Во8,15 ми бепе првата контракција а во 12,10 бебето беше родено Се на се 4 часа отворена 2см од 8месец и нема 10прсти туку има 5прсти максимум и 10см максимум
Јас со првото во 21ч вечерта добив болки на 5мин и тие траеја 3 саати.. до 00:30ч, се трпеа колку толку, шетав ноз ходник и на секоја контракција си застанував клекнував и се фаќав за радијатор ама во 00:30 ми пукна водењакот при преглед со рака и бев 3 прсти, е тогаш почнаа јаки болки на 1мин, па и на пола минута се до 6 сабајле. На бокс во 4ч ме качија со 6 прсти за да се доотворам таму со нозе убаво качени на бокс и спуштена надоле. Не ме пуштаа да шетам зашто се губеше синко малку па бев сите 9ч на цтг приклучена, имаше врвка околу врат. Мислам да шетав немаше да чекам 9 саати да се отворам, ке беше побрзо.. Со второво исто така си одеше... Веќе некој ден бев 2 прста отворена, па во 6 сабајле ми ставија провокација па почнаа болки директ за 3мин, за саат време и на 1м и за 3 часа дури еден прст се отворив. Но пукна водењакот со заматена вода, па ќеркичката во 9:17 е родена царски...
Во првата бременост водењакот ми го пукнаа во болница. Го видов Господ во пижами. Почнаа поинтензивни болки тогаш. А во втората бременост ми пукна дома. Во 5 часот сабајле. Болки добив после 10 минути, ама слаби. Во 7 и 30 бев на ГАК, со 3 прсти отворена. Се породив дури во 17 и 40. Примив две провокации. А со поголемиот не знам во колку саат ми го пукнаа водењакот. Тогаш не дозволуваа телефони да имаме во нас. Се породив во 20 и 55. Исто со две провокации. А отидена бев во 4 часот.
Кај мене па шетањето не помогна. Водењакот ми пукна во 4 сабајле а ние во 6 и 30 бевме во болница и бев еден прст отворена. Ми рекоја шетај да се доотвориш побрзо ако не во 16 ч ќе ти ставиме провокација. И шетав до 16 ч нозе ми паднаја и онака немав силни болки и само шетав, нозете повеќе ме болеја од контракциите. Јадев 3 пати, пиев кафе 2 пати и испив неколку литри вода. Мм беше цело време со мене па си имав и друштво. И си реков сега сигурно сум повеќе отворена и дојде 16 часот, дојде докторка ме проверува вика 1 прст само ќе ставиме провокација. Е тогаш се испаничив малку, и ми беше страв дека бев со пукнат водењак. И ми ставија провокација и после само лежев и по малку станував шетав низ соба. На цтг не бев постојано приклучена, бев 3 или 4 пати само по 30 минути. Ама и по провокацијата болките беја издржливи, и според мене лесно си поминав а според мм кој виде се беше мн страшно
So prvata bremenost dva prsti otvorena bev nedela dena sekoj den na kontrola na ctg se porodiv 42 nedela vo bolnica mi go puknaa videnjakot
Со првото јас отидов на контрола закажано во 14:00 часот со благи болки во опавче и карлица , чепот 2 дена унапред ми беше паднат и 3 прста отворена бев од тогаш , поточно од средина на 8 месец бев 2 прста отворена и кога падна чепот вкупно 3 отворена па ајде да идам на преглед и по спавача ми дава сестрата и вика денес бебето ќе искачало и во предпородилна соба се средија документација чепче ставија и тоа ајде пројде , во рок од 3 часа по приемот 7 см бев веќе отворена и болки јаки во карлицата од 20:30 часот до 23:45 беа премногу јаки болките дека водењакот ми го пукнаа во 20:30 ама се издржуваше и се роди синко во 23:55 часот , сепак полесно ќе беше да чекав дома ама дека прво од кај знам и многу рано ме задржаа се и сешто се изнагледав тамо , а со второ во 8:00 сабајле беше првата контракција па така си знаев веќе и ги спремив дома како да се снајдат со првото мое синче дека греота да не плаче по мене не е делени никогаш , и така шетав до 16:00 цело време , па се истуширав брзински и гледам чепот летна па знаев дека веќе сум отворена 5-6 прсти и отидовме во ГАК на приемно преглед ми направија 6 прста отворена до горе додека се качам и додека се прочистам по 8 прсти отворена , ми го пукнаа водењакот и директ на бокс , а тамо само што се наместив на боксот одма напон ми дојде и во 17:50 се роди второто синче преееемногу лесно И двата пати пројдов без провокации ама битно си кркнав 4 инекции спазмекс со првото и 2 инекции за сопирање на крварење исто и со второто синче примив 2 инекции за сопирање на крварење Сега за третово процесот како ќе иде наскоро ќе дознаам
vo 5casot sabajle na bolnica 5 prsti otvorena mi puknaa vodenjak ne osetiv nikakva bolka pregledot so raka ovaj pat voopsto ne go osekav najvrerojatno i doktorot bese nezen i imase dobra tehnika vo 7 4o na boksot 7 53 se rodi sinko lesno kako pesna bese ovaj pat