Интернат повеќе нема. Не знам на кој смер сака да оди, но курсистите мислам дека имаат соби и ги користат. При уписот има државна и приватна квота. Се наоѓа во населба Идризово, на патот Скопје- Велес. Испити.. па нормално дека има испити Криминалистите имаат физичко вежби, а смерот БФК нема физичко вежби. Јас сум апсолвент на БФК, ама според мене Криминалистиката е подобар избор. Во прилог ти ја праќам и страната од факултетот, таму можеш поопширно да си прочиташ. Ако те интересира нешто повеќе слободно пиши ми. Поздрав http://www.fb.uklo.edu.mk/
Фала ти многу ни помогна страницата ,а само сакав и да те прашам дали тие соби мора да ги користи секој студент или може и да седи во друг стан?? Фала ти уште еднаш .. Поздрав..
Собите се наменети за курсистите како што пишав погоре, барем така мислам дека е сеуште. А студентите ќе си сместат во студентски домови или слично. Поздрав
Да ми каже некој доколку знае, кој студентски дом е најблиску до Идризово до факултетот...Бидејки не сум од Скопје а сум во план да се запишувам на овој факултет
Videte posto ova godina mi e posledna sakam da prasam nesto za ovoj fakultet.. dali ima matematika i dali ima vezbiii mislam trcajne ona ovaa ... i dali imaam sansi da me primat sive ovie cetiri godini sum so 3ka
Мислам дека имаш некои шанси ама само како вонреден студент,редовен нема шанси.Исто така треба да се распрашаш дали ке има упис оваа година зошто минатата немаше уписи на БФК.Инаку јас лично не би ти препорачала да се запишеш на факултетов..искрено врска нема со тоа што луѓево го мислат за факултетот од надвор,доколку се запишеш ке сфатиш што сум сакала да ти кажам, јас студирам на БФК и кога би се вратила назад не би се запишала..
Случајно некој да не знае испитни прашања што се паѓаат по предметот Вовед во психологија со Криминалистичка психологија??
Луѓе фаќајте патот на друго место при избор на факултет. Не ви го препорачувам најискрено. Исто како што погоре пиша членката, кога би го вратила времето не би се запишала на овој факултет.. И да точно е, нема секоја година уписи.. по потреба на кадар го пуштаат смерот. Се прашувам само каква потреба кога има дипломирани на рака да ги изброиш во споредба со тие што сеуште не се дипломирани. Тие дипломираните не се ни вработени, или пак работат сосема нешто екстремно различно од ова што не учат на факултетов. Мој совет, да имате прилика да се запишете не се запишувајте се додека не бидете сигурни дека ќе имате позади вас грб со врски кој ќе ве води ни факултетов, во спротивно тешко ви се пишува.. Поздрав
Јас сега ќе сум 4та година средно. До сега во средно сите 3 години поминав 5.00. Размислував за овој факултет,поточно за овој смер, и се подразмислив малку.. Се двоумам дали таму да одам, дали да размислувам за друга опција.... Незнам Помогнете ми, дадете некоја плус информација. Прочитав некаде дека за овој смер нема физички вежби така? Кои други предмети ги има? На кои предмети да обрнам највеќе внимание сега во 4та година? Инаку сум смер Општествено А. Ви благодарам однапред.
Дали има разлика ако одам на факс за безбедност.. Или можам преку конкрус? И што е подобро правен или криминалистика
Од мала сум сонувала да бидам сообраќајец,џандар или полицаец незнам како точно се вика но подетално е дека сакам да стопирам на улица од секогаш сум го сакала тоа. Но проблемот е што не се разбирам скоро па ич дали треба да одам факлутел или нешто друго. Имам 17 години и наредната година завршувам па ако некој знае како одат тие процедури колку треба да сум физички спремна нека го сподели своето мислење или искуство. Ви благодарам
Здраво Темава ја видов сега од причина што сега и ми е најпотребна. Завршувам средно годинава и никогаш претходно не сум била во волкава заблуда. Не знам што понатаму. Ме интересира криминалистика, но не знам колку е правилно да се запишам на овој факс па и со овој смер единствено поради тоа што учам и не се заебавам со тоа, сакам да си изградам иднина, а не знам колку ќе може да се случи тоа на факултетов со денешнава ситуација во државава Мајка ми па воопшто не ме поддржува за факултетов. Дали имате не толку оддамнешно искуство и би сакале да споделите вие?