Јас сметам дека треба, но не за работата што после факултетот ќе ја бараш, не за платата што ќе ја заработуваш или нервите што ќе ги потрошиш ако не најдеш работа според факултетот, туку првенствено за себе, како личност која се гради и обликува. Има разлика кога правам муабет со некој кој останал на средно и некој кој продолжил на факултет. Факултетот влијае на изградбата на личноста и погледот на светот, те претвора во интелектуалец и кога ќе разговараш со некој кој е на твое интелектуално ниво, и кога ќе се фатиш себеси каде што кажуваш некои навистина квалитетни муабети се чувствуваш паметно, гордо, образовано...убаво е чувството. Мене ми се гади од луѓе кои се гордеат дека единствена и последна книга која ја прочитале е Зоки Поки во прво одделение, и тоа го кажуваат како да е нешто интересно. И јас што треба да одговорам? Да речам браво, како ти успеа, или да го искарам што и таа ја прочитал? Ете пример, таков тип на личност, што смета дека образованието не вреди бидејќи пари нема да му донесе, еднаш ми постави вакво прашање: со кои таксисти се возиш почесто, со приватните или државните? Не, мила, државно такси не постои, сигурно мислиш на законски регуларно, привстно такси и на дивите таксисти. Идемо даље, друга другарка, со средно, рече дека шпанија била во Јужна Америка. И кога јас ја поправив, таа беше толку убедена дека јас не сум во право, па ми рече: шпанските серии што ги даваа на телевизија беа од Јужна Америка, што значи Шпанија е во Јужна Америка. Така? Добро. Лета магарето? Лета. Не се трудам да објаснувам, џабе е, не ќе се расправам. Тоа ти е исто како на прабаба ми да и објаснувам нешто. И бившиот мој не беше ништо подобар. Еднаш не бев во можност да отидам на факултет за да запишам семестар па го пратив него. Ги купил формуларите и сега не знае да ги пополни. Во ред, ајде не ми знаеш најточна адреса на живеење, или предметите кои треба да ги запишам, тоа ќе ти кажам преку телефон, ама брате да ме прашаш што да напишеш за тоа кое држављанство и националност сум??? Што требаше да му одговорам? Пиши таму кинеско држављанство, и националност- кинескиња. Свашта. Па срамота е! За самиот себе е лошо, се осакатуваш за цел живот. Ни јас не бев одличен ученик во средно, поминував или мн.добра или добра, и на факултет не ми се сите десетки, ама јас не се гордеам со тоа. Јас не велам: ајде па ти една шестка, друго не ми е битно. Не битно е, факултетот не е за да го истуркаш едвај и да го завршиш. Факултетот ти треба првенствено за себе, за да созрееш, за да си ги прошириш хоризонтите, за да не бидеш како стара баба кога гледа телевизија и ги колне актерите со негативни ликови и политичарите. Во светот се случуваат војни, ти појма немаш ни кој војува ни зошто и дали може да те снајде истото тебе! Наместо тоа размислуваш за тоа кои фармерки да ги облечеш и ако не ти се испрани плачеш пола саат и урлаш по мајка ти дека не ги испрала па како сега ти ќе одиш на кафе. Патетично, личи на 5 годишно дете кое плаче и се влечка по земја оти играчката што ја сакало не му ја купиле, и тоа му е најголема грижа на светот затоа што е премногу мало да ги разбере другите грижи. Исто како и оние што не сакаат да се образуваат оти сметаат дека образованието ако не им донесе убава работа и плата - не им треба, па затоа останале прости и и да им ги објаснеш работите во светот тие нема да те сфатат, немаат таков капацитет, или па ќе речат: мене не ме интересира тоа, што ќе ми е мене политика, што сакаат нека прават. Како бе што сакаат да прават? Знаеш ли дека се што прават со твои пари го прават? Ако ми дадеш мене 50 ден ќе те болат, а не те болат сите даноци кои ги плаќаш на државата, а политичарите си ги ставаат в џеб? Па што да те боли, кога не ни си свесна дека некој те краде. Исто како јас што не можам да и објаснам на баба ми дека има бесплатни минути на телефон и дека не мора да се брза да затвори слушалка. И исто како што јас од нејзиниот пост пејд телефон можам да си пуштам кредит на мојот при пејд, а таа кога ќе и дојде сметката, фино лепо, да си отиде и да си ја плати без да се посомнева дека некој и украл 100 ден. Епа ете така драги мои, образувајте се колку што можете повеќе, до каде ви дозволуваат можностите, не запирајте ако имате можности. Ви треба тоа за себе, за ум во главата, за повеќе бразди на мозокот. Оти што ќе правите без образование и без памет? Така ќе успеете? Така сигурно нема! Вака барем имате некаква шанса.
Јас сметам дека најважно е да најдеш работа, без разлика дали со или без факултет. Нормално дека со факултет ќе имаш подобра позиција а со тоа и поголема плата, но не значи дека во животот не можеш да се снајдеш и без факултет. Но ете има и луѓе кои и со диплома не успеале да најдат соодветна работа. Јас еве мислам дека го погрешив факултетот, но имам среќа што струката ми е таква што не ми е толку многу ограничена за една работа туку имам поголем избор за работно место.
Како лист хартија за завршено образование-ДА, за да мафташ со него ако немаш врски, да имаш што да приложуваш и да можеш да се надеваш на нешто Последните години со отварањето на разни факултети без акредитација и со сомнителни вредности падна ,,цената,, на факултетското образование. Секој дебил чиј татко има пари има диплома и магистратура. Жално ама вистинито.
Завршив на еден од најтешките фах , единствено што добив 237 лајкови нА фејзбук .... Еден колега го заврши фах со висок просек , и сега е плочкар во Германија со бугарски пасош ... Во текот на студирањето се стекнав со знање , имав интересни предмети , да не бев на тој фах немаше да се здобијам со такво знаење. .. Бидејки факултетот е и животна школа , тогаш се стегаш со пари , се запознавАш со разни карактери , дознаваш кои ти се всушност вистински пријАтели и итн. Но за работање по струка Мало морген ... Ги немаме ние условитр како во високо развиените земји , нашите дипломи ретко ги прифакаат во странство.... Но сепак стекнете големо знаење и започнете некој бизнис
Во мкд треба, за посигурна егзистенција, и за да не те омаловажуваат обични луѓе, кои по одреден сплет на околности, стекнале диплома. Немаат стабилна основа муабетите кои ги прочитав, дека оние кои останале без факултетско образование, по дифолт располагаат со помал интелектуален капацитет. Та сите глупави млади луѓе кои ги запознав, запишаа факултети и или завршија, или се при крај. Од друга страна, може да се случи некој да немал мотивација, или финансии, па да останал со средно. А е природно бистар, има и знаење, и не зборувам од памет, бидејќи познавам и таков пример. Намалете со малограѓански осуди и потценувања, факултет се завршува за 3-4 години и секој може да се запише некаде, ако дојде до пари.
Можеби ќе се искористи факултетската диплома, можеби не. Но самиот процес на учење е ново искуство и нови информации кои ни помагаат да се изградиме како личност. Покрај тоа ќе имаме како плус шанса за одредено работно место или одредена промоција.
Општо, сметам дека никој не треба да си го постави ова прашање пред да се запише на факултет - дали ќе ми треба факултет или нема да ми треба. Сметам дека само оние кои стварно сакаат да учат и кои стварно се интересираат да се запишат. Вака мислам затоа што имав многу колеги кои слушнале дека има работа за информатичари, дека добро се платени програмерите, па се запишале на факултет мислејќи дека супер ќе им биде, а во реалност не ги бива за таа професија, се интересираат за нешто сосем друго, на крај го влечат факултетот со години бидејќи немаат појма како да го завршат. Јас не се запишав на факултет само затоа што може да ми притреба во иднина, ко чиниш купуваш кафе на акција па си велиш куќа е, ќе се најде, туку бидејќи сакав да се насочам кон нешто што го сакам, што ме интересира и нешто во кое сум добра и затоа и одлучив да се запишам. Ако се запишам на магистерски ќе биде од истата причина поради која сум се запишала на факултет со таа разлика што сега нема да изучувам нешто од почеток, туку ќе го надоградувам моето знаење. И воопшто не размислувам дали ќе ми треба знаењето или дипломата во животот, туку ова е тоа што сакав да го правам. Прочитав многу интересно мислење на темава од @moon1 и во суштина се согласувам дека посебно кога одиш настрана од дома да студираш си ги прошируваш хоризонтите, запознаваш нови и интересни луѓе, нонстоп ти се случува нешто, стануваш многу поодговорен (или не), НО познавам многу луѓе кои студирале, па и магистрирале а она простото, неизживеаното пак си тлее во нив и пак исто си се понашаат. Кој си бил неписмен до четврта средно, нема сега да се смени одеднаш за 3 - 4 години туку ќе најде начин само поубаво да си ја скрие глупоста. Образованието нема магично да го промени карактерот на некоја личност што се запишала на факултет само за да проживее и по можност да најде маж, на некоја што се запишала мислејќи дека ќе има добра заработка, на некоја што ја натерале од дома бидејќи ја сметаат за паметна а таа на секој тест препишува. И образованието кај ваквите личности не значи нешто благородно и убаво - како да се надоградиш себеси, туку кај нив тоа значи дека треба да се научи лекција или задача и да се положи и после да се излезе на студентска и да се урла. Тоа не е образована личност макар имала и пет дипломи ако нема вистинско знаење и вистински интерес.
Класната поделба се врши со најразлични инструменти, факултетската диплома е еден од нив. Факултетот е местото каде што треба да се создаваат општествено одговорни граѓани. Факултетите денес ги учат студентите сосем обратното наместо наш тим другите стануваат наши конкуренти и противници.Борбата за подобрување на социјалниот статус станува императив, чувството за морал пожелно е да биде исклучено.
Во секој случај е добро да се заврши факултет, доколку личноста има желба и услови за тоа, зашто сигурно нема да изгуби ништо, а може да добие многу. Посебно значи, културната и сеопштата наобразба која се стекнува. Но, не е пресудно за успех во животот.
Јас сум на две, познавам луѓе кои завршија факултет со цел да најдат поубава работа или мислеа дека ќе се наместат на државно, а сега работат во локални фабрики, а дипломата си ја чуваат за украс. Незнам може е лоша среќа или не сакаат да се помачат за нешто друго. No offense.. А има и многу луѓе кои ги познавам што немаат диплома а се многу успешни, и млади и повозрасни. Не за секој факултетот е приоритет, понекогаш финанската ситуација или некоја друга причина налага веднаш да се бара работа, овде или во странство. Јас лично не се запишав на факултет затоа што не сакав, работам од сабаеле до вечер и воопшто не ми фали диплома. Не велам дека сите што имаат диплома седат дома и чекат од родителите или да ги наместат на добро место без да мрднат со прст, ама реално познавам многу такви. Капа симнувам на тие што се трудат дипломата да им е нешто од корист и што остануваат во нашата државичка да придонесат економски раст и развој