1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет за Електротехника и Информациски технологии (ФЕИТ)

Дискусија во 'Образование' започната од girl1985, 8 октомври 2010.

  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас сум студент на ФИНКИ в година ќе сум втора година, и најискрено на сите средношколци ќе ви кажам како стојат работите. И самите студенти што се на електро кажуваат дека не им обрнуваат многу внимание за математика, многумина што се една година поголеми од мене ми рекоа дека кога би биле тие матуранти би отишле на некој од новите смерови на ФИНКИ, бидејќи голем дел заглавиа со електротехника физика , па и математика 2. Јас познавам многу програмери од ИКИ смерот и постари излезени од ФЕИТ кои тврдат дека во нивното многугодишно искуство никаде не им биле потребни физика , електротехника и куп претешки предмети од електро што се редуцирани од новите програми на ФИНКИ и се заменети со математики во прва година и други покорисни предмети во погорните години. Бидејќи ФЕИТ информатичките смерови ништо чудно да одат под стечај одете си со време на ФИНКИ. Имам другари другарки шо од што лани немаше студенти на ФЕИТ иако примаа само 30 души на ИКИ влегоа без проблем со мн добри успеси на втор уписен рок. Сепак на ФИНКИ пола од професорите се од електро од ФЕИТ и пола се од ПМФ. Морам да кажам дека и критериумите и односот кон студентите и условите за положување се покоректни на оние професори што се од ФЕИТ. За сите лоши срани на ФИНКИ имам пишано во темата ЕКТС на форумов, па рочитајте. На ФЕИТ материјалот е потежок и нема мн да ви користи, ама ќе бидите посоодветно третирани, а на ФИНКИ е обратно, бидејќи на ФИНКИ одат мн студенти годинава се планирани 1200 бруцоши а од 700 и кусурот од лани што се запишаа добри 300 и нешто се откажаа или ќе презапишат година семестар и слично, сепак оваа генерација на матуранти сметатм дека на финки ке бидат посовесно третирани за разлика од нас првата генерација што бевме третирани како заморчиња, експериментални глувчиња. Па матуранти на вас е да одлучите сепак од двата факултети ќе излезите со знаење,ама како и секој друг занает така и програмирањето се учи со пракса со работа, а не со бубање. со среќа на сите! и поздрав до колегите од ФЕИТ што прават најубави БРуцОшКИ забави :D
     
  2. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Изводливо ли е студент од економски да упише постдипломски на Финки, конкретно Компјутерски мрежи и е-технологии, очигледно без програмерско познавање?
     
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Најискрено не знам, можи треба да одиш во ТМФ(Технолошко-металуршки факултет) во студенски прашања на ФИНКИ да си прашашаш, да не дојди до забуна голем дел од просториите на ТМФ ги држи ФИНКИ, мислам дека ке можи, ама не сум сигурна, знам дека од ФИНКИ можат да одат на економски ако сакаат да се занимаваат со е-бизнис дигитален маркетинг и слично, бидејќи ги знаат работите од технички аспект, па на постдипломски учат макетинг и некои други предмети, ама обратно не сум сигурна.
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Бејбиблонд, ти за една година ли стана експерт за сите факултети на цел УКИМ? Како прво, електро не ни има информатички СМЕРОВИ, имаше само еден смер академски и едни професионални што никој не им ни обраќа внимание( и веќе не ни постојат, затоа што според професорите на електро со 3 години не можеш да станеш инжинер). Сверовите на елетро не отидоа под стечај, измена на смеровите беше најавувана уште кога се запаишав јас на факултет, кога уште ФИНКИ не постоеше. ФИНКИ не е полесно од ФЕИТ, тука сите се излажаа, се затрчаа сите да се запишаат на ФИНКИ, заради рекламите со насмеани лица и поштено се зафркнаа, па сега одново се прва. И јас да се запишувам сега и да се запишувам информатика би се запишала на ФИНКИ, не затоа што ФЕИТ е тешко, туку затоа што ФИНКИ е факултет за информатика, а ФЕИТ е факултет за електротехника, енергетика, телекоминикации, автоматика... а јас не гледам како е можно да се изучуваат овие нешта без информатика. Друго, ти не можеш да се наречеш инжинер без познавање на електротехника и екетроника, џабе ти се флип-флопови и логики кола, ако не знаеш како е изграден еден флип-флоп. Тоа е разлика помеѓу инжинер и програмер. Програмерот ја гледа само надворешнота, а инжинерот ја знае и суштината и функцијата. Ако сакаш да си програмер - ќе идеш на ФИНКИ, ако сакаш да си инжинер - ќе идеш на ФЕИТ.
    Јас сега ќе бидам трета година на ИКИ, се запишав со математичко Б, без никакви предзнаења од математика и физика, па немав никакви потешкотии и нема да речам дека на ФЕИТ е тешко.
     
    На Avokado, joki-smoki и 20062006 им се допаѓа ова.
  5. Bananka

    Bananka Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    аиии па мене англискиот слабо ми оди едвај 2ка на тест вадам :worried: а математика мн ми оди а изгледа на овој факултет ќе треба англиски нели?
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Абе гледај сега, ти на факултетот не мора да учиш англиски, можеш германски, француски или руски, ама книгите по кои учиме подоцна повеќето се на англиски. Сега со преводите од влада некои ги има и на македонски, ама па од друга страна преводите се доста слаби, па многу полесно ќе се снајдеш во англиската книга. Ние имаме и слајдови од предавања кои се на англиски, и дури асистентите ни викаат ако ни е полесно може и на колоквиум на англиски да пишуваме. Ама ова ти е за програмерските смерови, сега на ФИНКИ што се веќе, сега за новите смерови не знам каква е ситуацијата, ама со оглед на тоа што се нови, некако пологично ми е да е на истиот принцип. Можеби пак професорите и асистентите да си напишале некоја скрипта како помошно помагало за студентите. Како е сега не знам, невистина не знам.
     
  7. sportistka1995

    sportistka1995 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    21
    А да прашам.. дали некој може да ми каже колку чини електро факултетот во Скопје? :/
     
  8. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Исто е на сите државни факултети, годишно 200/400 евра зависи дали си во државна или приватна квота. Плус уште толку за материјали, заверувања на семестри, уплатници и триста пропратни глупости.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Во однос на книги, трошокот ти е минимален. По ништо не си обврзан да купиш книга (освен по физика една укоричена скрипта). Сите други можат дасенајдат или на интернет или во библиотека. На тебе ти останува да купиш само некоја скрипта по потреба. Годиава имам дадено вкупо 240 денари за материјали плус по 4 денари за секоја вежба, стави ги по 10 денари неделно, ама нив не ги бројам.
     
  10. Saldana

    Saldana Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Девојки, да ве замолам за инфо за проектен менаџмент, постдипломски во смисла каков е начинот на полагање, строги ли се професорите, колкав процент успеваат да ги завршат, книгите колкави се и од кои автори (дали се странски или од самите професори?) и нешто слично. Никаде не можам да најдам збор два за смеров, сите форуми ги пребарав. Фала ви! :)
     
  11. Antonijaa

    Antonijaa Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    И јас планирам догодина да одам на овој факултет.Инаку сакам математика и физика.Сега во средно учам ПМ-А и супер ми оди,мислам не е проблем тоа.. :D Сакам да прашам дали има некој на смерот електроенергетика,управување и менаџмент? Некое искуство\мислење во врска со предавањето,професорите,испитите и слч..позз
     
  12. Diggout

    Diggout Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    Оди на енергетика, проблем ќе ти е само прва година, потоа е многу порелаксирано со песна да си одиш на факс. Моментално енергетиката е најперспективно тука.
     
  13. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Кога им завршува година на студентите?
     
  14. DespicableMe

    DespicableMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Девојки јас сум матурантка и сакам да се запишам на ФЕИТ на смерот Компјутерско-Системско Инженерство,Автоматика и Роботика(КСИАР).Имам висок просек но не ме бива за програмирање и страв ми е дека нема да успеам да го завршам.Што би ми кажале во врска со смеров?Дали се постигнува?(иако не си генијалец :D ) и некој совет во врска со учењето :D
     
  15. emerald.orchid

    emerald.orchid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    45
    Дали некој знае да ми каже нешто повеќе за смерот Компјутерски технологии и инжинерство (КТИ) ?? Што можеш да работиш подоцна со дипломата од овој факултет?И според вас кој смер тука е најдобар?Ве молам многу ми значи..
     
  16. emerald.orchid

    emerald.orchid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    45
    ???
     
  17. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Може го имаш видено, но сепак мислам дека ќе си најдеш одговор овде :) Според мене, од феит овој смер е најдобар. Зависи и од тоа за што сакаш да учиш.
     

    Прикачени фајлови:

    • аааа.jpg
      аааа.jpg
      Големина на фајлот:
      375,3 KB
      Прегледи:
      254
  18. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Девојки планирам да се запишам на ФЕИТ, но се двоумам помеѓу два смера: електроенергетски системи(ЕЕС) или електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија(ЕАОИЕ). Би можела ли некоја од вас да ми каже нешто повеќе за смеровиве? :D
     
  19. DimaAmid

    DimaAmid Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    0
    Луѓе се двоумам меѓу Телекомуникации и информациско инженерство
    (ТКИИ) од ФЕИТ и Мехатроника од Машински факултет...Што би одбрале вие? Некои ваши искуства од истите?
     
  20. lilipod

    lilipod Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    И јас размислувам за Телекомуникации, повеке информации некој да каже за овој смер, и што може после тоа да се работи?