На мм му кажувам, се крсти. А на золвата не и кажуваме јас и мм. Децата се големки за да и кажат. Сигурно и имаат кажано, ама ние одлучивме да не се мешаме.
Дедо ми ( на мајка ми татко) секогаш ги фаворизирал братучетка ми и братучед ми. Греота биле дека татко им ( вујко ми) почина млад. Каде он, туку и други роднини го правеа истото. За секоја една собиранка, им се носеше се и сешто, за мене и сестра ми ништо. Сега од оваа гледна точка баш ми е гајле, фала Богу моите се ни приуштиле, ама како дете од 6-7 години некако баш неубаво се осеќав. А дали тоа влијаело врз нашата комуникација со братучедите? Не. Едни за други се би направиле, отворено збориме и никогаш за тоа си немаме префрлено. Свесен е братучед ми каков беше дедо ми. Од другава страна, гледани сме сите четири. Голема разлика во години сме.
Секогаш ќе има фаворизирање, класика. Човек кога ќе порасне поинаку гледа на нештата, дел од тие фаворизираните останаа неспособни да се носат со животните предизвици. И кога-тогаш старите ќе ги нема, па нели нема кој да ,,турка".
И (речиси) секогаш фаворизираните деца или внуци се оние кои не покажуваат или покажуваат најмал интерес за дедовците и бабите.