Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Училишен споменар

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од kuchka, 24 октомври 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Охохо колку споменари имаат напишано моиве раце .. Хит беше кога една школска , наставничката по англиски " ја фати " како се потпишува во мојот споменар среде час , и го зеде и читаше пред сите , за сите до тогаш потпишани :rofl: . Од тогаш ме зеде на зуб жената и све кецови ми пишуваше до крај година , едвај до двојче стигнав (facepalm) , а не е дека сум тапа англиски :| . Напротив , многу добро ми одат јазиците :sun: . Е ѕоа ми беше последниот споменар , и се заколнав дека никогаш повеќе нема да имам споменар :devil: .

    Фан факт : некој од соучениците ја оговарал наставничкава по англиски , па затоа ме зеде мене на зуб :D демек " твој споменар , ти ќе сносиш последици :devil: " .
     
  2. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Имав и имам многу споменари.Си ги чувам сите до еден на тајно место,зашто стварно има некои нешта што не сакам никој,ама баш никој освен мене да ги дознае.:wasntme:
    @CrazyGirl15 јас да би била на твое место искрено не би се ни појавила во училиште,од причина што сите би ми се исмејувале.;(
     
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Помина веќе . Кај нас во клас тоа траеше три дена . Среќа што тоа се случи кога веќе се префрлив во друг клас . Да бев во стариот клас , дефинитивно ќе се отпишев од училиштето . Класот во кој се паднав јас во прво одделение се состоеше од " деца на овој и оној " . Јас бев дете на обичен трговец . Отсекогаш бев мета на булинг . Во седмо одделение , конечно сфатив дека тоа што ги трпев ми нанесува здравствена штета , па го променив класот . Затоа и можев да се појавам во училиште без грижа на ум дали и денес ќе ме исмејуваат .

    Класниот на крајот преговараше со наставничката , па на крајот не 2 туку 3 ми имаше ставено . А јас си ја научив лекцијата , на потежок начин :D .
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.