Како што можам да видам,нема на форумов тема за музичкава академија. Па така одлучив да отворам и сакам да прашам дали некој има искуство со овој факултет. Се што знае за него нека каже. Сакам да знам за катедрите, професорите и се што е интересно хахаха! Поздрав!
Јас сум четврта средно музичко завршувам сега па планирам да се запишам на ФМУ ама има многу различни смерови не знам да се одлучам немам искуство што е убаво интересно просперитетно ти или некој друг ако имате искиства со ФМУ пишете позз...
Немам искуство, но познавам неколку луге со музичка академија. Според мене инструменталец да се запишеш е подобро, па после да дополагаш три предмети и да имаш можност и да предаваш во некое училиште.
Луѓе нова сум на форумов, само да прашам за мислења сум, околу факсов. 4та година сум у гимназија, и сеа треба као приемен да полагам. Дали можам да се спремам за 2-3 месеци? Солфеж, теорија нешто такви ствари. Плус неодамна почнав со гитара. Мислам дека не сум спремна баш за тој смер, но за смеров што е теорија и педагогија. Има ли надеж?
Za vo Skopje malce potesko :/ neznam dali ke uspees da vlezes. Vo Stip imam kolega so sredno ekonomsko i dobro mu odi. Imas li nekoi znaenja okolu teorija, solfez, klavir?
Очекував да видам јадење гомна за професори на ФМУ и сл, штета само си прашувале дали да се запишат и како е....
Јас ќе ја возобновам оваа тема за сите заинтересирани кои што сакаат да се запишат на овој факултет Дипломирав и магистрирав на ФМУ пред 10тина години. За Факултетот ќе кажам дека моментално останаа многу мал број на квалитетни професори и секако се зависи и од смерот. За време на студиите особено за инструменталци и соло пеачи, многу е важно и клучно во чија класа ќе бидете. Имав колеги чии професори воопшто не се замараа со студентите, не им доаѓаа на часови, и слично. И во главно, професорите по музика самите си се величат и уживаат на своите часови да се фалат пред студентите. Периодот на студирање за мене беше навистина интересен и убав. Мислам дека генерално додека се студира тогаш и најмногу се настапува, студентите се најактивни во овој период, поголемиот број својот максимум го добиваат токму за време на студиите. Но друг момент и многу битен е егзистенцијалниот момент. За жал, оваа струка воопшто не е просперитетна. Зборувам од лично искуство и од искуството на моите колеги од факултет, бидејќи со голем дел од нив и ден денес се дружам. Сите го делиме мислењето дека и да се вработиш после во некоја од нашиве институции по струка, едноставно не вредел целиот вложен труд. Сите институции ни се буквално катастрофа, се е со врски, работната средина во повеќето од нив е исто катастрофа. Едноставно, толку вложен труд, не се исплаќа во нашава држава. Многу мал број се вработивме по струка, а не сите останавме да работиме по струка. И тие што останаа, бараат некој излез. А мислам дека и многу работат за да покажат на интернет со слики дека еве работат во некоја институција и им е супер, а реалноста е друга. На крај да сумирам, не го препорaчувам факултетот зошто навистина е потребна огромна жртва за оваа струка, а поединци се тие на кои трудот ќе им се исплати.
Имам многу другари кои што завршиле ФМУ. И од професори и од другарите имам слушнато лоши критики за факултетот. Јас свирам виолончело, клавир и бас гитара и сакам да се бавам со музика и да продолжам со виолончело. Но многу ме обесхрабрува се што ми имаат кажано за професорите. Не можам да речам дека и Битола беа нај во ред но многу лоши работи се зборуваат. И пред да го вложам трудот и годините во него сакам да сум 100% сигурна дека ќе се исплати во иднина. Можиш да се надополниш за нешто друго пример?
@KonanChan не сакам да те обесхрабрам, на крај ти мора да одлучиш, ама реалноста е таа, дека е претешко после да најдеш работа, а и дека факултетот не е квалитетен, се сведува на многу глумци и филозофи (Проф. Глишиќ по хармонија секогаш викаше "Не ни требаат глумци во музиката", а ги имаше помеѓу студентите ама и помеѓу професорите). Види по оркестри на нет по огласи, разгледај (МОБ, Филхармонија) колку виолончелисти бараат и ќе ти стане јасно дека оркестрите се оформени, и нови луѓе на годишно ниво многу малку а и ретко примаат. На страната на Филхармонија ти се достапни овие информации, веројатно и на страната на МОБ. Имав колеги што на факултет ја загубија желбата за музика, токму заради одредени професори . За жал, други ја загубија откако не успеаа да се вработат. Ако си од музичко семејство, или ако имаш јаки врски ќе ти биде полесно за вработување, инаку е навистина многу тешко. Одлуката е на тебе, и да се запишеш на ФМУ, за краток период ќе ти стане јасно кај се наоѓаш. Како и да е, ти посакувам многу среќа што и да одлучиш
Јас почнав прва година фму и буквално се си у право нема леб од ова само пари у џеб да му се пика некому и за жал се откажав нема ни да продолжам со такви срања што се праат тоа е ненормално....нема просперитет овде
Не се секирај, животот е пред тебе. Кој пат да го фатиш верувај ќе ти биде подобар отколку да продолжиш на ФМУ. Јас сама бев, никој не ме подучи, верував дека стварно ако се даде буквално се од себе трудот ќе се исплати ама не испадна така. Немав проблем со ниеден професор, напротив кај сите положив на време и сите ме почитуваа, ама кога немаш врски за понатака, џабе е се. Било што друго да се заврши, три год. некој факултет или курс некој добар има поголема вредност во нашево општество од дипломата на ФМУ. Следам што се случува и тука и надвор и се повеќе ја тргаат уметноста на страна. Гледајте и на филхармонија што им се случува моментално, им менуваат договори, кратат од работнички прва, или некому не продолжуваат договор од денес за утре. Значи тажно и претажно е. Само успех им посакувам на сите, и на оние кои ќе решат да одат по тој пат и на оние кои ќе се тргнат и ќе продолжат по друг пат