1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фактотум ( Чарлс Буковски)

Дискусија во 'Книги' започната од sonja29, 26 април 2011.

  1. sonja29

    sonja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Оваа книга ми е 307 - ма по ред.Сега почнувам да ја читам,после ќе ви кажам мислење.
    Доколку вие сте ја прочитале, чекам мислење,впечатоци итн...
     

    Прикачени фајлови:

    • 307.jpg
      307.jpg
      Големина на фајлот:
      121,7 KB
      Прегледи:
      808
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    ФАКТОТУМ ( ЧАРЛС БУКОВСКИ )

    Броиш колку книги си прочитала? :o
    Зошто е бројката толку важна?

    На темава - не ми е омилен Буковски. Ја читав Жени, и можам да кажам дека ме насмеа, оригинален е човекот, но е е мој вкус на литература. Фактотум не сум ја читала, па ќе чекам коментар откако ќе ја прочиташ.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sonja29

    sonja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    не знам за вас но јас имам интересно чувство кога повторно ги читам насловите и секоја од нив повторно ја доживувам. сакам да си ги запишувам повеќе се сеќавам на нив, не знам тоа сум си јас 8)
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Буковски? Го обожавам!!! Е сега, за повеќето читатели тој е премногу и не сите можат да го читаат. Ја имам прочитано оваа книга, интересна е. Ако во Жени ги менеше жените, овде ги мене работните места.
    Неговата поезија ми е омилена, а прозата и така така, али сепак возбудливо е за читање.
     
    На sonja29 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sonja29

    sonja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    ,,Блудни син,, од чарлс буковски ја читав пред неколку години ама беше на српски, слободно можам да кажам дека ,,фактотум,, е скратена верзија на Блудни син.
    инаку баш не сум задоволна од книгава.
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    како тоа Фактотум скратена верзија од Блудниот син? Во Блудниот син пишува за неговото детство и за студентските денови.
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Моментално го читам. Кога ќе завршам - ќе ги споделам моите впечатоци.
    Засега многу лесно, едноставно и фино читање.

    Туку, Буковски е исто еден од битниците или јоктурн? Ме замисли малку, ме потсетува на нивниот стил на живеење, начинот на пишување и слично.
     
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Стилот на Буковски или го сакаш или не. Рамнодушен не може да останеш. Фактотум беше првата книга што ја прочитав од него, ми се допадна начинот на кој ги портретира ликовите во сета нивна обичност, похотност и борба за опстанок.

    Книгава ме остави со горчлив вкус во душата, ама приказот на САД во тоа време, ефтината но сепак длабока љубов, лудите шефови и порочноста на Кинаски ме воодушевија. Топло ја препорачувам книгава.
     
    На Trendafilka и Phyramide им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Фактотум не стигнала на ред, ПАЛП, Холивуд и Пошта сум ги прочитала.

    Абе што знам... Буковски. :^)
    Да ме воодушевува премногу, не.
    Да ме треснал од столче и да размислувам со денови за книгата - и тоа не се случило досега.
    Нарацијата не е по мој вкус, стилот комси-комса, поделена сум во мислењата, некаде е изненадувачки стабилен, а напати опуштен и лабав.

    Чуден ми е, но храбар во изјавите и идеите, па му доделувам зрнце почит.

    Но, не е автор по мој терк.

    Фактотум ми е во план за читање, па ќе напишам нешто штом ја прочитам.
     
    На LivingGlam и RainBow им се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Книгава е прилично солидна, спектакуларна може и не баш во поглед на приказна или ликови или стилски, макар што мене лично стилот и отвореноста често со вулгарни примеси на Буковски ми се познати од претходни дела и веќе ми прешле во навика :lol: .

    Периодот кој го опишува во САД има многу допирни точки со моменталната состојба во нашата земјичка, невработеноста и моралното пропаѓање на луѓето, очајот, апатијата и напати рамнодушноста во поглед на професионалниот и приватниот живот.

    Кинаски е интересен лик има многу хумористични реплики и случки и врската со Џен исполнета со многу алкохол, секс и обложување на коњски трки е се‘ само не монотона.

    Поттикнува на размислување во насока дали општествените прилики во даден момент не креираат поединци со одредени предиспозиции за (не)успех, барем моите мисли беа насочени во тој правец.
     
    На Magnolija и Phyramide им се допаѓа ова.
  11. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ах Буковски, тоа старо прчле секогаш ме навраќа да ги читам неговите дела, и не само романите, туку и поезијата му е во тој фазон - реална претстава на бедниот човек во материјализираното општество.
    Ок, тука станува збор за романот Фактотум па ќе се задржам на него. Станува збор за скитањата на авторот по Америка во потрага по работа но секогаш во преден план е посета на барови или продавници за алкохол, па прибирање на жени, но најголема љубов му претставува пишувањето, но секогаш константно е одбиван од издавачката куќа која тој ја цени, но и покрај малиот хонорар кој понекогаш го добива тој продолжува да пишува, оти животот му се состои од плаќање на кирија во ефтини станови, пијанчење и нормално, жени. Но и Хенри Кинаски има сон - да стане писател.
    Го сакам Буковски, не знам зошто, но ете го ценам тоа "мачо менче", барем оригинален е и својствен.
     
  12. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Буковски е Буковски. Уникатен. Има специфичен живот, има специфична луцидност, и специфичен книжевен израз. Не е во сите дела на високо ниво, ама секогаш е Биковски. Перверзен мајстор. Мајстор на луцидниот дијалог...