1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Училиште- стрес или одмор?

Дискусија во 'Образование' започната од Alexa14, 26 март 2011.

  1. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Во основно и средно не ми беше нешто многу стресно, само 1 година средно ми беше така по стресна инаку интересно ми беше особено 4та средно.
    Факултетот сега ми е многу поголем стрес особено вака кога се ближат колоквиуми, испити, секој ден ми е стресен, дали ќе положам, дали ќе научам, што треба да учам, дали ќе постигнам сите обврски да ги завршам на време, понекогаш и депресивно се осеќам од што е стресно..:mm:
     
  2. Peppermintka

    Peppermintka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Основно и средно одмор, на факултет огромен стрес.
     
  3. Daisyyyy

    Daisyyyy Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ни одмор ни стрес искрена да бидам, иако си учам доста кога ќе дојдам дома, стрес сепак само пред некој тест кај построгите професори ама ретко паничам. Онака кога не е недела на тестови и испрашувања нема одмор, си се предава и се тоа, ама нема ни стресови :rofl:
     
  4. Jova201

    Jova201 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Stres definitivno ko ke ima testoj i isprasvanja e najstrasno
     
  5. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.435
    Пол:
    Машки
    Основното и средното ми беа исклучително стресни.

    Ама тогаш кој те прашуваше дали ти е стресно или не, едноставно така беше.

    Поготово средното, за секакво отсуство бараа да дојде родител да те оправда, не прифаќаа јавувања по телефони или белешка од родител, многу строго беше. Со судни маки да поминеш одличен и тоа на граница... Секој професор имаше право рандом да испрашува без претходна најава, секој го ценеше својот предмет како да е само тој. Јас го фатив проектот на реформирано образование каде се сметаше дека 6 часа секој ден се МАЛКУ и морало ученикот да се инволвира во дополнителни активности, па така секој ден имавме по 7 или 8 часа и + во сабота некаква активност. Тие 4 години мислам дека бел ден не видов од учење |( После школо доаѓав дома и не гледав бела мачка, спиев по 2-3 саати попладне, и после тоа седнував да учам до 2 ноќе, сабајлето во 7 едвај станував...