Во оваа тема да споделуваме факти, помалку или повеќе дискутабилни. Еве јас ќе почнам прва 1 факт е дека не постои човек кому не му е потребна љубов 2.факт е дека мачето ми е најубаво 3.факт е дека Леонардо Ди Каприо конечно заслужуваше Оскар 4.факт е дека кога ќе се спомне филм општо, прва асоцијација е Титаник 5.факт е дека младите сакаат да се забавуваат 6.факт е дека Фемина рулс 7.факт е дека Адриана Лима е убава 8.факт е дека на сите ни требаат пари 9.факт е дека смеењето го продолжува животот 10.факт е дека пица, палачинка и кока-кола се најдобрата комбинација 11.факт е дека кругот се врти а Земјата е тркалезна 12.факт е дека Ријана има убави песни 13.факт е дека Каролина е најдобрата македонска пејачка 14.факт е дека момците со брада и реп се секси 15.факт е дека црешите се најубаво овошје. Any adds?
Некои од фактиве во воведов ми се некако...ко да не се факти уствари туку измислици. Каролина најдобра, црешите најубави, Титаник прва асоцијација... абе? Од каде ова, кој е изворот?
@Bitter-Sweet факти од моја гледна точка. За мене е така а темава е отворена за секакви "факти", субјективни или објективни, секоја реченица што започува со "факт е дека...". Fell free, no stress
Факт е дека некои луѓе отвараат теми на форумов отвараат што не кореспондираат со насловот. Инаку кога сме кај фактите подобро би било да се искажуваат вистински факти, а не измислени пр:
Ако ја тупиме со научно докажани факти темата нема да биде толку интересна. Знаеме што е факт но овој пат да бидеме поопуштени и повеќе да се споделуваат смешни "факти" него ли озбилни научни факти. Значи терам накај субјективизам. Нешто што за ВАС е факт, за вашиот живот и вашто животно искуство, баталете научници, тези и антитези.
Факт е дека никој не сака да остане сам на светов и дека во одреден период во животот сфаќаме дека ни треба некој покрај нас па макар и домашно милениче. Факт е дека додека не си бил на дното закопан во калта никогаш нема да го цениш врвот и патот до него. Факт е дека тој што не бил вистински сам и не ја осетил осаменоста во нејзината најпеколна форма никогаш нема вистински да го цени присуството и љубовта на партнерот. Факт е дека има луѓе кои можат да те вивнат високо во облаците или да те закопаат длабоко во земја близу пеколот. Факт е дека срцето може да се скрши исто ко стаклена чаша на милион парчиња. Факт е тоа дека додека не почнеш да се цениш сам себе никој друг нема да те цени. Факт е тоа дека додека не научиш да се радуваш на малите работи во животот никогаш нема да научиш да се радуваш ни на големите. Факт е дека скромноста е карактеристика на доблесните луѓе. Факт е дека убави работи се случуваат баш во оној момент кога се осеќаш безнадежно и мислиш дека цел свет е против тебе и дека ништо не ти оди од рака. Факт е дека за да си среќен потребно е малку. Факт е дека на овој свет сеуште постојат искрени луѓе и вистински пријатели. Факт е дека на овој свет сеуште постои вистинска љубов. Факт е дека позитивната мисла ти го менува текот на денот. Факт е дека без здравје ни милиони во банка не ти вредат ништо. Факт е дека се тече се се менува, па ни лошите денови не траат вечно но и добрите исто така. Факт е дека сексот не ти битен се додека не останеш без него подолг период. Факт е тоа дека надежта навистина последна умира.
Факт е дека мора да се умре. Факт е дека човекот неможе да ги изброи влакната на главата. Факт е дека на човечкото тело му е потребно воздух. Факт е дека без вода нема живот.
Fakt e deka ako imas pari imas i zdravje. Ic ne trebale da vrsat istrazuvanja. Inace spored poslednite istrazuvanja tie sto imaat pari ziveat vo prosek 12 god podolgo.
-Фaкт е декa мнoгу се нaјaдoв и ќе ми пукне стoмaкoт. -Фaкт е декa денес сум мрзa. -Фaкт е декa oбoжaвaм дa читaм книги. -Фaкт е декa вoздухoт е зaгaден. -Фaкт е декa не мoжеме дa живееме без вoдa. -Фaкт е декa турскиве серии веќе не се пoднедувaaт, a не пaк дa се гледaaт. -Фaкт е декa чим Трaмп иaкo неискусен стaнa претседaтел немa спaс зa светoт кoлку oди се нaдoлу и нaдoлу.