Во темава се советуваме за техники на шминкање. Ајмо совети како до прецизна линија со тушот Јас пример, никогаш не успевам да погодам скроз правo како на инстаграм или пинтерест. Добро, јес да имав двојка ликовно ама затоа смоки опцијата со молив ми е тука Не, озбилно ме интересира ова.
Потпри ги лактите на маса, да не ти виси раката кога црташ линија. Едно огледало на масата, и гледај надолу во него. И многу пракса.
Рани се направив од таа пракса пиши бриши Инаку да, смиреноста на раката е многу битна за ова. Интересно Селотејпот многу врши работа за рамна линија на завршетокот, мене повеќе ми е проблем на капакот одозгора па накај средина, вака испаѓам буквално
Обидисе со мали точки на горниот капак и поврзи ги, почни со тенка линија веднаш над трепките ќе успееш сигурно
@MiloMalo Јас секогаш прво го исцртувам целото око... потоа ја следам долната линија на окото (и кај други кога шминкам ги терам да отворат око за да видам како се движи таа природна линија) и повлекувам линија кон веѓата и после ги спојувам со онаа линија што го следи окото. Вака нешо Бонус совет: Ако го згрешиш опавчето ја земаш четката за коректор и си правиш совршен шпиц со неа, ако немаш четка, влажна марамица и нокт ќе ти завршат работа
Еј фала Реин, поубо да видат дека сум саката Еми ај да продолжиме ко така. Може за кармин? Како да стои подолго и да не се размачкува. Знам дека мат кармините гајле немат за оваа работа, но обичен течен кармин знае да зезне и те како. Пример, ставаш пудра мачкаш цело лице сосе уста. После ја црташ со моливче, ја пополнуваш со истото и озгора ставаш кармин. Е вака јас направив и саат време мака немав, после налегна проблемот. Ко се видов бетер од мало дете со ајвар да се играло. Само два слоја имав ставено, еднаш и повторив уште еднаш да се познава поинтензивно. Е сега, дали има влијание пудрата одоздола, лабело (треба, не треба), било што што довело до размачкување на краевите, или доста му е саат време и тоа е многу м?
Јас пудрата од уста ја тргам со влажната марамица, затоа што ми се собира и ме нервира многу. Од кога ќе ја избришам пудрата ставам лабело на устата (само немој некое ептен мрсно) и после тоа прво ја исцртувам устата со моливче па ставам кармин. Ако е некоја по впечатлива боја ги израмнувам краевите со коректор. И најпосле ставам пудра во прав, baking правам и на устата некогаш, зависи од карминот Ама не на цела туку повеќе на краевите. И после тоа ја тргаш пудрата во прав со четка и е ептен мат и стои долго.
Имам паднати капаци како да нанесам туш? Која шминка би била најсоодветна за да ги 'кренам' капаците?
А да ве прашам нешто. Имам еден течен кармин ама толку е течен што се растекува низ краевите на устата дали ќе помогне камена пудра одозгора за да стане мат?
Најискрено прв пат читам дека некој и на устата става пудра, искрено шокирана сум Незнам што потреба има дури и на устата пудра да се става
Секој има право да си пиши мислење,а ти нема потреба да се шокираш и ако имаш некое попаметмо решение слободно да си пишеш!
Да не се разбереме погрешно секој што сака може да прави. Јас бев "шокирана" бидејќи таа пудра што е ставена на уста, директно се внесува во организмот и е штетно.
Ова е многу добро видео за шминкање на устата, кога имам повеќе време обично за излегување вака се шминкам и карминот ми стои доста долго време, пробајте. А друга побрза опција да ви стои карминот подолго време е да ставите прво молив, кармин и на крај да ставите тенка салфетка (јас ставам парче тоалетна хартија) и над неа со четка поминете со камена пудра али затворете ја устата кога го правите тоа.
Сметам дека веѓите играат голема улога во вкупниот изглед на лицето а гледам дека многумина ги занемаруваат.По тој повод едно доста корисно видео за обликување/исцртување на совршени веѓи. И уште еден клип за 9 различни начини на нанесување на ајлајнерот.