ФМУ-Факултет за музичка уметност - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од Diamondkiss, 5 март 2012.

  1. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Како што можам да видам,нема на форумов тема за музичкава академија.
    Па така одлучив да отворам и сакам да прашам дали некој има искуство со овој факултет. Се што знае за него нека каже. Сакам да знам за катедрите, професорите и се што е интересно хахаха!

    Поздрав! ;)
     
  2. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Луѓе нема никој што студира тука?
     
  3. teffi.tkm

    teffi.tkm Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Јас сум четврта средно музичко завршувам сега па планирам да се запишам на ФМУ ама има многу различни смерови не знам да се одлучам немам искуство што е убаво интересно просперитетно ти или некој друг ако имате искиства со ФМУ пишете позз...
     
  4. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Немам искуство, но познавам неколку луге со музичка академија. Според мене инструменталец да се запишеш е подобро, па после да дополагаш три предмети и да имаш можност и да предаваш во некое училиште.
     
    На teffi.tkm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Jas sum 2 godina na muzicka akademija vo stip
     
  6. ivannaj33

    ivannaj33 Нов член

    Се зачлени на:
    9 април 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Луѓе нова сум на форумов, само да прашам за мислења сум, околу факсов. 4та година сум у гимназија, и сеа треба као приемен да полагам. Дали можам да се спремам за 2-3 месеци? Солфеж, теорија нешто такви ствари. Плус неодамна почнав со гитара. Мислам дека не сум спремна баш за тој смер, но за смеров што е теорија и педагогија. Има ли надеж?
     
  7. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Kade planiras vo Skopje?
     
  8. ivannaj33

    ivannaj33 Нов член

    Се зачлени на:
    9 април 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Da da
     
  9. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Za vo Skopje malce potesko :/ neznam dali ke uspees da vlezes. Vo Stip imam kolega so sredno ekonomsko i dobro mu odi. Imas li nekoi znaenja okolu teorija, solfez, klavir?
     
  10. bibiK23

    bibiK23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Очекував да видам јадење гомна за професори на ФМУ и сл, штета само си прашувале дали да се запишат и како е....
     
    На Norah Jones и SexyGirl2 им се допаѓа ова.
  11. Maria921

    Maria921 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ја возобновам оваа тема за сите заинтересирани кои што сакаат да се запишат на овој факултет :D

    Дипломирав и магистрирав на ФМУ пред 10тина години.
    За Факултетот ќе кажам дека моментално останаа многу мал број на квалитетни професори и секако се зависи и од смерот.
    За време на студиите особено за инструменталци и соло пеачи, многу е важно и клучно во чија класа ќе бидете. Имав колеги чии професори воопшто не се замараа со студентите, не им доаѓаа на часови, и слично. И во главно, професорите по музика самите си се величат и уживаат на своите часови да се фалат пред студентите.

    Периодот на студирање за мене беше навистина интересен и убав. Мислам дека генерално додека се студира тогаш и најмногу се настапува, студентите се најактивни во овој период, поголемиот број својот максимум го добиваат токму за време на студиите.

    Но друг момент и многу битен е егзистенцијалниот момент. За жал, оваа струка воопшто не е просперитетна. Зборувам од лично искуство и од искуството на моите колеги од факултет, бидејќи со голем дел од нив и ден денес се дружам.
    Сите го делиме мислењето дека и да се вработиш после во некоја од нашиве институции по струка, едноставно не вредел целиот вложен труд.
    Сите институции ни се буквално катастрофа, се е со врски, работната средина во повеќето од нив е исто катастрофа. Едноставно, толку вложен труд, не се исплаќа во нашава држава.
    Многу мал број се вработивме по струка, а не сите останавме да работиме по струка. И тие што останаа, бараат некој излез. А мислам дека и многу работат за да покажат на интернет со слики дека еве работат во некоја институција и им е супер, а реалноста е друга.
    На крај да сумирам, не го препорaчувам факултетот зошто навистина е потребна огромна жртва за оваа струка, а поединци се тие на кои трудот ќе им се исплати.
     
  12. KonanChan

    KonanChan Нов член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имам многу другари кои што завршиле ФМУ. И од професори и од другарите имам слушнато лоши критики за факултетот. Јас свирам виолончело, клавир и бас гитара и сакам да се бавам со музика и да продолжам со виолончело. Но многу ме обесхрабрува се што ми имаат кажано за професорите. Не можам да речам дека и Битола беа нај во ред но многу лоши работи се зборуваат. И пред да го вложам трудот и годините во него сакам да сум 100% сигурна дека ќе се исплати во иднина. Можиш да се надополниш за нешто друго пример?
     
  13. Maria921

    Maria921 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    @KonanChan не сакам да те обесхрабрам, на крај ти мора да одлучиш, ама реалноста е таа, дека е претешко после да најдеш работа, а и дека факултетот не е квалитетен, се сведува на многу глумци и филозофи (Проф. Глишиќ по хармонија секогаш викаше "Не ни требаат глумци во музиката", а ги имаше помеѓу студентите ама и помеѓу професорите).
    Види по оркестри на нет по огласи, разгледај (МОБ, Филхармонија) колку виолончелисти бараат и ќе ти стане јасно дека оркестрите се оформени, и нови луѓе на годишно ниво многу малку а и ретко примаат. На страната на Филхармонија ти се достапни овие информации, веројатно и на страната на МОБ.

    Имав колеги што на факултет ја загубија желбата за музика, токму заради одредени професори
    . За жал, други ја загубија откако не успеаа да се вработат.

    Ако си од музичко семејство, или ако имаш јаки врски ќе ти биде полесно за вработување, инаку е навистина многу тешко.

    Одлуката е на тебе, и да се запишеш на ФМУ, за краток период ќе ти стане јасно кај се наоѓаш.

    Како и да е, ти посакувам многу среќа што и да одлучиш