Многу пати пред тестови или испрашување ме фаќа нервоза и паника. Лекарите велат да не се нервираме но тоа е неизбежно. Понекогаш пак едвај чекам да одам на училиште. Штонпретставува училиштето за вас ?
Па јас мислам дека е нормално пред тест, испрашување да те фати некоја трема. Тоа е чувство исто како среќата, тагата .. се јавува во одредени ситуации зависно од тоа како ние го доживуваме тој настан или случка. Лично јас училиштето не го сваќам ни така ни така. Не може да одам на училиште ради одмор. Одиш да научиш нешто, што подоцна во животот ќе ти служи и без што не можеш. Е сега од друга страна пак, не ми претставува формалност, секако дека има и дружба и сите тие работи. А не гледам стресно на него. Не ми претставува замор или страшило, само што е нормално да имаш стрес понекогаш.
Па за мене ниту е стресно ниту пак се одмарам. Напротив многу заморно ми е, посебно па кога си легнам касно, очи ми клапнуват. За тестови и испрашувања ич не се замарам, што читнам дома тоа ќе кажам и напишам, ако не знам никому ништо. Порано се нервирав за оценки и се ама кога веќе нереално се оценува немам воља за учење. Идам да се прошетам, да јадам, да си ги видам другарките и после на кафенце. Ако имам некое тројче или четворче у мај читнам малку повеќе да рипнат за една две нагоре и толку. Сума сумарум веќе неколку генерации неписмени излегуваат од гимназиите.
одмор- во никој случај... ех колку денови имало кога сум си доваѓала дома претепана од измореност... стрес... можеби и не е соодветен збор, но сепак е многу лошо што не сме опуштени на часовите и тоа предизвикува дополнителна измореност, си доаѓаме дома, и она што треба да го правиме е да учиме повторно.. дефинитивно сите чекаат викенд, без разлика за каков тип на ученик станува збор.
Мене училиштето многу ме заморува особено кога сум втора смена од 1 до 7 .Пред училиште понекогаш станувам во 8 часот за да учам се до 1 па од 1 до 7 на училиштето.. и кога се вракам веке немам сила за ништо така што училиштето во никој случај не ми претставува одмор
Одмор,секако не.Ноо,не е ниту голем стрес,освен кога имам многу за учење.Исто така изморена сум кога сум учела до касно,па не сум воопшто наспана. За кого како.
Ни се тресам , ни се одмарам. Некогаш се нервирам , заради квалитетните професори..ние кажавме , предадено е , си знаете..блабла , а една лекција не предале..и на крај да не знаеш главата кај ти е од испрашување . Но , свесна сум дека овај ми е ееден од најубавите поточно најбезгрижен период во животов..така да уживам
Паа одмор повеќе! Навистина, учењето не ми претставува никаков проблем, со разбирање учам и мислам дека така е подобро. Наставниците ме запознаа каква ученичка сум, па се здобив со нивен почит и разбирање. Така да, уживам во училиште. Чуствувам пријатна атмосфера. На одмори, на часови, на прошетки, на екскурзии. Се во едно!
О, па има такви критични денови пред тромесечие, почугодие или пак крај година, со пренатрупаност од тестови и испрашувања, ама сепак не би рекла дека е голем стрес, а да ја одберам алтернативата(одмор) не се согласувам ни со тоа. Сепак затоа што сум осмо одделение некако оваа година би кажала дека помина без да трепнам и отцениве се истресени од ракав(речиси кај секој ученик).
Имам 18 години, матурантка сум, и имам огромен проблем со стресот. Нема момент да не сум под стрес во паника, нервозна, не се сеќавам кога последен пат сум била опуштена. Стресот ми ја одзема среќата, немам волја за комуникација, па дури и кога разговарам , со некој бидејќи очајнички барам помош ,изгледам многу себично бидејќи јас сум таа што постојано зборува, а тоа на некој начин ми помага да се олеснам.На вечер се помалку спијам, се почесто ми се случува да го повишувам тонот на гласот, да плачам од нерви па макар и за најбнални работи. КАко човек сум многу амбициозна и добро сум организирана, ама како постојано да сум во трка со времето. Најстрашно е што на моменти отрпнувам и се опуштам отповеќе и сум дури ко изгубена, не ме интересират ни обврски ни ништо, едноставно ме нема на овој свет. таа небалансираност, придонесе и за мојот неконтинуиран апетит некогаш се прејадувам, некогаш по цел ден не можам залајк в уста да ставам. Многу учам и тоа редовно ама секогаш има нешто + за учење за работа, професорите ми се станати непријатели бидејќи се претвотени во луѓе кои ми го крадат и онака малкуто време што ми останало. не сум перфекционист, ниту завидливка ни љубоморна, ниту егоцентрична, само имам огромен проблем со стресов. и навечер сонувам само како трчам и сум во паника и како ништо не можам да тигнам да направам а секој нешто бара од мене. се обидувам да се опуштам со музика, со лежење во тишина, со прошетки, со топла купка, ама никако не можам да си ги контролирам грижите. сум испробала повеќе методи од типот почни од најлесното, немој да паничиш, напиши список на хартија на обврски и чкртај ги штом ги завршиш. не седам скоро воопшто накомпјутер или пак пред телевизор ниту по кафичи , бидејќи немам време. се надевам дека ке ми понудите некакво решение, фала ви од напред.
И се обраќам на Бејбиблонд, стварно ме изнервира твојот пост, учи учи и што имаш фајде од тоа учење освен да се збркаш и да си наштетиш се тоа што го наброја. Не сум одлична ама нит сам глупа нит сам хендикепирана. Такви па бубалици што само висат над книгата ми иде да ги обесам. Луѓето со 2ки се запишуваат на факултет а јас да се збркувам од учење не! Баш овие најубавите години нема да си ги упропастам за едно средно никакво образование кај што повеќе ти требаат врски отколку знаење.
Не мислам така. Ја сум одлична при крај со средново кај и да е уште 1година 5.00 сум досеа и тоа ќе ми треба, зошто знам на смерот кај што сакам да се запишам последниот што влезе во државна квота лани имапе 96 запирка неколку од 100бода. Значи, со 2ки нема шанси таму, а знаењето може не све ама секогаш ќе ти затреба тоа што си го научил. И едно знам, подобро неучење отколку бубање, или седни да научиш ко што треба или не седнувај ич да трошиш време.Не учам секој ден учам кога треба ама кога седнувам учам со разбирање и знам тоа што го учам не го заборавам за 1недела. А за тоа дека со 2ки се запишувале на факултет се зависи од конкуренцијата на генерацијата, од факултетот и смерот.Барем за Скопје знам дека тие со 2ки сите ќе идат на приватни да си купат диплома, зошто свесни се дека на државен нема да влезат. Ако си од друг град не знам како е ама знам дека познавам чоек просечен многу добар завршуваше не успеа да влезе тука на медицина отиде во Штип и ене го гура. Ееее ако е за така ја во Скопје цел живот да идам во друг град нема шанси ќе си седнам ќе си учам ама знам во Скопје сум.
А зошто училиштето да претставува стрес??? Не велам дека е одмор бидејки оние неколку дена кога се заклучуваат оценките знаат да бидат напорни но од стрес нема потреба. На училиште пред се се оди за да се научи нешто а од трема пред испрашување и тест нема потреба бидејки најдобар одговор ќе имате кога ќе бидете целосно опуштени...
Плавуша се согласувам со тебе и мило ми е за тебе и сите што со леснотија учат ама некој на сила убавина да прави е тогаш богами ќе се збркува. Навистина да, треба знаење ама со разбирање а не со бубање, нејадење и неспиење. Сега разбирам дека и некој не може да научи лесно и вложува поголем труд ама кога не ја бидува и не ја бидува бе, толку па оптеретување на организмот , самите си се измачуваат. Јас со тоа се форсирав леле леле ги расипав оценките и само главата ме болеше и постојано бев нерасположена. Најубаво остај како сака така нека биде, не може цела Македонија во државна квота да биде , ќе им го отстапам тоа место на оние што имаат поголема желба да учат а со помали финансии . Никогаш не се знае што ќе ни се случи, може па некој толку бубал па да се откаже или па оние шо ич не се замарале во средно да си земат магистратури докторати, нели?
Искрено денешниве магистратури (освен на електро зошто таму нема Болоња систем) се купени од државниве факултети еј. Све ги зимаат со врски, ретко кој да учи за испити за магистратура све со врски се знаеле со професор еден и тој ќе ги запознае со сите професори и ќе ти пишат по една 6ка и толку, за магистратура просек никој не гледа. Ја не дека сите предмети ги сакам да ги учам, нема врска, ама учам ради смерот што сакам да го упишам, еве пр. не ми иде математика не учам многу не сакам пак до 4ка стигам а некој ќе ги избуба сите задачи иде на тест напамет ги решава и добива 5, се чудам и уште се фали. Ако учиш учи ако не.. инаку приватниве не ги признавам кај нас не е тоа тоа во Америка што е едвај завршуваат а пак имаат факултет ама гледам сегде по огласници од Фон не ги примале ни од Европски а од другите да. Инаку за смерот, приватна, државна квота што и да е пак над 90поени мора да се има гужви, конкуренции вришти, а и на приватниве и го нема таков смер колку што знам јас и тоа е барем имам цел, а за која цел учат некои што не знаат ни кај ќе одат а учат секакви глупости и на крај ќе се упишат на смер кај што нема конкуренција и не им требале оцени.
И јас сеуште не знам што ќе одам и од се по малку учам. Одлуката ќе биде во последните 5минути изгледа. И гледаш се е со врски и да имаш просек за во државна сепак врските ќе се избуткаат, сестра ми за малку ја закачи државната, од првинта беше во првите а после во последните ама сепак во државна е. Сега секој гледа да има сигурна работа а не колку знае да ја работи. Само поголемо купче парички и еве го столчето, им се смешка.
Плавуша, поправи ме ако грешам, но од твоите постови добивам впечаток дека сакаш нешто на Медицина да одиш. Ако ти е таков планот, паметно ти е што си учиш по се‘, затоа што за таму навистина ти треба висок просек. You go, girl!