Факултет во странство

Дискусија во 'Образование' започната од studygirl, 4 декември 2024.

  1. studygirl

    studygirl Нов член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Ми е потребна помош и мислења околу што да правам со факултет. Моментално сум 3та година гимназија, а понатаму сакам да студирам медицински факултет, но имам дилема. Не знам дали да студирам овде или пак во странство? Имам огромна желба да живеам во странство, а не овде бидејќи досега се имам стекнато со премногу негативни искуства околу корупција токму во образованието, нејќам да навлегувам премногу во деталји бидејќи голем број на лица се вмешани и немам цел да ширам приказни онлајн. Знам дека и во странство не е најубаво, но таму барем сум сигурна дека обичниот човек ретко се среќава со нивоа на корупција како овде и сметам дека и животниот стандард е подобар. Сега дилемата ми е дали да одам во странство уште со самиот факултет или пак да завршам овде најверојатно во Скопје па потоа да се потрудам да одам во странство. Најголем проблем мислам дека е јазикот. Знам англиски, но други јазици не многу. И од овде ми е дилемата. Не само тоа туку и не знам како оди постапката во странство токму за медицински факултет. Таму има многу повеќе конкуренција а не познавам некој што има отидено во странство на медицински факултет. Ако имате совети многу би ми значело, ви благодарам од се срце.
     
    На Lizza1 му/ѝ се допаѓа ова.