Хехе порано сакав на медицина уште во средното стручно ама некако страв ми беше и ми викаа сите дека мора да имаш доктор во фамилија за да успееш бла бла бла а јас немам, и го сменив мислењето веќе 1 година се одлучив за финансиски менаџмент на УКИМ во Скопје :/
Па зависи, стрес ми претставува само пред тестови, писмени и испрашувања, но не ми е ни одмор оти има денови кога сум толку многу преморена што после училиште немам волја за ништо.
Кај мене секогаш се јавува мала трема пред испит но таа е позитивна, но не можам да се опушатм се додека не почне полагањето па се опуштам, тоа е нормална појава за они кои се спремал и научили или оное кои се спремиле да препуишуваат. Но, се би дала да се вратам во средношколските клупи, на средношколските пробле кои каде, каде се се помали во однос од овие денес. Можеби тогаш не сме свесни кави се проблеми не чекаат во живото и тие проблеми кои сме ги имале изгледале огромни. Затоа уживајте во средношкоските денови, знајте никогаш нема да се врата.
Средното училиште ми беше баш стресно секој ден испрашувања, тестови, повторувања мораш константно да учиш незнаеш кога ќе те испрашаат
Не сум од оние кои едвај чекаат да си одат од на училиште и од оние кои трубат на сите страни дека не сакаат да одат на училиште! Јас сакам да одам на училиште! Тоа секако дека не ми претставува одмор зашто таму не спијам, туку учам, но далеку од тоа дека ми претставува стрес! Си ги учам сите предмети, некои ми се полесни, некои потешки, но никогаш не сум под стрес! Ни пред тест. Поголем стрес ми се оние кои се тресат додека да го добијат тестот, се плашат итн. а всушност се одлични ученици и имаат знаење! Не сум од тој тип. Скорз сум опуштена. Дома сум учела, пред час ќе повторам уште еднаш и тоа е тоа: колку знам ќе напишам. Веројатно тоа е така зашто мене 5ката малку ми значи, повеќе ми значи моето знаење. Тоа останува, а 5ката е само за во сведетелство. Ако ја заслужам ќе ја имам, а ако ја имам тоа значи дека доволно знам! И еден совет за оние на кои училиштето им претставува стрес и нервоза: носете си бедоксин, кога ќе почувствувате дека веќе „вриете“ во себе, една таблетка и скроз ќе се нормализирате!
Ќе ве молам да си ги редактирате мислењата откако ќе завршите со училиштето Верувајте мислењето ќе ви е сменето за 120 степени,на повеќето. Јас се би дала да се вратат училишните денови,најубавиот период од животот. Воопшто не е стресно ако слушате внимателно на часовите ,бидејќи ќе нема потреба да учите дома ,само да си повторите. Има време на одморите за зафрканција ,смеа ,забава. Има време на одморите за два три реда муабет и неколку средби со симпатијата Ако ги учите лекциите на час ,цело време после завршувањето на часовите ви е слободно. Ова ви го кажува најголемата бубалица во генерацијата ,занемарете го тоа -бидејќи дури и најголемите скапаници кои одвај ги врвеа годините велат ќе дадат се за да се врати тоа време. Уживајте ученички и ученици во школските денови, еден ден многу ќе ви недостигаат.
Посебно ке ви недостига кога ќе треба наместо 50 страни да учите 500 страни шо се вели зборот. За мене не претставуваше стрес, кога имав научено знаев дека знам и не ми беше страв. А кога немав научено знаев дека не учев и сама дека сум крива и немаше потреба да се нервирам.
Стрес Најголемите кошмари ми се секогаш со училиште, таму ја трошам целата моја енергија, не го оставам мозокот да одмори, загушена сум во лошата хигиена и при самата помисла ми се лоши Преоптоварена сум со училиштето, признавам за мене е тешко, можеби толку сум способна, но се трудам да дадам се од себе. Не се задоволувам додека не ги видам сите петки и можеби тоа ми претставува да ми се смачи. Наставници како наставници си се сама приказна за себе. Уште повеќе ни отежнуваат и те трупат со обврски. Сум се обидувала да се свртам од ова размислување, да мислам релаксирано, но тоа покажало лоши резултати. Кога на крајот ќе ги видам на сите испоправени оценките преку врски секогаш си викам : Догодина веќе неучам.
Никогаш не ми претставувало стрес, повеќе ми беше... досада. Мене најмногу ме уби околината, сокласниците идиотчиња, целата атмосфера беше утната од старт. Ми ја исцицаа сета енергија, почувствував буквално како исплива даркерското и злобното во мене како одбранбен механизам против кретени. А учењето... маааах. Кога ќе си научев добивав лесно 5ка, кога не ми се учеше не добивав 5ка. Логично. Некаде при средината решив да не се заморувам, ми се учеше и го учев тоа што сакам да го научам, потполно ги остранив глупостите како биноми, триноми, закони на забрзување... просто заборавив на некои предмети, а за двојка или тројка треба да си невиден простак па да не научиш. Во секој случај и да ми платат - не би сакала да се вратам на училиште. Не, благодарам.
Абе јас не се ни замарам толку со учење искрено, од часови памтам, а оценките ми се супер, т.е знам како да се снајдам, а она што го учам, го знам мислам за цел живот. Друга работа, луѓето околу мене. Шмизли, а машки ни за лек. Аман, потребен е малце тестостерон, алооо! Не можам некако да ги поднесам, едвај десетина фини луѓе има кои сум ги забележала, останатото се глупачи, влезени со врски и со оценки со врски... Слично како и кај Трендафилка (мислам има завршено средно), и кај мене исплива тој одбранбен механизам против кретените. Епа сеа... За професорите не коментирам. Бев опомената зошто сум ја спуштила главата, зошто сум се наведнала да земам молив. Добро, на што личи тоа? Ајде, јапонски режим на воспитување. Три заушки за ониe што се мрдат, кога им треба нешто.
Стрес! Дефинитивно! Голем стрес! Ќе ги запалам сите! Часовите, во пакет со наставниците, не ги можам. Не ги поднесувам. Не можам да ги сварам. Ама не сите. Некои наставници се добри. Кажуваат вицеви, се шегуваат, создаваат пријатна атмосфера. Ама некои часови ми се ужасни! Ти доаѓа дотичнава, нанервирана цела и одма се дере - по кого ако не по тебе! Е малите одмори - живот значат! А пак големиот - богатство! Уживам на одморите. Затоа и одмори се викаат - да се одмориме од наставниците! Значи, школото за мене е пола-пола. Фактички, ни стрес, ни одмор.
Стрес не беше никако, можеби не беше ни одмор или некој вид релаксација, но јас сакав да одам во школо бидејќи имав таму добра екипа! Бевме добро друштво кое се подржуваше, класот ни беше една сплотена заедница створени за бегство и уживанции во кафичот спорти школото! Еххх убави денови си беа тие! Професори имаше разни, вицкасти, сериозни, неспосбни, професионални, одговорни, неодговори, стари, малди...ама пак и нас не имаше разно-разни така да се прилагодував и си кулирав! Игнорирав се што не ми беше по кејф и така имав помалку проблеми ! Ќе се споменеше бегање, прва бев во стројот за надовор ... ќе се прави писмена, ќе си научев и мирна ми глава ! Само убави сеќавања имам од тие времиња! Проблеми со учење немав, си учев јас а последните години си добивав оценки и на стара слава! Единствено нешто за кое жалам е што делумно го прекинав контактот со блиските школки другари, бевме одлична екипа и требаше да продолжиме со дружење!
Ни стрес, ни одмор. Не ми причинува големо задоволство одењето на школо, а ако сум научила сум научила ако не никому ништо, не ќе се нервирам сега. Се случува некоја нефер професорка да ме изнервира, ама ништо страшно.
Стрес! Голем! Има некогаш кога сакам да одам у школо.. Пр. кога не сликаат, кога ни ги даваат сликите, аламахот, кога ќе ми кажат дека имам 5ка на тест, кога сум дежурна на врата. Ама тоа ретко се дешава..