Ете ова за еден прст на саат не сум го знаела, ти благодарам. Инаку одам на контроли редовно во Систина, сигурно ќе бидат и почести понатаму.
Ех, дај Боже се да биде лесно и како што треба, за 5 саати ќе имам време и кафе да испијам со вас скопските мами
Другарка после пукање на цодењак за 2 и пол саати роди. Прво. Така да.. секој со својата приказна. Туку заборавив да спомнам - ако бојата на водењакот не е проѕирна исто итно се оди во болница.
Кога ми прсна водењакот за саат време бев во болница и бев отворена 2,3 прста. Се породив со 7 прста отворена после 13часа од прскање нна водењакот. Така да секој со своето искуство. Кај прворотките пораѓајот може да трае 12,13 часа па и повеќе.
Јасно, секој си е приказна за себе, и токму поради разните искуства што ги имам читано овде, кај едни одело навистина брзо, а кај други не толку, мисла ми е што треба да патувам до Скопје во тие моменти. Но сигурна сум дека ќе биде се во ред Извинете за оф топик.
30та недела сум, имам уште малку време јас. Ај па ако раѓаш пред мене ќе те читам се надевам во породилни
Јас во 4 саат имав цтг и прелед мануелен и беше одлучено дека утредента сабајле одам на закажан царски зашто бев скроз затворена без контракции. Во 8 и 30 вечерта ми пуѕкна водењакот, во 11:30 бев отворена 9 прста. Прворотка бев така што се е индивидуално. Со среќа на сите.
Природно ли се породи? Читајќи ве вас изгледа јас најспоро се отворив. Ама и покрај тоа немав многу јаки болки. Без провокација минав.
@forumce јас неповикана, ама да си кажам. Јас и провокација добив, и болки страшни имав, и цели два дена ни еден прст не се отворив, се изнамачив. Така што се е индивидуално
Исто и јас. Читајќи вака си викам што „среќа“ имав, 20 часа со јаки болки бев А имам познанички што за 3 часа се отвориле и се породиле.
Јас немав многу големи болки и лесно се породив. Кога ќе слушнам некои ептен бргу се отвориле се чудам и јас. Задоволна сум од самиот пораѓај, ама опоравувањето беше тешко, овде пишував. Искрено заборавив на болките од пораѓајот ама оние од епизиотомијата никогаш нема да ги заборавам
Не мораше царски на крај заради поставеноста на бебето и претходни интервенции на матката. Им беше страв дека може прилично да крварам и во текот на царскито коментираа дека сум имала претходни сраслини од интервенции и дека сепак добро што не пробале царски. Кога ми рекоа дека со 9 прста отворена сепак препорачуваат да биде царски, ми беше малку криво ама кога слушнав што коментираат си викам фала Богу што не се побунив.
Прворотка, малку пред 13 часот ми уклучија провокација со 1 прст отворена, во 15 часот бев потполно отворена. Кај сите различно, кај мене улога имаше и тоа што немав цервикс пред тоа долго време.
Еве сум Се породив по 24 часа од пукање на водењакот, поминав супер. Првите 12 часа немав никакви болки потоа добив провокација и болките се засилија но беа јаки менструални болки не беше нешто не издржливо.