Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет-Треба/не треба во денешно време?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од female.3, 30 јуни 2013.

  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Факултетот секако дека вреди, ама и врските си требаат, без тоа тешко.
     
  2. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Се помалку верувам во факултетската диплома, при крај сум со студии и страв почнува да ме фаќа, дека откако ќе ја земам ќе си работам во Веро или Тинекс... Ако немаш врски во ова наше државче, ништо не те спасува. Квалитетот само надвор се бара и наградува, кај нас само се препознава и се остава на листа на чекање.
     
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.357
    Допаѓања:
    13.332
    Пол:
    Женски
    Факултет мора во денешно време.
    После тоа пак треба и малце срека, и нешто врски, ама без факултетот ништо.
    Освен на татко ти ако не е фирмата, никој нема да те вработи без некакво школо.
    Факултетот е единствената работа која зависи од нас самите, да бидеме упорни да го завршиме, да покажеме дека нешто сме постигнале. Па после него каква ќе ви биде ѕвездата... :)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Си треба ама не е веќе гаранција за знаење и квалитет. Кога ќе видам некои на 40 или скоро 50 год си фатиле со врски некое место и сега студираат. Па сигурно не учат повеќе од тие што имаат 20 сега, ама штом добијат диплома ќе има и покачување.
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ако имаш јаки врски , факултет и не ти треба баш

    Ако немаш врски тогаш би било добро некој факултет со јак успех па ќе имаш шанса
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба, бидејќи без факултет си никој и ништо! :3
     
  7. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    ако немаш врски денеска џабе ти е се ,не те спасува ни фаултет,за жал денеска во нашава државичка е така :|
     
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Со факултет тешко, без него уште потешко...
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Факултет треба, ама ако имаш врски. Ако немаш врски, џабе ти е факултетот. Дипломата ќе ти стои за украс.
     
  10. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    И кога тогаш образованието ќе ти се исплати. Никогаш и во никој случај нема да бидете во минус ако имате факултетска диплома
     
    На SweetAna и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Дали треба факултет во денешно време? Хмммм... Па јас си го сфаќам Факултетот како место каде можам да си го зголемам знаењето во одредена област, многу дружби со колеги, со еден збор запишана сум на факултет од срце, од мерак, а не како предуслов за вработување. Лично за себе си го учам.
    А дали вреди, ќе пишам за 2 години. :D Ама мислам дека ќе се исплати. :) Некако убедена сум во тоа.
     
  12. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Нема кој нема веќе фалкутет во нашава држава.
    Секакви се запишале и старо и младо.
    Некој не знаат подалеку од носот,а магистри се.
    Не ми се верува и да денес виското образование го изгуби значењето.
    Има некој кој навистина учи и се бори за нешто во животот и некој што ќе плати,ќе заврши и мисли дека е којзнае што.
    Денес вистинскиот труд не се цени воопшто.
    Повеќето завршуваат фалкутет ради реда колку да се рече дека го имаат. :|
     
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Секако дека треба.
     
  14. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Денес без факултет си никој и ништо.
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.001
    Допаѓања:
    51.828
    Пол:
    Женски
    Дури и да имаш врски, ако не те бива и ако не се трудиш, никој нема да те држи на работа и да ти плаќа. Зошто некој би фрлал пари на некој што го искористува и сака лесно да си помине низ животот.

    Имам малку поделено мислење за дипломата.
    Да, треба за да започнеш, ама натаму, сите ќе ги гледаат твоите способности. После првото работно место, понатаму ќе се гледа твојата способност, труд и волја за работа.
     
    На Tanjamm и mackica1 им се допаѓа ова.
  16. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Мислам треба добро да се размисли дали воопшто да се упишува факултет, некако премногу се искомерцијализира факултетот, па најреално да збориме неможе секој да заврши, а и кој ќе работи во стандарниот сектор? :^)

    Некако денес, посебно кај нас, се измешани вистинските критериуми за вработување, но зависи и за која струка се работи, на пример ако е струка кај што треба пракса и докажување како на пример во медицината, (хирург сигурно треба да има знаење неможе со врски да биде хирург, ма да кај нас имаше и некои бизарни скандали со хируршки зафати :fubar:)

    А за банки, администрација, влада и слично кај што треба да попунуваш обични уплатници, фрчат врски, а некој завршува цел факултет (економски) за тоа, за на крај школскиот единичар од средно го глеаш у банка како ти куца сметки :shake:

    Се на се треба добро да се размисли ако се упишува факултет и на кој да се упише, посебно ако немаш никакви врски треба да се проба во оној сектор каде што има пракса затоа што ако си добар во тоа, нема да изостанеш сигурно, на крајот на краиштата секој бара квалитетен кадар. 8-|
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1slavjanka

    1slavjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа секој кој има можност да се запише на факултет пред се лично за себе за лична надградба. Дали вреди за вработување мислам дека сите се сложуваме дека за жал кој нас многу повеќе се цени партиска книшка и пријател што ќе ти се најде. Но, нели никогаш не се знае ништо во животот а на крајот зошто би живееле ако не се надеваме на нешто подобро. Па така каква-таква диплома си е диплома.
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.524
    Допаѓања:
    106.053
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што денеска СИТЕ мораат да одат на факултет , без разлика на оцени , ако имаш пари одиш на приватен , завршуваш и чао пријатно

    Второ е што има многу факултети кои што примаат огромен број на студенти ,а потоа тие истите пола од нив или неможат да работат по струка или работат нешто трето што врска си нема со факултетот и прашање е дали некогаш ќе најдат работа по таа струка. Ќе наведам еден пример , имам братучед што заврши психологија (а со него уште 70 души завршиле) и сега тие сите психоилози каде ќе најдат работа? И проблемот е што секоја година уште толку завршуваат. Каде ќе одат сите тие? Или менаџери. Баш моја другарка од средно заврши менаџмент и ете ја си седи сега дома и чека работа да и падне а има златна професија (забен тех) од средно. И сега џабе што фрлала пари на приватен кога се мачи 4 години работа да најде. Братучед ми што заврши психологија исто 6 години неможе работа да најде каде не пробуваше во болници ,во училишта ама ете не им требаат и тие што си работат уште 30 години имаат до пензија па да се сменат. И сега си ја работи професијата од средно

    Не сакам некој да навредам на форумов , јас само кажав примери од моето семејство а и тие што ќе се запишуваат на факултет прво да размислат добро дали навбистина може да се најде работа со таа струка што ќе ја завршат
     
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Без оглед за кој период станува збор пожелно е да се има високо образование.
    Секоја струка има своја тежина со свои предности и недостатоци што може да се анулираат доколку се има јасна и прецизна стратегија за потребната квота што се бара на пазарот на трудот. За жал, кај нас се води многу погрешна политика по ова прашање и целокупната реализација се сведува на комерцијализација и финансиска придобивка.
    Секој што може да се стекне со факултетска диплома е добро за лична сатисфакција.
    Можноста да се применат соодветните квалификации на конкретно работно место е сосема друго знаејќи ги условите и (не) критериумите кои се бараат при вработување (врски, партиска книшка).
     
  20. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Мене ниту врски ниту партија не ми дадоа работа , ми даде дипломата по струка што си ја заршив . Само човек треба да се надева и е оптимиста , добри денови за сите следат , што е ваше само ќе си дојде . Не викам дека е морално да се има факултет , ама лично јас за своја душа си го завршив и ми донесе многу убави работи и предности
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.