Јас се извинувам ако веке има некоја слична тема. Веке одредено време размислувам дали факултетот ако останеш во Македонија вреди? Поради некои околности во животот почнав да размислувам на оваа тема. Јас сум си запишана на факултет и ќе го завршам нормално, но во македонија има толку многу луѓе кои и покрај факултетот не се вработени или пак работат работа која не е по нивната струка бидејќи мора да се финансираат на некаков начин. Исто така дали мислите дека заедницата во бракот е подобра доколку двајцата брачни партнери се со факултет или пак тоа нема големо влијание? Дали секогаш има проблеми во браковите кога се во прашање финансиските состојби?? Некои мислења на оваа тема
Моја другарка татко и ја разубедува да не оди на факултет, демек немало да се вработи, немале врски. Мое мислење е имале врски или не, не знаеме каде ќе ја најдеме среќата. Знам многу луѓе со факултет што работат во конфекција или во маркети. Мислам дека треба да се заврши, па после и да не се вработиш одма по струката, ќе имаш надеж за подобро. Црно на бело, ко што викаат постарите. Конфекцијата и бутикот или што и да е, секогаш ќе бидат тука.
Проблемот во денешно време е што се обезвредни факултетската диплома баш заради тоа што секој што го познавам се запишал на факултет, без исклучоци. Факултетот стана морално нешто, а не прашање на избор, желба, заслуга. Никаде во светот нема толку високо образовани луѓе со дискутабилно знање и академски способности. Се отворија факултети на секој чекор, што приватни што државни, се штанцаат дипломи, а за знаење никој не ни прашува, ниту пак се труди да го добие во поквалитетно издание, само е битно побрзо да се заврши. И така многу од тие што нависитна имаат и желба и капацитет да го завршат тој факултет се откажуваат од овие другите, кои со други методи освен знаење и учење побрзо и поуспешно ќе го завршат. Според тоа, во време во кој секоја будала има факултет, секој трета мастер, факултет стана на ниво на средно образование, а средното на основно. Кај и да е ќе дојде време, факултетската диплома ќе ни ја бараат за работа како хигиеничари во јавни вециња, а не пак за некои бирократски работи. Се вреднуваа се, само знаење не. И не врски драги мои, партиски книшки и пари, многу пари.
^Точно така, што убаво си беше на времето кога само основното беше задолжително, а сеа откако го напраија и средново, луѓево си сфатија дека и факултетот е задолжителен, иако тоа нигде не го пишува, како таков се третира. Секоја будала е дипломирана будала, повеќето од нив се магистри, а што треба ние што стварно учиме, сите на докторски студии да се запишуваме?! Абе го уништија квалитетот на високото образование во државава.
Искрено убаво е да се има црно на бело јес,ама да подразмислиш убаво кај нас ништо не вреди освен партиска книшка од владеачкава партија секако сите имаме и ке имаме дипломи кои факаат дома прашина зошто милава ни земја не може да ни обезбеди работичка на повеќето,тоа е реалноста пред која многу ги затвораат очите,колку само се иритирам кога на добри места пример во здравство, во некоја од администрациите гледам луѓе кои немаат врска како да работат а му го држат местото на некој кој со знаење и труд ја добил дипломата.
Навистина кај нас е многу лесно да се запишеш на факултет и да го завршиш. Образованието не може повеќе да се нарече образование бидејќи ништо не е како треба. Шо убаво си е на запад уште од мали ги усмеруваат кој треба да оди на факултет, кој на занает.. и бар си се цени.Овде ни знаење се цени ни труд. Некаде е потешко да се запишеш на факутет одколку да го завршиш. Ние сме си за никаде. Само пари кој повеќе има се гледа-а и тоа го нема ко подобро ке размислиш. -_-
Доколку имаш за да го завршиш доволно финансии, вреди се што ќе се научи во животот е плус,не само за да те вработат туку и лично за себе
па и не треба-сите завршуваат или не и обично во денешно време повеќе е партиски сепак ќе ти се најде дипломата некогаш можеби за некое унапредуванје или слично како што вели братучедка ми ќе си завршам факултет па да видам на дипломска што поклони ќе ми донесат хахах - завршете си,дипломирајте и чекајте поклони кога тогаш среќата ќе ви се насмее можеби
Се согласувам.Без разлика дали и што ќе работи човек подоцна, друго кога си има факултет, кога си ја има тапијата.Човек би требало да заврши факултет, само заради тоа што сака да го заврши факултетот, не со задна намера, некаква математика.Не треба да се води по тоа дали треба или не, факултетот.Сосем јасно е како е во нашава држава, но не би требало тоа да претставува некаква препрека за да се мисли човек дали треба или не треба да заврши факултет.Таман работа, ако човек се мисли дали треба или не треба факултетот во денешно време, само поради претходното што го кажав или други причини, со исклучок на финансии...Никогаш незнае каде ќе го однесе животот, можеби и токму поради таа тапија, да си има подобар живот.Тешко е, не велам не, ама не треба човек да се откажува, заради икс причини.
^ Па и дедо ми и баба ми немале факултет па јаделе леб и не само леб, имале пристоен живот. А што е со занаетите? Никој не сака да е занаетчија, сите сакаат да се шефови, менаџери и директори. Ви викам јас чистачи со диплома ќе бараат утре, факулет за хигиена ќе измислат, правилен начин на држење на метла, задолжителен предмет
Поентата ми е дека секој размислува како нас. И тие што се некомпетентни за на факултет или за одредено работно место, а си имаат врски ќе си завршат и ќе се вработат без разлика дали ни се допаѓало тоа нам или не. Не можеме да се лутиме затоа што некој друг исто така си бара подобра иднина - тоа што ние сакаме да го најдеме со факултетот.
Факултетот денес вреди секако, дипломата треба. Но, бидејќи факултетот не ветува и работно место, треба човек и да се научи и на некои други работи. Пример дечко ми студира, но си има научено и занает. Или за женските убаво е доколку можат да си дозволат некој курс за маникир, педикир, шминкање. Добро не мора да е курс се учи, и тоа е занает. Треба во животот да си отвориме неколку опции.
Знаеш кога ќе ти затреба дипломата во оваа држава? Кога прво ќе те постават на местото, па потоа ќе треба да завршиш факултет за да го задржиш тоа место. Значи прво врски се бараат за да земеш работно место, после дипломи. Едно време беше обратно ама партиските послушници го сменија трендот.
Нема да пишувам за тоа дали факултетската диплома е обезвреднета, дали вработувањето зависи од тоа дали имаш врски, а не факултет, туку само ќе кажам дека јас на ова прашање гледам од малку поинаков аспект, пред сé заради домашното воспитување. Јас израснав во семејство во кое образованието е многу важно и отсекогаш ме учеле на тоа да гледам како на искористување на личните способности и афинитети и надоградување на себеси. Никогаш на учењето не сум гледала како на долгорочна инвестиција, која ќе ми се исплати тогаш кога ќе се вработам. Учењето е инвестиција, но во самиот себе. Или како беше онаа изрека која верувам дека секоја професорка по математика барем еднаш ја употребила: Ако не научиш да собираш и одземаш, утре на пазар кога ќе купуваш ќе те испокрадат! Така е со сé понатаму во животот, само на малку повисоко ниво. Така што, секој чекор понапред во моето образование, го гледам како надополнување на мојата личност, а не на моето CV.
Како тргнало факултетот се помалку се бара. Дипломата е само за да покаже демек ете паметни сме. А не дека си ја знаеме професијата. Сега се бара само партиска книшка и евентуално искуство. За жалење е колку лица со факултет бараат соодвента работа со години. И искрено да ви кажам, не познавам многуу луѓе кои работат според својата професија, едвај 2 ца. Дефектолог, стоматолог, педагог, фармацевт.....кој без работа, кој работи во парфимерии, кафичи, игротеки.....Страшно.