Имав другарки запишани на ФОН и не е дека некој потценувам ама дефинитивно не може да праите споредба со материјалот за учење од УКИМ, еве поточно Економски. Едноставно факт е дека плаќате добра сума на пари и со тоа имате олеснителни околности - вклучувајќи и полесно студирање. Мислам и дека диплома од УКИМ повеќе се вреднува при вработување ама од друга страна , ако твоите имаат бизнис и слично , тогаш нема да ти е проблем.
Моите немаат бизнис но веќе имам диплома од ФОН кај и да е ке ја имам магистратурата на УКИМ така да не сум ограничена. Мермаид неможеш така да генерализираш затоа што во мојов случај немам платено ништо си имав целосна стипендија.
купување на диплома?? сите на некој начин ја купуваат дипломата, ништо не е бесплатно, само што на приватните се купува преку школарината што е поскапа, а на државните ја купувате со мито во индекс после испит. Значи да не се лажеме и да не си продаваме приказни за мали деца. И на државните и на приватните има студенти што учат и студенти што препишуваат. а за дали се паѓа испит на фон или дали се дуплира година тие што се на фон знаат, јас лично еден предмет го имав полагано неверојатни 7 пати, си признавам барем не учев доволно, ме мрзеше од 10 прашања одговарав 4 5 и очекував да поминам и не поминав се додека не го научив, имав колеги што немаа услов да запишат година, да да и тоа се случуваше, значи и фон не е се розево, и ако вие на државниот од еден предмет имате 1000 страни, истиот предмет на фон неможе да се полага за 200 страни не си фанатазирајте, оти секој професор си бара знаење, и си го почитува предметот. И милион пати имам кажано дека може додека биле фон и европски заедно тогаш да се минело по лесно поради привлекување на студенти, ама од кога се поделени не е лесно ни таму ни таму. Чист пример прaвниот факултет, на државниот сите предмети се полагаат со заокружување поради некој нов систем што го имаат, а на фон сите предмети се полагаат со раскажување, епа што е по лесно да заокружуваш (што може на погодешка ке погодиш нешто ако ништо не знаеш) или да раскажуваш и објаснуваш по цели теми??? ТОа беше само пример што е вистина. и мислам дека е доста со дискусија од страна на личности што нешто не виделе!!! тоа е исто како јас сега да земам да ви зборам за Меркур или Марс и како е таму, а никогаш не сум била да видам.
Вака сега.Кај нас стереотипот е дека кај приватните факултети се плаќа дипломата,материјалот е малце и лесно се добива 10ка.Сестра ми е студент на ФОН и е запишана со целосна стипендија.Можам да кажам дека материјалот не е воопшто лесен и малку.Прв колоквиум,прв семестар околу 160 стр.,а втор колоквиум околу 200,а не 50 стр како што викаат сите.Знам дека во споредба со државните е можеби малку,но сепак не се 50 стр.И + на тоа семинарски,презентации и што не.А овие што велат дека на ФОН е лесно,сигурно се запишани со пари и учат само за 6ка колку да поминат,па секако дека ќе речат дека материјалот е малце и дека на Фон е уживанција. Можеби сум сеуште мала да зборувам на оваа тема,но пишувам она што го слушам и гледам ! Поздрав.
Ме интересира дали поголемиот број студентите кои беа стипендисти на ФОН се вработија во компаниите-партнери?
Јас имам познаничка која што студираше на ФОН. Материјалот што го учат таму не може да се спореди со тој на УКИМ. Таму многу лесно поминуваат на испити.
да прашам,ако има некоја од вас што била запишана на моден дизајн на ФОН да ми каже малку повеќе за тоа, а и вие другите ако имате студирано на Фон да ми кажете што е како е,сакам да знам од некој што бил навистина таму,бидејќи слушам само муабети дека Фон поради тоа што е приватен факултет не бил ценет, се било со пари таму бла бла ова она,едноставно не го сакаат тој факултет демек немаш иднина ако појдеш таму.
FON ima nekoj sto uci ili saka da se zapise na fon za modno dizanjiranje?Ako ima nekoj dali moze da mi kaze kako e dali e tesko i kolku pari cini edna godina
не сум на моден дизајн но студирам во фон... една година е 2000 евра ако ја плаќаш на ради, една рата е 150 евра, а во готово 1800 евра... е сега знам дека оваа година имаше и за средношколиците со просек, доста намалена школарина, мислам дека тие што беа со просек 5 од семестар 500 евра т.с од година 1000 евра