Sakam da ve prasam kakvo mislenje imate za mit univerzitetot? Bratucedka mi saka da se upise tamu pa uste e vo dvoumenje. Fala odnared Izvinete za latinicava
За Мит имам многу лоши мислење. Во април бев на еден семинар за високо образование на кој учествуваа професори и студенти од повеќе факултети од Македонија, и на една трибина за француски јазик почна да збори професорка по француски јазик на Мит. Жената не само што се изразуваше на ниво на просечен студент од 1-2 година (иако е професорка во високо образовна институција), сама си кажа дека не е задоволна од своето работно место затоа што факултетот не вложувал ништо во дообука на професорите. Ова што јас го видов секако дека не е најрелевантен показател за тоа каков е универзитетот, ама па професор по француски јазик на факултет да не знае да сврзе 2 реченици и да муцка на секој збор со лош изговор стварно не иде.
Имаш студирано/студираш на ФБЕ? Друг некој на овој факултет? Го разгледував и го додадов на листата Ме интересира колку студенти примаат? Колку често се оди на семинари, екскурзии и слични работи чии трошоци студентот ги сносува и колкави се тие трошоци? А и 500 евра ефтино ми се виде. Освен овие 500 евра и трошоците за семинари и екскурзии други трошоци има? И ако некој знае поконкретно да ми каже колку е застапена математиката, посебно ме интересира за смерот маркетинг..
Каде можам да ги видам сите фалултети на интернет во Македонија? Ако може некој да ми каже каде има правен факултет,за странски јазици и психологија?Овие ме интересираат ама сепак сакам да погледнам што има
На оваа страна http://www.fakulteti.mk/Home.aspx ги имаш сите информации за сите државни и приватни универзитети кои постојат во Република Македонија, можеш слободно да си разгледаш се што те интересира од таа област.