Јас сум се осетила така. Од едната страна, а мајка ми има сестра. Ама братучедите се постари ептен, и секад ги фалеше..вчера на едната ќе ѝ беше родеден, на другата ѝ правевме помен.. Џабе ќе продужувам да зборам потешко ќе мо е
Мислам дека повеќе е фаворизирање внук, отколку внука. Генерации од 1930-1965 слободно може да се каже дека голем процент од нив си ги обожаваат и величат внуците (машки). Гордост е да се роде внук, па и ако е прво па мушко, второ нема потреба според нив. Имотот и презимето се знае кој ќе ги носе и кај кого ќе останат, затоа цел живот нив им се посветува внимание. Мајка ми се теи сестри и брат, вујко ми цел живот сервиран на тацна. Од убаво, поубаво, се ново, се намазнето. Демек, тој е човекот што ќе остане се во негови раце. Минатиот месец на свадба кај нивни прв братучед беа поканети само баба ми, дедо ми и вујко ми. Мајка ми и тетките не беа поканети бидејќи биле "отуѓени" во други фамилии според старите (мајка и татко на момчето). Жално.
И на крај јакиот внук све женски деца добива ... Примери има и такви па после баба, дедо што ги фаворизирале ко посрани стојат
Сум осетила разлика и тоа како, јас како емотивно, срамежливо девојче многу тешко поминав и верувајте дека сеуште имам последици од детство иако моите родители ми дозволија и ми приуштија се, влијание има на самодоверба, доверба во луѓе, тешкотија да се отвориш пред некого и.т.н. Барем сум свесна од каде ми се последиците, верувам дека нашите родители не би го правеле тоа на внуците бидејќи се понови и посовремени генерации
Абе треба да ја лежиш или оштета да плаќаш Тек тогаш уште еднаш ќе треба да се тепа Макар шо да прво тоа ќе ми е желба да ја ПРЕТЕПАМ.
Не би рекла дека се "лигави" или е некој екстрем, прва внука сум и тоа е и зезанција во фамилијава, дека јас сум "мила на баба", немам име. Другите две внуки не се ускратени (можеби сестра ми, ама касно е родена, баба ми веќе не беше при снага да се занимава со бебиња) со внимание, пример поради околностите братучетка ми е далеку повеќе чувана од мене (и ако рачунаме готвено, перено и сл.) па лично не се чувствувам оштетена. Мислам дека има успешно избалансирано, вујна ми не е жена што ќе седи и трпи некој да и' се понаша, они стварно имаат изградено убав однос и за 30 години, не сум слушнала лош збор од ниту едната. Да мислела вујна ми дека ќерка и' е оштетена, немало пасивно да седи и да дозволува, а ни мајка ми исто. Можеби има вистина во милоста кон првото, не знам, ама и од другата страна најстарата братучетка беше омиленото дете на баба ми, а сме деца од два сина и имам и братучед, значи неврзано со чие дете е и што пол е, туку е прва и долго единствена. Ако е некоја екстрема, веројатно ќе се отслика и во грижата кон тој што фаворизира. Како што реков, не би било фер да кажам кој највеќе се грижи, пошто сите колективно се грижиме за неа, исто беше и за дедо ми, само внуките бевме мали, па таа грижа беше од жена му и децата/зетот/снаата.
Секоја би сакала да верува дека поновиве дедовци и баби нема да делат внуци и внуки. Ама, се случува. Имам во околина. Бабата има 4 внуци. Повеќе внимание им обрнува на децата на синот отколку на децата на ќерката. За тие од синот секогаш има пари, а тешко ѝ е да им даде на тие од ќерката.
Баба ми по мајка и децата видно си ги делеше уште си има последици по некој. А не па нас внуците. Дедо ми прав папучар ,едно ќе каже сеа на маса ,ќе преспијат ќе го надупи другиот ден еј не не може така. По татко ми и двајцата беа души ,дедо ми толку беше забавен а баба ми ептен не чуваше со милост. И кај таа по мама идевме на поседок ама тоа беше како под присила мора тогаш и тогаш да се јаде по саат ,никој не смее да се извалка,дружење со машки не ,седење после 9 (и на 19 г.) било проблем итн ,додека за внуците од тетка ми ништо од ова не важеше...
Оваа беше трагикомедија. Мама имаше брат и он имаше дете, и сега бидејќи одеше во смени ме оставаше кај баба ми да ме чува. Ја ќе и одев до продавница ќе и помагав се, а братучед ми ја маваше ја тепаше се и викаше и пак беше поарен. И еден ден не праша што сакаме да јадеме , и него му се јадеше нешто друго мене палачинки, и ја и предложив и почна да ми се дере " Да бе јас сега тебе палачинки ќе ти правам, кога ќе си одиш дома речи и на мајка ти" и се осетив отфрлено и не сакав да одам веќе да ме чува, прво ќутев не и кажував на мама и на крај и кажав, она се изнервира отиде кај неа се испокара со неа 1 година не и правеше муабет додека не и текна на баба ми да се извини, и тоа се извини оти знаеше дека мајка ми повеќе трча за неа него ли син и. И од тогаш некако и дојде паметот.
Моите свекор и свекрва исто се однесуваат спрема четирите машки внучиња. "Бабино", "другарче" ѝ сите четворица. Знае да ги пофали секој поединечно за нешто. Доколку би осетила двоење бесрамно или издвојување на фејв внуче, ќе намалам со оставање на моето дете. Ама такво нешто не очекувам, оти има сенс жената.
Бабата од страна на мајка ми мене ме сака највеќе од сите внуци. Тоа и го покажува. А бабата од страната на татко ми највеќе го сакаше брат ми.
Сведок сум на деца што беа делени, сега истото на своите внуци го прават. Па и како си кажува ми се лоши додека ја слушам. Како можат така еве не знам. Моите имаат две внучиња, никогаш за ништо не не имат двоени ни нас, ниту сега внуците. По едно внуче од едната страна. Ситница да е гледат подеднакво, што мене ме нервира, не може човек на вага да исканта. Свекрва ми и свекор ми на почетокот повеќе кон другото внуче влечеа, сега искрено не знам а и мене сеедно ми е. Тоа си е проблем на мм, не мој. Се додека дете не ми е навредувано, омаловажувано, што нема да дозволам во никој случај, не ме занима колку и како се дава.Ниту давам, ниту барам. Секако се гледаме ретко, така да нивни проблем.
Ни на едните ни на другите не им бев фаворит им ги прислушкував трачевите и им крадев бонбони гајле ми е битно јас си уживав
Во моја фамилија фаворизирањето оди по основа на пол, ништо друго. Едната баба отворено ги фаворизира внуците наспроти внуките иако максимално поќе внимание и љубов добива од нас. Другата баба не не делеше по пол, ама живееше во заедница со една братучетка и природно, многу подлабок однос имаа меѓусебно.
Кај мене има сокриено фаворизирање по пол. Многу суптилно се очекувало брат ми да стане доктор, да биде успешен, кола и возачка одма, апсолутна доверба во се што правел. Се тоа. За мене никогаш не рекле директно во фаца нешто лошо ама се познавачи по делата. Немаа надеж дека нешто ќе биде од мене. Никогаш не ми дале поддршка за да станам доктор. Не веруваа дека ќе станам нешто повеќе од касиерка. Јбг. Сета среќа што никогаш не дозволив таквиот однос да ми делува на одлуките или самодовербата.
Сум го почувствувала ова преку баба ми, на татко ми мајка. Кај нас е сосема обратна ситуацијата. Татко ми има уште две сестри, сите имаат машки деца само јас и сестра ми сме женски од братучедите. Јас и сестра ми секогаш бевме омилени и најсакани внуци. Можеби оти некое време живеевме заедно па се поврзавме за разлика од другите. За родендени и други празници секогаш сме добивале поголеми поклони, или баба ми ако отидеше некаде купуваше нешто само за нас некогаш не смеев да кажам дека тоа ми е поклон од нив, за другите да не се осетат неубаво. Не знам со кое размислување тоа го правеше, но претпоставувам дека си мислела дека татко ми е единствен син кој ќе се грижи за нив кога ќе се немоќни па да се “оддолжи” на некој начин. Или па викаше вие сте девојчиња на вас ви требаат повеќе пари за да се дотерате, да си купите нешто, они се машки Како помала ми годеше тоа, но од оваа гледна точка не го оправдувам секако.
Баба, мајка од сопругот се улижува бабино, бабино пред син и , а пред мене јас бидејќи сум снаа смрдливко, прдливко(за моите деца) . За децата од ќерка и: Пред зетот дојди кај баба лепотици мои и пред ќерката ајде што ќе јадете за децата од ќерка и. А пред мене за нив : ороспии исти како мајка ви да си ставите силиконски усти (за ќерка и)
леле оваквиве не можам да ги сфатам нит помирисам баба му на муж ми е ваква. пред мене мед и млеко, ми вика ти си ми како внука, си праи муабет, следниот ден луѓе ми кажуваат вака и вака збори за тебе Ја одбегнувам ептен, нејќам да ме гледа, може ме нема видено со месеци
За жал го иам осетено на своја кожа. Баба ми и дедо ми (Бог да го прости) по татко отсекогаш биле наклонети кон моите брачеди (синови од ќерка) отколку кон мене и сестра ми (ќерки од син, поточно ќерки од снаа ). Иако ние бевме тие кои отсекогаш ги гледале и се грижеле за нив, особено лани кога баба ми беше неподвижна и јас ја презедов целата грижа за нив (сестра ми беше во странство но сепак нонстоп се јавуваше и прашуваше за неа), додека брачед ми дојде само еднаш да ја види и не ја ни бара, а другиот иако и тој странство беше, воопшто не ја побара, камо ли финансиски да помогне за неа. Ама не, тие дека машки, отсекогаш добивале повеќе пари и наклоност. Од друга страна, кај баба ми и дедо ми по мајка никогаш не сме почувствувале поделба меѓу мене и сестра ми. Фер плеј и еднаквост кон двете. За мене и ден денес, баба и дедо ми се само тие. Дали ова искуство влијаело на мене како личност? Апсолутно да, но се потрудив тоа да биде повеќе во позитивна, отколку во негативна насока. Наравоучение: пазете со кој стапувате во брак. Покрај партнерот индиректно ја преземате и фамилијата.