Ни стрес ни одмор.. Убава обврска (океј, нејќев прва смена и не го сакав 30минутното одење од дома до таму), забава, дружба, учење нови работи, осознавање, снаодливост, конкуренција, плуски, минуски... се‘ си има своја убавина. Јас завршив основно и средно училиште со убави спомени. Сум имала и послаби оценки на некои тестови (очекувани/неочекувани/тотално заслужени), ама излегов како петкаш
Училиштето го доживував како одмор. Имав преубави средношколски денови. Имав и нервози, велам не, но сето тоа сега се заборава. Секогаш имаше забава на училиште во самата дружба со многу деца на иста возраст. Смеја со професори, па после училиште одевме на кафе. Преубаво беше.
Па не го сметам училиштето како стрес.. ама па уште помалку како одмор. Уствари, кој како го сваќа. Еве јас на пример сум имала одредени периоди кога баш ми било гајле и не сум се замарала многу околу школо, сум имала и тројки и четворки и сум се шетала само од школо до дома. Е тогаш ми било одмор. Ама после кога ги заредив оценките која од која, а беше веќе крај година и сватив дека треба да ги поправам, е тек тогаш ми стана стрес. Нормално е во училиште секогаш да има стресни моменти, нели не си научил па бубање во последен момент, испрашувања, тестови, слаби оценки.. Те крене професор на табла а ти се потиш од што ништо не знаеш. Ама затоа, се знае лекот. Здраво учење и никогаш нема да те фати професор неспремен. И така сите тие тестови и испрашувања нема да ти претставуваат стрес. Добро сега, има периоди на интензивни испрашувања и тестови, тогаш и да знаеш, сепак секој ден тебе да те испрашуваат, сепак ќе ти биде малку стресно. Но, како и да е не треба ние училиштето да го сваќаме како место каде што не измачуваат, колат и бесат, тоа е нешто најнормално низ кое сите морале да поминат па така и ние. Ништо страшно. А и тие стресни моменти набрзо ќе поминат и потоа како ништо да не се случило. Ехее, јас колку само сум паничела за време на тестови и слично а после откако се поминало, исто како никогаш да не било. Светлата страна на училиштето сепак е секојдневното дружење, смеење, зезање, правење глупости, бегање од часови.. Уф, јас велам да уживаме додека можеме. Зашто еве основно ептен брзо ми помина, а сега верувам и средново.. што се четири години. Затоа ќе гледам да си ги изживеам овие години во целост, ќе уживам колку што можам, ќе учам кога ќе треба да се учи и така.. И сега.. училиштето - стрес или одмор? Паа, јас би одбрала една златна средина.
За мене училиштето претставува стрес, замор... Секојдневно учење, седење над книгата по цел ден... Велат дека училишните денови се најубави, али за мене - не ! Премногу ме исцрпува, толку непроспиени ноќи... Понекогаш сакам да изчезнам и да се одморам од него...
Училиштето ми претставува одмор Голем број предмети ми го привлекуваат вниманието и понекогаш со мерак учам.. Исто така знам да си направам убав амбиент за учење Но, понекогаш знае училиштето да ми претставува стес, што е во рамките на нормалата, поради тензијата која ја извршуваат професорите, домашните, недовршените задачи, недостатокот на време поради други активности...
Стрес. Огромен стрес. Не викам дека нема и фини денови, ги има некогаш. Сепак, тие притисоци од професорите, премногу материјал, сисење над глава. Па плус што си лечат комплекси на нас. Се ми е во брзање, морам да правам план (јадам 10 минути, учам, спијам 1 саат, легнувам во 2 сабајле, станувам во 6), тешко ми е. Има 6 кобни недели вкупно за време на цела школска година кога буквално сум како зомби, не сум наспиена, ни најадена. Може некој ден ќе ми фали, ама моментално сигурно не е така. Кога нашето образование би се подобрило сигурно би имале поубави школски денови.
Епа... ќе се снаоѓаш и тука. Веќе имам кажано дека не сум колективен тип и тоа школото ми е малку без веза. Не ми е ниту стрес, ниту одмор. Имам една другарка таму и со неа сложно ми минуват дните Со другите и мн не се замарам. Е сеа мн често знам да направам некој испад и да се скарам со професор, по тоа и сум позната, ама таква сум... Во мојата гимназија е многу строго и треба да преживуваш некако. Јас си правам да ми биде интересно. Читам книги(додека не ме видат), си фантазирам, правам планови, некогаш ќе ми дојде инспирација, па ќе напишам нешто. Некогаш ќе си играм сарказам со другите. Еј, еден час ми беше многу досадно и се однесував како да сум пијана. Тоа беше еден од последните часови и сите разговаравме. Има кај нас, едни кошаркари, демек главни фраери, па седеа близу до мене и почнав да се заебавам со нив, да ги имитирам и да и го кажувам тоа што сум го слушнала за нив. Тие се правеа дека им е интересно. Некогаш стварно ја следам наставата, на македонски, англиски, германски, вовед во право, историја, биологија, некогаш дури и на физика. Ама не за да научам, туку за да дознаам нешто интересно, некој факт. Мислам дека математиката е без веза, не знам шо ќе ми треба логаритам и мојот живот, ама ајде... Не сум средношколски тип и не ми се оди во средно, ама никако не ми е стрес. Знам и да се дружам кога сакам, знам и да побарам помош и јас да дадам помош. Кога се поставуваат општи прашања прва кревам рака. Посебно сум активна на историја и македонски. И така од општа културна знам нешто и за правото. Абе гледам си за себе...
Јас мислам дека не треба да преставува ниту стрес, ниту одмор! Стресна средина за мене е пренапната атмосвера, непријатна, пренапорна, а училиштето, не е такво! Барем мене не ми беше! Океј имаше ауфорија и збрки на тромесечие/полугодие/крај на година, но не се чувствував под стрес, само возбудено и уморно понекогаш! А далку од одмор, редовно со одев на училиште(добро сеа знаев да ја збришам по некад, ама не секој ден ) каде имаш одоговорности, домашни, проетки, презентации, и нема ваш место за сите 4 вис Ќе кажам нешто измеѓу
Za mene uciliste pretstavuva mnogu golem stres,jas na testovi se gubam na isprasuvanje mozam da se snajdam no na test .Dali imate nekoj sovet kako da se snajdam na test bez da prepisuvam
За мене училиштето претставува стрес.. Лоша хигиена, строги професори, обемен материјал, лажни "пријатели" , се некои шмизли, "куклички" , "барбики" .. Не верувам дека за некого училиштето претставува одмор
За мене училиштето претставува стрес.. Лоша хигиена, строги професори, лажни пријатели кои се прават дека ти се најдобри пријатели а се љубоморни штом ке имам 5 по некој предмет а пак кога имам истрашување кога треба да излезам на табла бледа сум премногу како да нема ни една капка крв во мене.
Во главно, немам проблем со училиштето. Учам доволно, одлична ученичка сум и во глобала немам проблеми со тоа. Имам само еден проблем, и цела година ми виси над глава, стварно сум беспомошна. Се работи за математика. Го разбирам предметов, забавен ми е и се' тоа. Меѓутоа кога појдам на тест се укочувам целата. Мозокот не ми работи во првите 5 минути, а тоа е многу време, зошто по обичај професорот ни дава обемни тестови. Откако ќе се подосвестам некако, ги читам задачите, и си викам, океј, полека сега, ги знам, сe' ќе решам. Ама, буквално секогаш ми се случува да згрешам некоја пресметка (нели,од брзање, да не ми снема време) и после паничам цела, па тестовите во глобала ги вадам катастрофа. Мислам, не баш катастрофа, немам добиено кец, ама во второво тромесечие ми се случи да добијам двојка (всушност две двојки, а најсмешното е што ги имав решено задачите, постапките тие беа, ама пресметките и резултатите згрешени од корен. Иначе, по 2 пати проверувам дали резултатот е точен, значи апсолутно немам појма како ги правам грешките). Значи, кај мене не е тоа што не знам. Ги знам задачите, знам и формули и се', можам да мозгам и да сфатам, кога решавам задачи од збирка, најголемиот дел ги решавам без потешкотии и опуштено. Единствено нешто што останува е ова да ми се случува на психичка база. И не знам како да си помогнам. Сум пробала со се'. Вклучувајќи и апчиња за смирување пред тест. Не делува, пак сум стресена. А најмногу ми е што моите дома не ми веруваат дека е до психата. Мислат дека сум попуштила со учењето, иако другите оценки ми се добри и не сум потфрлила ама баш ич. А гледаат дека континуиорано се посветувам на математиката, и дека ги владеам задачите. Со другарките немам разговарано за ова од проста причина што не знам како би ми помогнале. Па, не ми останува ништо одруго, освен да слушнам (прочитам, всушност) некој ваш совет, искуство, критика или што и да е, а би ми помогнало. Фала однапред на сите што ќе се потрудат да ми одговорат. Спојлер п.с. не знаев каде да си го сместам прашањево, мислев дека тука е соодвето. Ако модераторите знаат посоодветна тема, слободно нека го префрлат.
За мене училиштето претставува стрес Секогаш се нервирам и на тест и на испрашување А најмогу кога неможам да научам
Стрес, бидеќи професорите треба да бидат педагози а тие се во однесувањето помали деца и од нас (секоја чест на исклучоците), па секако ќе се најди таков да те изнервира да ти пишува помала оценка, да се исмева со тебе и 300 глупости , секако постојат и денови кога училиштето те одмора ама тие се многу ретки.