1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Училишни автобуси во Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SexyLady, 6 февруари 2011.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Изреволтирана и презаситена од мачните гужви и буткања без воздух по автобусите решив да ја отворам темава. Нели би било добро кога би се вовеле нови школски автобуси само за ученици од средното образование?
    Со тоа ем учениците ќе имаат сигурно обезбеден превоз точно на време на училиште, без доцнење поради преполнувањето на бусот што дури крцка - чиниш ќе пукне... а + и старите (особено во петок) ќе си бидат задоволно седнати на седиштата од автобусите на јсп без притоа ниеден средношколец да им пречи...
    Сведок сум на масовно преполнување на единечен - едноделен автобус веќе неколку пати, при што сум останувала без воздух и неколку пати замалку сум се онесвестувала.
    Мојата идеја е да се одделат по еден-два автобуси од сите (еден или два од 41, 31, 22, 15 итн) и да се обојат со друга боја по што ќе бидат препознатливи дека се за ученици и да го возат истиот пат само што ќе биде само за ученици.

    Што мислите вие за оваа идеја?
    Сметате дека може да се реализира, ако не зошто?


    (мислам дека не видов ваква тема, доколку има извинете за повторно отворање :$ :) )
     
    На blueeparadise и snezan4e им се допаѓа ова.
  2. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    School Busses во Скопје

    Супер идеа.И онака министерството за образование им плаќа превоз,наместо тоа би можело да организира автобуси само за ученици.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    School Busses во Скопје

    Ми се допаѓа идеава :) само да се најде некој паметен за да ја реализира |(
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    School Busses во Скопје

    И јас во средно патував со автобус до школо, по 20 минути. Мене ми беше смрт кога ќе требаше да влезам, затоа што секогаш беа преполни...летно време не се дише а се укрцале 300 души, а пак зимно време се утепував од чекање и секогаш се враќав измрзната. Те буткаат од сите страни, често ми се случуваше да ми се слоши и притоа никој жив не станува да седнеш, затоа што сме биле мади и сме можеле да стоиме, уште па недај боже да не му станеш на некој дедо, може да ти се развика пред сите како мене, дека г`зот ми тежел, па не сум можела да стојам. За разлика од мене моите соученици менуваа по 2 автобуса и стигнуваа дома во црни темници, преморени.
    Идејата за school busses е супер! Немора да биде како во американсите филмови од дома да се земаат учениците, меѓутоа добро би било да се знае одредено место и време и од таму да се собираат.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vivadani

    vivadani Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    School Busses во Скопје

    идејата за school busses е прекрасна и од големо олеснување за сите,но кој во оваа наша дрзавичка ке ја реализира нека бидат одредено време (кога децата одат на школо и се враќаат) сепак срдечно ја поздравувам овааа идеја
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    School Busses во Скопје

    Идејата е добра, ама нема паметни да ја реализираат. Нема да има гужви, буткања, каснења на часови..
    Би можело пример од секоја релација по еден автобус. Пример, од 65ка - еден, од 41, еден, и за секој по еден.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    School Busses во Скопје

    Иако не сум од Ск, ја подржувам идеата знаејки и маките на братучетка ми и на сите останати средношколци.School Busses има во останатите градови во Мк каде што нема толку многу патници,а на Скопје и те како му требаат такви автобуси
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Лелее не, уште тие да се посебни каков ли ќе стане сообраќајов, кај е ужас и гужви уште дупло автобуси фалат.
    Да, прекрасно би било кога би се овозможило тоа, но инфраструктурата на градов некако не го дозволува тоа, ненормални гужви се прават со овие автобуси и автомобили, а замислете со уште 20 автобуси нови вклучени во сообраќајот како би било... :^)
    А и онака на средношколциве не им е некој проблем да стигнат до училиште, вака или онака пак ќе се мкнат по автобуси, за основци па и не е потребно училишен автобус секој си се запишува најблиску до местото на живеење.
    Оваа идеја повеќе би требало да се разработи меѓу селата и градовите, каде што децата од село полесно би стигнувале до училиште, баш имаше една емисија за селото Слп пред Велес, дека децата мора прво со воз да одат, па со комбе па со незнам што, е тоа навистина одзема многу време, па подобро би било кога помеѓу ваквите места и градот или најбилското место со училиште би се обезбедило постојан превоз за тие ученици.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Мимс нема потреба да се воведуваат нови автобуси, туку од овие сега што се да се одвои по еден од секој реон што ќе биде само за средношколци, а бројот на автобусите да си остане ист. :)
    А гужвата во сообраќајот е постојана, само што вака би се намалила гужвата, бутканиците, онесвестувањата(што често ми се случило), крањењето новчаници, триењето на некој педофил од тебе.... и да не набројувам... :worried:
     
  10. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203

    Прво пофалба за темава,супер е. :)
    Баш пред некој ден гледав еден филм со мајка ми и искоментирав како нема такви автобуси и кај нас (знаете оние жолтите школските)..
    Искрено многу убаво би било да постојат и кај нас.Твојата идеја СексиЛејди е супер и би било добро да се оствари.Само би додала како моја замисла на пример би можело секое училиште да си има автобус(и)..
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека треба да има за учениците посебни автобуси ..
    Зашо само со ученици од ВА-Дрен се полни цел автобус , и коа ќе дојде нашата станица сите се симнуваат и автобусот цел празен е после .. :lol: :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    А зошто да не и посебни автобуси за пензионерите во вторник и петок? :^)

    Мене идејава ми е фина за на филм, живот на запад, не тука.
    Свесна сум дека во 7 наутро е хорор да се возиш во автобус каде нема ни простор да се туркаш од што е пренатрупано, но Скопје има ученици и од околните села.
    Не секој ученик од секое село е иста возраст со тој другиот, оди во исто училиште и во исто време. Ако треба автобусот да вози натаму наваму по 10 пати на ден за да разнесе само еден, два ученика до Бразда на пример, отиде бензинот и непотребното возење.
     
  13. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Многу добра идеа, ама се сомневам дека ќе се реализира. Можеби за 10 години..
     
  14. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Идејава е преубава :) Штета што не се практикува кај нас, во Македонија. Ај можи за некоја година :lol:
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Супер идеја. Така децава нема да "купуваат" седишта во автобус на пензионери затоа што во спротивно некоја баба ќе ги колне да им се скини чорапот на раскрсница ако не станат за да седне, а и пензионериве ќе се заштитат од невоспитаните деца и децата од простите пензионери (исклучоци има и меѓу младите и меѓу пензионерите, за среќа и секоја пофалба). Сите среќни, овците на број, волкот сит.
     
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Има веќе неколку месеца гледам автобус за студенти на ФОН, не знам дали е тоа нешто ново или сега го вовеле. Реално, за парите што ги даваат по приватниве факултети треба и такси да им пратат да ги земат.

    За ученици во основно мислам дека нема никаква смисла од автобус, во секоја населба има по 10 основни школи, повеќе од 5 минути ниедно дете не пешачи. Јас имам три основни околу мене, дури и можеш да си бираш кај сакаш да одиш.
    За средните школи, ми има смисла да има автобуси за доаѓање зошто цело школо почнува во исто време. Ама за накај дома не знам баш. Или ќе треба да седиш до крај на смена дури и да си имал помалце часови. А дека ќе стават автобуси после секој час мало морген (тоа ако некогаш и се воведат школски автобуси, што и тоа е мало морген :D ).

    Се на се, добра идеја. Само не ни е толку богата државава за тоа. Може кога за 20 години ќе стане и факултетот задолжителен, може тогаш ќе им текне.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Искрено прекрасна идеа.Но,попрво би направиле сите автобуси да бидат само за пензионерите него да одвојат посебен. :nod:
     
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Нема кај нас посебен автобус.
    Пензионери се бутаат те гушнале ти немаш кај да се држиш па не се ни држиш ако треснеш врз нив ќе треснеш не е страшно.
    Па ти поставуваат глупи прашања од типот:"Кај идете со толкави ранци?"
    "Ај напрај ми место да се фатам"
    "Ај стани да седнам"
    "Ај ако сакаш картицава куцни ми ја"

    Се качува контрола ти за 2 станици не се куцаш.
    "Јас сум и кажала на ќерка ми само да ја фатат да не се куцнала косичето у раце ќе и го дадам"
    Па колку сочно го кажува тоа.
    И набива страв до срж недај боже нешто поише од картица да направи од страв нема ни да ти каже.
    Се помислив тогаш дали да си отворам уста дали да не си отворам. Дали да и речам дека не сум расположена од сабајле за карање расположена или не. И си поќутев.

    Малце надвор од тема Али нмв.