Одмор? No way, не можам да замислам дека постои таков на кој што му претставува одмор Секако дека претставува стрес, и тоа огромен и секојдневен. Не се издржува ова. Најискрено, не можам да ја опишам атмосферата во втора година средно. Ова ги надминува сите можни граници Не знам што да кажам...се прашувам дали и во другите училишта е вака... Програмата сигурно е иста во сите училишта во државава, ама професорите сигурно не се такви. Немам коментар, навистина немам коментар...не можам да разберам како можат да бидат такви, да немаат никаков обзир дека нивниот предмет не ни е единствен...не, не ги можам веќе бе Прво полугодие беше ужас, ама ова сега...не можам да го опишам. Доаѓаме на 21ви и уште од првиот ден ни закажуваат 3 теста, испрашување и 2 проекта... Дали вие тоа озбилно? Непрекинати стресови, нервози, паника 9 месеци во годината...Според мене школото не претставува ништо позитивно.
Јас сум мрзела школо, сум обожалава распусти... За мене школото претставувало стрес Ме мрзело да учам за сите тие тестови и испрашувања, ама затоа денес сум адвокатка Секогаш сум завршувала со сите 5, освен биологија 3, бидејќи сум мрзела
Па ако ги изоставиме неделите пред полугодие, тромесечие, и крај на година би рекла одмор. Да си кажам искрено, во училиште одам само за друштво, бељи, зафрканции, кафиња, да си го видам симпатијата, да се смеам на часови и тако то. Поготово редицата ко што ни е од луда полуда, речи су сувишне. Во основно ко ќе подразмислам, многу повеќе се потресував за тестови, проекти, активност на час итн, сега ни рецка не мавам, а ко за чудо поминувам одлична со оценки слични со најголемите бубатори и г'золижачи во клас.
Па секако дека не е одмор,ама зошто па и стрес? Мислам ако си учиш,ако си редовен нема потреба од тоа. За мене лично факултетот беше стрес,навистина е понапорно,ама тоа ќе го дознаеш дури откако ќе се запишеш За мене училиштето воопшто не беше стресно,го сфаќав како нормална обврска која мора да си ја исполниш. Учев редовно,ден за ден,не кампањски.Се активирав во секции,биологија,екологија,англиски,глума,балет,сега кога ќе се присетам сакам да се вратам Навистина беше убаво,нонстоп си правевме проекти,организиравме настани,патронати на школо,екскурзии,симпатии,дечковци,кафиња,дружење,карање,од се по нешто....Убави денови беа
Мене нешто помеѓу стрес и одмор.Всушност обврска како што кажа ели25. Учам во уметничко училиште и што значи дека сум го сакала тој правец и сум се запишала.Ако одев во гимназија а планирав гадно ке се зафркнев со физики и математики само ке тонев. Вака искрено многу ми е убаво *да не се почудам
Каков одмор бре? Одмор е да се релаксираш, и да го пуштитш мозокот на пасење, а не да се мачиш со решавање на задачи поврзани со математика, хемија, физика..
За кого како, ако некој нема проблеми по дома училиштето му е стрес ама ако некој има кога ќе отиде во училиште наоѓа мир.
Одмор.. Не велам дека уживам на училиште, ама така е. Гледам неколку деца колку се под стрес на училиште ем не учат, ем не им е сеедно за оценките. Мене ми е сеедно зашто мразам кога ќе го видам сведителството 5 5 5 5 5 5.. мислам досадно е стварно ама знам дека е заслужено од друга страна ^^ Сакам шарено да биди 5 4 5 3 3 5 5.. колку поинтересно изгледа
Зависи кога-како. Понекогаш е забавно се гледаш со другарите се смеете цел ден и земате нови лекции, значи нема тестови и испрашувања е тогаш е релаксирање. Ама кога имаме недела на тестови е тоа е стрес.
Училиштето не треба да биде ниту едното, ниту другото. Стрес не треба да биде во никој случај, а одмор уште помалку. Кога ќе се навратам на тие години, би рекла дека на моменти ми било тешко и мачно (самото школување не толку, колку воншколските активности - имав доста набиен распоред). Ама споредувајќи го основното и средното со факултетот, би рекла дека училиштето ми беше одмор. Со факултетот почнаа големите нервози и стресови, нередовното спиење и јадење, соочување со сите предизвици при кои на тест не ми беше ставено знаењето, туку трпеливоста... Секако, и додека бев на училиште се сретнував со неправди, меѓутоа секогаш моето знаење беше правилно оценето. Никогаш не сум била оштетена во тој поглед. Како останатите ги добиваа оцените - не ни ми беше гајле, си гледав за себе. Редовно учев, па немав проблеми. Секогаш ми се исплател трудот. А на факултет... не е баш така.
Јас не сфаќам,какво шаренило сакаш?Ако сакаш шаренило,еве пролет е,излези во природа и прошетај,има цвеќиња,шарени бои и се што сакаш.Ана незнам колку е убаво да имаш од се по нешто во оцените и да неможеш да се запишеш во средно или на факултет.Ех,тоа јас незнам.Мене ми е глупаво постојано да учиш и учиш,ама можеш да ги имаш сите петки и кога млаку ќе ја оладиш главата.
^^ Дефинитивно се согласувам Јас под зборот одмор подразбирам релаксација,мозок на ,,пасење,, и спиење а училиштето за мене сигурно не претставува спиење или релаксација .. Така да СТРЕС!!