубената во математиката. И да,плаче за 4.Оценка е тоа,се поправа,гледај за себе да научиш,а не на памет да знаеш се од А до Ш без да разбереш.Кај е трудот тука,во бубањето? И сега,што му фали на нормалното дете кое учи со разбирање помалку часови на ден,за себе и знае дека може да доживее неуспех,па не драматизира за една 4-ка? И на крај краева,знаењето не е мерило ни за интелигенција,ни за тоа дали ќе успееш во животот или не.
Па ти не си бубалица. Бубалиците се ограничени и на крај веќе не можат да учат. Јас сум далеку, далеку од бубалица а ќе одам на натпревар по физика.
Хах насловот, ме потсети на мојот омилен наставник по гео. секогаш он велеше: „Работа, учење и само учење“ - со мали промени де, ама сепак. Во клас сосем нормално иамме бубалици, ама не од оние кои глава од книга не креваат, сите сме со високи оценки ама без 24/7 учење, правење проекти и замарање со училишната работа.
Уфф да...Во моето одд. ги има 4 . . 1 Учи и Учи :geek: Број еден е женско кое седи до мене.Значи девојчево е паметно,но учи по цел ден.Кога имаме тест цел месец учи за тој тест.Ај разбирам до некаде АМА после долг ден се вклучувам на ФБ и таа ме прашува што имаме за домашно,учеше ли,кога ке имаме тест и бла бла. ДОСТАА па дури и последниот ден прашува што имаме за домашно .Исто така учи и од книгата по физичко. 2 Паметната Број два е исто така женско и секогш лаже дека не учи и дека си е "паметна"..Ма немој .Девојчево нејќе од книга да се тргне ,а не пак да излезе негде. 3 Книгата Број три е машко ,кое учи се на памет.Па дури и македонски .Лани го начекавме како учи за родови на именки . 4 Вредната Имам другарка која мноогу учи и има 3ки и 4 ки . Спојлер Инаку мислам дека од само учењето многу нема да ти помогне.Сепак не велам дека не треба да се учи,но цел ден над книга не е здраво.Па аман деца сме треба да уживаме во животот.... WARNING Со овој одговор несакам никого да навредам..сакав да дадам пример како на децата само учењето им е важноо и ништо друго.
Ме имаат нарекувано БУБАЛИЦА, но не сум. Секогаш попрво би одбрала шетање, отколку учење. Никогаш не учам по цел ден. Јас учам редовно, но не на памет. Го читам делот неколку пати, па потоа си го упростувам и си раскажувам. Никогаш не сум сакала со книгата да седам постојано. На одмори, не повторувам, повеќе сакам да се дружам. И секогаш, ама баш секогаш имам слободно време и си седам на компјутер и правам се друго што ме интересира. До осмо сите ми беа петки, за во средно ќе видиме. Не ги осудувам оние кои учат на памет. Ако така им е полесно, така нека продолжат. Секој си има свој живот и ќе си одбере на што ќе го троши времето.