Факултет за Електротехника и Информациски технологии (ФЕИТ)

Дискусија во 'Образование' започната од girl1985, 8 октомври 2010.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.103
    [​IMG]
    Епа, како што вели насловов, темата ја посветувам на мојот факултет, ФЕИТ (или Факултет за Електротехника и Информациски технологии, поранешен Електротехнички факултет) на универзитетот Св Кирил и Методиј.

    Дали има некоја од вас што студира или студирала тука? Како се снаоѓате, како ви минаа или ви минуваат студиите? Имавте ли некаде потешкотии? Ајде да споделиме искуства. :*
     
  2. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    84
    Ајде девојки од факултетов каде сте?? размислувам за запишување на овој факултет?? ...ве молам за вашите мислења :$
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    5.149
    Допаѓања:
    22.704
    Што смер сакаш да запишеш? Јас сум на ИКИ, само што завршив прва. Не е страшно, секој факултет си има своја тежина, електро малку повеќе. Мораш да учиш континуирано, а немаш којзнае колку време. Распоредот е катастрофа, посебно кога почнат лабораториските вежби. Може да се случи да си на факултет од 8 до 8. Ама ако си го распоредиш времето ќе имаш време и за тебе, нормално ако не сакаш просек 10. Јас се шетав, излегував, нормално не можеш да си дозволиш секој ден, ама затоа кога учев-учев без паузи. Имам висок просек и сум задоволна од постигнатото. Математиката одзема многу време, таа ќе ти биде најголема мака. На која буква ти е презимето, за да знам кои ќе ти бидат професори во прва?...
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Estranged

    Estranged Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    76
    Се мислам и јас за ФЕИТ , ама уште не сум сигурна, се ми е испомешано у главава... Ќе треба доста да се учи,а? :rofl: ако,ако, ќе учиме, само да помине со уписите како што треба, па другото ќе се среди :D
     
  5. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    a koi predmeti treba da se izberat za polaganje na matura?(bez fizika) :)
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    5.149
    Допаѓања:
    22.704
    Македонски, математика основно ниво, англиски и информатика.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    13.577
    Допаѓања:
    63.049
    Пол:
    Женски
    А што смерови има на факултетов?
    Ме интересира, чисто информативно, да разрешам некои од дилемите во кои сум моментално. :D
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    13.577
    Допаѓања:
    63.049
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Море, никоја не е заинтересирана да сподели некое искуство со факултетов? :^)
    Енергетика, автоматика ..енитинг?
    Уште сум во некои дилеми, ама сигурно ќе ви се придружам таму, само уште ме интересира професорите што мустра се. :)
     
  9. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    98
    Слушам дека професорите не биле океј, затоа и несакам да се запишам таму, а и по многу студенти биле на предавање, пракса никаква, а да те изучат за програмер малку потешко.
    Ви предлагам доколку имате основа од електро да се запишете, а доколку немате поарно не.
    Не ми е јасно зошто во средно е толку популарна гимназија(општа), а зошто за на факс електро. Ке се испозапишат сите општа во средно, па ке заминат на електро додипломски и после нормално дека ке им биде тешко. Ме интересира дали 70% од вас кои сакате да одите на ФЕИТ знаете што се' изучува електротехниката, макар и електрониката?
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    5.149
    Допаѓања:
    22.704
    А каква врска си има електротехниката со програмирањето? Јас кога се запишав на електро немав учено ни елетротехника ни електроника... е сега не бев општа де... ама јас од сите што ги знампознавам само една девојка која била општа гимназија.
    И како тоа професорите не биле ок? Јас баш сметам дека се многу подобри од многу факултети, дека скоро секогаш ни излегуваат во пресрет. Нормално, има и некои озлогласени, ама тие секогаш ги има. Електро не е само за програмери, електро е најмалку за програмери. Електро создава инжинери, ако сакаш да си запишеш на програмирање подобра избор е ФИНКИ. А се си има и предности и лоши страни. Можеби тие што завршила средно електро се појаки во електротехника, ама затоа се псолаби во математика. Тие што завршила математичко А се појаки во математика, а послаби во елетротехника. Ама на крај тоа ништо не значи. Јас бев математичко Б па немам никакви проблеми и имам подобри резултати од огромен дел од колегите што завршиле средно елетро или математичко А. И воопшто не ми беше тешко.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    98
    Епа за да станеш инжинер требар да имаш барем 2 чисти програмирање, учам средно електро и нема професор што предава на оваа струка да не знае да програмира на С++, EEPROM, MATLAB ... Ке имаш програмирање со сигурност! На машински го има, а не па на електро...Со мојот пост немав намера да провоцирам, електро е добар факултет зборот ми беше дека треба добра пракса за да се издржи. Инаку за тоа што велиш дека не излеваат одбри математичари од електро, тоа е точно затоа што професорите по математика не ни обрнуваат многу внимание затоа што неделно предава на 20 класа, а тиа професори кои се стручни даваат се од себе за да ни пикнат во глава. (Се извинувам за оф-топик)
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.284
    Многу од моја генерација отидоа на ФЕИТ и после 3 години мојот заклучок е следен-оние на кои едноставно им одат физики и програмирања поминуваат без проблем со висок просек, без разлика какви ученици биле во средно. Некои едвај поминува со 2ки, па еве ги на електро се супер. Додека оние кои беа и со 5 просек, а сепак не се баш талентирани за овие работи, поминуваат, ама со милион приватни професори и најмногу 7ца.
    Така што, треба овие работи едноставно да ти одат и ќе ти биде ок.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    еве ме и мене од наредна година на електро :P иначе како тоа профеосрите не било добри и сл? :^) јас сум моментално гимназија природно математичко под б и планирам да се запишам на ИКИ па колку што гледав само во прва година има електротехника и физика. прочитав дека DAngel учела како мене па ме интересира како помина со овие два предмети?
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    5.149
    Допаѓања:
    22.704
    Физика е лесно, јас не знаев ништо физика од средно, па поминав супер и на двете физики. Електротехниките ми беа малку потешки, ама затоа што никогаш немав време да седнам нив да ги учам. Сепак ги поминав на колоквиуми, елетротехниките со 8мици, а физиките со 9ки. А професорите, кој рекол дека не се добри многу згрешил. Јас не знам друг фаакултет каде што има таков однос со професорите како на електро, сите се фини и секогаш можеш да ги побараш за било што. Сепак, ако планираш да одиш на ИКИ, размисли си дали подобро би ти било на ФЕИТ или на ФИНКИ. ФИНКИ малку ја изменија програмата, кај нив не се учи Математика 1 и 2, туку калкулус, а што ќе се случува со инженерските математики од догодина-ќе видиме, што според мене не е баш најдобра одлука од нивна страна.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    13.577
    Допаѓања:
    63.049
    Пол:
    Женски
    Дечки, мене ме интересираат смеровите на енергетика (конкретно, електроенергетски с-еми).
    Има некоја на овој смер?
    Ми требат информации - било какви се добродојдени.
    И каде на пример би можела да се вработам во иднина, кога би дипломирала на овој смер? :^)

    И да, на факултетов се полага преку колоквиуми така ?
    Ме интересира дали по сите предмети, или има некои кои директно ги полагам преку испит ? :?:
     
    На 20062006 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. linaaleksova

    linaaleksova Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ве молам некој нека ми го даде бројот од Лидија професорката по математика...
     
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    714
    Еве и јас како момак кој е на ФЕИТ ;), да ти кажам некои hints. Прва година ти е општа и сите без разлика кој смер сте се запишале учите исти предмети. Значи останатите 3 години се различни по предметите зависно од смеровите. По тежина би рекол дека нема тешка и лесна година, сите се тешки. :D Има многу математика првенствено, што до негде е добро, ама па и не е баш зор толку да те малтретираат кога си се запишал информатика и приоритет би требало да е програмирањето. Има и програмирање, и тоа ќе учиш многу. Да не раскажувам на големо, еве на овој линк имаш што се учи на смерот ИКИ на кој сум и јас. :D Најмногу студенти се запишуваат секоја година на овој смер заради атрактивноста, така што и конкуренцијата е голема и треба многу јако учење за да положиш.

    http://www.feit.ukim.edu.mk/fakulte...ski/informatika-i-kompjutiersko-inzhinierstvo
     
    На 20062006 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    Pussy Hunter фала ти многу за информациите, иначе за учење ќе си учам (што вика мајка ми па која друга работа имаш освен да учиш). Конкуренцијата мислам дека ќе биде се помала на овој смер бидејќи многу ќе се запишуваат на ФИНКИ. Преплашена сум многу иначе од почетокот и моето ново место на живеење.. па се надевам дека добар ќе ми биде почетокот :D
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    13.577
    Допаѓања:
    63.049
    Пол:
    Женски
    Дечки, ако има некој расположен од програмерите, ми треба една мала услуга од програмирање, ако е можно да се изнајде решение некако. Ако има некој некакви материјали, готови или било какви пример задачи, нека ме контактира. :?: :)
    Ми треба задача, од областа дводимензионално поле, која ќе биде применлива - на пример, решение за некој потег во шах или нешто слично, средена во Паскал.
     
  20. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    107
    Јас завршив трета година средно на информатички смер, и можам да кажам дека физиката ми оди и тоа многу, незнам зошто ама и имам многу мерак :rofl: . Уште во основна секогаш редев петки физика. А математика одвај да не одам на полагање па ми става двојче професорот. Можеби и математика би ја научила да имав повеќе време да седнев да учам зашто штом научив задача за 2 можам и за повеќе. Ама програмирањето некако не ми оди а може и да е до професорот незнам како оваа година извлеков 4 ама ништо не сваќам нити пак знам програма да направам. Ми се допаѓа многу тој предмет и сакам да бидам програмер (ако успеам се разбира) ама одвај да сватам нешто кога тој предава. А и ретко е он тука на часови си излегува на пола час со изговор имам нешто работа -.-. Па добро сега тоа не е важно него сакав да ве прашам на кој факултет да одам, на финки секако ќе имам многу конкуренција :worried:.