Јас имав многу, но сега не чувам ни еден. Го чувам само на брат ми(бог да го прости), и дојдов до заклучок дека порано биле многу по убави, овој е за потпишување на пријателите, па прашања, цртања..Го чувам како спомен.
И јас имам неколку споменари од детството, а жал ми е што не чувам ни еден ЛЕКСИКОН. Се сеќавате? На секоја страната од тетратката по едно прашање (првото име и презиме, па после незнам, имаш ли симпатија, па како се вика)... И надолу бројчиња 1, 2, 3, 4..... И се потпишувавме цело одделение Многу беше интересно
Еее во тој лексикон и симпатијата ми се имаше потпишано,па по 100 пати на ден читав кое му е омилено јадење,пијалок,филм,па каква музика слуша и бла бла ... дете бе
Ги имав многу, но чувам само еден. Се потпишувавме цело одделение, на секоја страница имаше едно прашање и надолу бројчиња. Пишувавме и песни, цртавме. Баш пред некој ден го отворив и се изначитав. Ми носи многу убави спомени.
хахахахах јас и ден денес го чувам споменарот..се газам од смеење..дете..најубаво ми беше.. еее даре,дарее.. и сите знаеа и секогаш коа ќе ме прашаа црвенеев и еве што сум пишала "Даре седи до мене еден ден сме разлика постара сум од него и сите ме задеваат.." "Учителката рече дека ако збориме многу ќе не премести ама јас ќе и кажам на мама да и каже да не не преместува.." "Денес сум тажна Еми го баци даре,не ми е више другарка не идам више со нејзе на школо" се сеќавам на тој момент боже со недели и бев скарана 3 одд бев и секогаш заедно за раче со Еми идевме на школо..ле ле ја мучев тој месец.. ее даре даре..па колку го сакав тоа детее..за полуматура ми беше партнер..и тоа го имам запишано ама незнам кај ми е сеа моментално споменарот..во следна прилика коа ќе го најдам ќе ви пишам
Ехх..спомени И јас споменар, за жал не го чувам веќе. Но се сеќавам дека по цел ден читав што сака симпатијата, што му е омилено Будало дете
Училишниот споменар ми премина во дневник кој сеуште го водам Иако знам дека имав еден класичен училишен споменар поврзан со учењето, оценките, наградите за добиените оценки и тн... но не знам каде ми е. :/
хаха си ги чувам ситее и јас. Па еј колку сакам да се вратам. Првиоот споменар го имав во 1во одделение. Па сето тоа со симпатии и други работи. Во второ кога почнав уште еден. Па наново, нови симпатии нови бакнежи. Во трето мајками ми купи дневник и така започна новата етапа за мене. Најдобар другар ми е дневникот.До сега имам потполнето 9 дневници.2ра година сум и не сум одделена од него. И кога сите праеа лексикони јас само си запишував во моето "другарче". Но тие два што ги имам направено секогаш ќе се смеам на нив... бруки
Првиот споменар го купив во трето одделение на екскурзија во Охрид. Прво со другарките почнавме да си пишуваме што ни се случило тој ден, а исто така во него цртавме цртежи и пишувавме бесмислени песнички. Лексикони имав прилично многу, зошто информациите што ги запишале, по една - две години се менуваат. Секогаш почнуваа со типичното прашање: Име и Презиме? Потоа следуваа прашања од типот: Кој ти е омилен пејач? и тука пола одговори беа: Тоше Проевски. Исто така имаше прашање: Дали имаш симпатија? и тука и ден денес се смеам кога ќе прочитам пола одговори со Не знам. Е како бе не знаете дали имате симпатија. Како и да е, добри спомени будат овие "тетратки". Спојлер П.С. уште ги чувам
Јас дневници не пишував, многу ми беа досадни, ама споменари со песни, текстови, смс љубовни пораки, се утепував од пишување. Мислам дека сега се во екоја кутија во подрум, но кога само ќе ми текне на нив се газам од смеење Цртање срциња,имиња, начини на гледање , песни,цртежи,сликички од весник,смс љубовни пораки...Само се прашувам дали денешниве девојчиња го прават истово , или пак само фб им е во глава
Хахаха пишував некој споменар со тоа како сум поминала во школо,па внатре некој љубовни пораки абе глупости.Детиште од 6-7 години што знајт Ама убави спомени ми будит,кога ќе го отворам и си ги читам глупостите.Иначе симпатија ми беше Тоше Проески И го пишував неговото име па бакнежи срциња,глупости хаха Иначе дур сум кај споменаров,знам дека е офф топик,али верувале или не првото љубовно писмо го напишав на 6 години,хахахаа.Заедно со детенцето учевме и прво тој ми прати писмо па после јас.Хахахаха абе Бог да чуват смешки,сега кај и да се сретнеме со момечето и двајцата се газиме од смеење на глупостите што ги праевме Будало детенце бев од мала уште
Споменар... Колку оддамна беше тоа... Имав неколку споменари кога бев во основно училиште. И сите сеуште ги чувам!!! Некако ми е жал да ги фрлам... Понекогаш ги разлистувам и со насмевка се присеќавам на луѓето кои што пишувале во моите споменари, а не сум ги видела повеќе од 30 години!!! Првите симпатии и дечковци, омилените музички групи и книги, начинот на облекување и шминкање... сето тоа сеуште стои во миоте споменари и „сведочи“ за едно далечно време!!!
Се сеќавам, нормално. Кој не би се сеќавал на такво нешто! Не чувам ни еден, но многу добро се сеќавам дека сите во одделението имавме по неколку. Ги викавме лексикони, ако не се лажам. Секако, во прашањата беше вклучено и задолжителното прашање за симпатијата, од кое сите живо се интересираа Дефинитивно, заштитен знак на времето кога бев ученичка. Жал ми е што сум ги фрлила
Ех.. Јас си имав цела кутија со спомени. Не само споменар. Ама кога дознав дека мама ми ги чепкала стварите тогаш се изнервирав и се отиде во канта. Беше малку касна мојата одлука зашто веќе се знаеше жената.Ама ете човек во бес ќе изреагира како што не треба. Сега да ми е паметов би седнала со неа и би и ги кажувала моите детски фантазии. Мојата најголема грешна одлука во животот.
Како мала сум имала многу споменари.Кога ги читав се изнасмеав.Какви работи сум пишувала... Имам и 2 кутии со некои ситници што сум ги собирала со години,на пример:шарени салфетки,кукли,алки, марами,итн итн.Само добро е што кутиите и споменарите ми се под клуч,да не дојде некое раче до нив